Фан Клуб: Баерн Минхен

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Абе може и да е возбудливо, може и на пенали да оди, може и да изиграат два одлични натпревари они а ние на среќа, може и да ги згазиме поштено, може со гол на гости бла бла бла... Само на крајот ние одиме за 1/4 финале толку „знам“.

http://www.tz-online.de/sport/fussball/fc-bayern/fcbayern-muenchen-gustavo-kommt-geht-dafuer-klose-tz-1051959.html

Новости околу Густаво: ТЗ јавува дека Хенес и Хоп лично се договориле за сума од 10 милиони + Клосе. Клосе веќе ги запишал децата во школо во близина на Хофенхајм. Договорот на Миро истекува летово и да не се кажеме нема да се продолжи (некои 5-6 милиони заработува, само пари цица) а овој трансфер би му дал шанса да изигра уште некоја година на високо ниво и плус Хофенхајм е блиску до „неговиот“ Кајзерсалутерн (а ФЦК нема пари да му ја плаќа платата затоа Хофенхајм има смислам како трансфер).

Одлична идеја ако го истоварат Клосе, само тогаш би сакал млада перспективна замена за да не мора Милер стално наред кога ќе е повреден Гомез. Ко Гереро на времето што беше џокер. Бендтнер нели беше во муабет да се носи - како резерва мислам дека би бил тамам. Не би мрчел и да седи на клупа а ако има проблеми во тимот со повреди има кој да го замени Марио „еден-на-еден“.

А вБомел би си отишол за да го фати ЕП 2012 во Полска и Украина. Сега му нудат договор Волфсбург и ова му е шанса. Ако не ја земе, ние тешко ќе продолжиме а и Марк тешко ќе најде друг клуб во Германија што ќе го плаќа летово па веројатно ќе мора да се врати дома да игра „мал фудбал“. Оваа идеја ин џенерал ми се допаѓа само да не предизвика големи пореметувања зш е на сред сезона ми е страв... Инаку со Густаво и Тимо би имале доличен квалитет на таа позиција тое нема да е проблем.

А и уште ова: Бејнс важел за „мамина маза“ (живее на 15 мин од мама сеа) и дури се шпекулира дека намерно не одпатувал за ЈАР на СП зш го мавале депресии, носталгии и такви срања далеку од дома. Така да тешко него да го видиме надвор од Ливерпул. Густаво би бил замена и за Контенто и алтернатива за централна дефанзива ако доаѓа.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Грешка си.... Првите натпревари се играат на 15/16ти Февруари, а реваншот 15/16ти Март
Не не убаво си пишал. Поделени се од лани натпреварите во 1/8 финале на 4 термини место на два, значи се играат првите натпревари во две недели па исто и реваншите.

Инаку Алијанц е веќе распродадена за реваншот (за 4 саати било се продадено).
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
luiz_gustavo_345x468.jpg

Копилево од тоа што се сеќавам воопшто не игра лошо.После оној Карлос Едуардо што си отиде летово,овој е најбољи играч на Хофенхајм.

Незнам,само тоа што е бразилец неможе да е промашај голем.Е сеа мислам дека овој ќе ни биде ТОП засилување.

...........Крос/Швајни.............Луис Густаво............
Робен................Швајни/Милер..................Рибери
.............................Гомез.....................................

Ова е ТОП средина и напад!!!!

Останува уште одбрана,барем покрај Луис Густаво уште еден дефанзивец бек/централен и Интер,жал ми е,ама нема одбрана на титула(ако нешто се надевале)

п.с.

Иако мислам дека боље е Тимо и Крос да играат во средина,Швајни централно,а Луис Густаво може како лев бек!

Мислам дека Тимо ќе даде уште поголема цврстина во дефанзивата,мада реално Ван Гал не преферира копачи!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.331
Поени од реакции
15.592
Грешка си.... Првите натпревари се играат на 15/16ти Февруари, а реваншот 15/16ти Март
Не не убаво си пишал. Поделени се од лани натпреварите во 1/8 финале на 4 термини место на два, значи се играат првите натпревари во две недели па исто и реваншите.

Инаку Алијанц е веќе распродадена за реваншот (за 4 саати било се продадено).
Не сум грешка, а за Баварец што кажа не знам дали е поради тоа, но Интер и Милан завршија на второ место, така да и двете екипи првите натпревари ги играат дома, а правилата ги знаете. Така да, Интер игра една недела покасно со Баерн :)
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Не сум грешка, а за Баварец што кажа не знам дали е поради тоа, но Интер и Милан завршија на второ место, така да и двете екипи првите натпревари ги играат дома, а правилата ги знаете. Така да, Интер игра една недела покасно со Баерн :)
Да нема забуни - заради пари е :smir: Вака УЕФА собира уште повеќе од ТВ права и преноси и маркетинг зш повеќе натпревари може да одат во живо.

--- надополнето ---

Прегледај го приврзокот 38051

Копилево од тоа што се сеќавам воопшто не игра лошо.После оној Карлос Едуардо што си отиде летово,овој е најбољи играч на Хофенхајм.

Незнам,само тоа што е бразилец неможе да е промашај голем.Е сеа мислам дека овој ќе ни биде ТОП засилување.

...........Крос/Швајни.............Луис Густаво............
Робен................Швајни/Милер..................Рибери
.............................Гомез.....................................

Ова е ТОП средина и напад!!!!

Останува уште одбрана,барем покрај Луис Густаво уште еден дефанзивец бек/централен и Интер,жал ми е,ама нема одбрана на титула(ако нешто се надевале)

п.с.

Иако мислам дека боље е Тимо и Крос да играат во средина,Швајни централно,а Луис Густаво може како лев бек!

Мислам дека Тимо ќе даде уште поголема цврстина во дефанзивата,мада реално Ван Гал не преферира копачи!
Абе нека има осет ебате вГалот ебате - некогаш подефанзивно е ок - на пример со Тимо и Густаво лево, а некогаш треба со полна пареа напред па нека биде со Контенто, Кроос и Швајни... осет за ситуација мора да знае да покаже он се сака со истите цело време и за секоја ситуација.
 
P

PoisonLady

Гостин
АКо речам дека многу се радувам што ги добивме Интер-ќе излажам...јас сеуште имам траума од 22 мај и откако попладнево го дознав противникот не можам а да не мислам на...
Сепак многу работи се сменети од тогаш и кај нив и кај нас ама некако не сум 100% оптимист.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Ццц... и пара-олимпијциве од Хамбург можат да победат во Гладбах а ние успеавме да им поклониме бод :tapp: Колку непотребни вакви срања се случија сезонава само само сами сме си криви...
 
коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.547
Поени од реакции
9.457
Со Интер, ако се корегира со еден дефанзивец, со Густаво и да нема повредени миниме речиси сигурно.

Ако се опорави Сателмаер или како се вика другиот голман не гледам причина зошто да не го позајмиме Крафт некаде. Оти имам чуден осечај дека ако Демикелис си замине, нема да се донесе друг дефанзивец, него Хас ке биде промовиран во првиот тим.:kesa:
 
Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Аааааа ќе има колективно урлање со интерашиве негде.Само да најдеме местенце.Иначе добро рече Syn нека си бираат они за домашен терен,ние втората ќе бираме. Иначе како и повеќето и јас имав осечај дека Интер ни паѓа.

А Луис Густаво лани го следев повеќе пати и ми остави обар впечаток,оваа сезона послабо го имам гледано,незнам како би се вклопил кај нас.
 
Ќе биде екстра утакмица.Плус сто посто ќе ја даваат на Канал 5!

Иначе во однос на играта,по мене од утакмица одиме на се подобро!Иако многу мислат дека сме тапа гледајќи ја табелата Бундес,опасно се лажат.

Играме како лани а и поискусно.Најголем проблем на стартот по мене беше мотивацијата и уморот.

Сега веќе пак се враќа стариот лик од прошлата сезона,со тоа што Рибер игра одлично,а и Робен се враќа!
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
ЛВГ за Робен: „На секој тренинг дава 100% бла бла... Вистински пазник е за целиот клуб што се врати бла бла..“ и важниот дел: „Се надевам дека првиот натпревар од вториот дел на сезоната со ВФЛ (15ти Јануари) ќе може да одигра 15тина минути“ :vozbud: Значи ако се оди како треба (дај Боже да оди) тамам за со Интер ќе е фит. Е сега нема теорија да е „стариот“ Робен до крајот на Февруари ама доволно е само што ќе е во прв состав. Еден генијален момент е се што е потребно во оваа фаза.

За утре сите претходно повредени се вратиле на тренинг. Значи и Гомез ќе може да игра. Прашање е кој ќе го замени Кроос. Отсуствуваат сеуште и Прањо и секако Робен и Олич.

Варијанта 1 би било:

------------Бут
Лам--Тимо--Брено--Диего
----вБомел--Хамит
Милер--Швајни--Рибери
----------Гомез

Варијанта 2:

------------Бут
Лам--Мичо--Брено--Диего
----вБомел--Тимо
Милер--Швајни--Рибери
----------Гомез

Варијанта 3 (нема да се случи мислам, ЛВГ примети сеа дека Швајни централно офанзивно игра топ во тандем со Гомез па да го повлече пак назад не ми се верува):

------------Бут
Лам--Тимо--Брено--Диего
----вБомел--Швајни
Хамит--Милер--Рибери
----------Гомез
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom