Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.357
Поени од реакции
21.873
Честито победа, малку среќно но нема тука замерки, на крај се битни бодовите. Гледам дека 30то коло ќе биде пресудно. Дортмунд со минимална предност поред мене пошто игра дома и ретко губи годинава. Значи Баерн не да мора по секој случај да тепа, но би било екстремно важно. Искрено не верувам дека со Гладбах и Шалке ќе остави Дортмунд бодови. Шалке е каша назад тоа му лежи на Дортмунд ама и Гладбах малку паднаа во форма и Ројс сигурно нема на својот иден клуб да му ја уништи титулата ;)
 
M

Mario Gómez

Гостин
Честито победа, малку среќно но нема тука замерки, на крај се битни бодовите. Гледам дека 30то коло ќе биде пресудно. Дортмунд со минимална предност поред мене пошто игра дома и ретко губи годинава. Значи Баерн не да мора по секој случај да тепа, но би било екстремно важно. Искрено не верувам дека со Гладбах и Шалке ќе остави Дортмунд бодови. Шалке е каша назад тоа му лежи на Дортмунд ама и Гладбах малку паднаа во форма и Ројс сигурно нема на својот иден клуб да му ја уништи титулата ;)
Што бе незаслужено или среќно, цел натпревар имавме иницијатива и чист гол од офсајд ни поништија... две стативи...

А за Дортмунд дека нема да киксне против Гладбах и Шалке кои се борат за директен пласман у ЛШ друг да кажеш... Шалке имале слаба одбрана, а вашата многу јака е?Шалке се јака екипа, имаа слаба вечер со Билбао, со вас дербито нема да пропуштат да помогнат и да ви ги намалат шансите за титула, исто и Гладбах. А 100% нерешено или губите наредно коло од Магатов Волфсбург, моментално се во топ форма... Имате тежок распоред, но имате среќа што ние имаме потежок вкупен распоред и меѓу тие дуели треба да играме два претешки натпревари со Реал Мадрид, инаку сигурен ќе бев во титулата.

Дечиња сте, ќе потпаднете под притисокот, ќе излези Хенес сеа со два-три mindfuck интервјуа и бај бај титула игорче. :)
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
значи вака ... до сеа Дортмунд си е прво и тоа заслужено. Останува на нас дали ќе си ја заслужиме титулата или не.
И глеај уназад , ма дај не тресете глупости за Ноер , арно викаат за голман никој не ти ги памти најдобрите одбрани туку сите ти ги памтат киксовите ... зошто никој не пиша некна за одбраната со Марсеј на 0-0 ??? шо сеедно ли ќе беше ако не поведеа 1-0 ?? демек не знаете дека после Кан секој голман у Баерн едноставно се сруши од притисокот, а не од другите фактори. Ноер е еден од најдобрите голмани во светот, ако не и најдобар... тоа го кажуваат светски стручњаци па и самиот Кан... немој некој да ми се праел експерт па да ми рече Кан вака Кан нака кога имаше 25-26 год, врвот на Кан беше после 30ката така да дајте му време на човекот, јас воопшто не сумљам дека Ноер е правиот наследник на Кан.

Пречесто се кикса, она што го пиша духот е точно плус според мене премногу несигурен кога боксува. Добар - да. Најдобар на свет - not yet.

Инаку дека е млад и има време дефинитивно. Има време и сезонава да се покаже, ако не извади да речеме со Дортмунд или со Реал симнувам капа.

Ама сега за сега сезонава на Ноер ќе ме асоцира Гладбах :mad:

За еден месец 8 натпревари од кои 2 против Дортмунд, 2 против Реал... И после тоа финале на ЛШ на 19ти :D

Против Аугсбург и Марсеј нејќам ни Робен ни Рибери да ги видам нека копаат Прањич и компанија таму за 1-0 дома два пати и ич не ме боли уво...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.982
Поени од реакции
5.594
Ван Гал е добар тренер,фората е што ван гал не одстапува од својата филозовија....Он е тренер со филозофија,кај него нема прилагодување.

А со неговата филозофија,ти требаат чави иниеста фабрегас пирло снајдер чави алонсо кака озил за да се спроведе тоа он што го сака....

Со неговата филозовија ти треба тиаго силва во одбрана,а и он да биде пак ќе примавме голови...Кај Ван Гал средината е кључот а со Ван Бомел и Тимо во средина таа тактика е осудена на пропаст...Често се губеа топки и секоја изгубена топка значеше 70 посто гол за противникот.

Сега целата одбрана и задњите везни се повлечени поназад....Рибери до последните 30 метри од наш гол трча во одбрана кога треба,сосема е поинаку!
Како може еден тренер да биде добар ако не е способен да извлече максимум од своите играчи. Заеби филозофии, не се работи за тренер на Вардар.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Како може еден тренер да биде добар ако не е способен да извлече максимум од своите играчи. Заеби филозофии, не се работи за тренер на Вардар.

Па сеа да бидеме реални од Ван Бајтен Демикелис незнам уопште дали може максимум да се извлече...Толку знаеа дечките...Проблемот беше што не се купија уште тогаш по соодветни играчи.Иначе за максимум ако сакаш да збориме,Швајнштајгер и Томас Милер ги направи светска класа играчи...Швајни да не дојдеше Ван Гал ќе си умреше со незнаење дека е екстра играч а не просечен каков што беше претходно...Бадштубер денеска е стуб во одбрана,Ван Гал го фрли во оган....

Такада за тоа неможе да се рече ништо,германскиот фудбал во глобала треба да е благодарен за доаѓањето на Вал Гал во Германија....Баерн втората сезона заради таа преголема доверба во така млади играчи и не купување на играчи трпеше голема штета,ама факт е дека денес имаме 3ца носечки играчи во тимот од негово време.

Со Ван Гал утна и управата многу....Се залетаа со купување на играчи како Тимошчук и Гомез кои не му одговараат во неговата тактика и филозофија...И после он беше крив што не ги играше....Среќа што под Хејнкес си го најдоа местото....

Иако и Ван Гал тоа што го купи испадна фејл,само незнам колку пари имал на распоалагање(освен Робен кој за воља на вистина Реал го избрка)
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
требаше да си го зееме Демба Сисе како замена за Гомез за едно 10 милиони парче праи во Англија
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Со Марсеј лагано,само без циркузи,контрола над утакмицата 1-0 и да ја затвориме...Гомез може да се одмара Лам...Пак некоја ротација ама помала,не ко со Нинберг,ипак е ЛШ иако на домашен нема кај да мрдаат марсеј...
 
M

MrzaRules

Гостин
Робен потпишал нов договор до 2015 според билд....колку е точно незнам сооглед дека е 1 Април
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Робен потпишал нов договор до 2015 според билд....колку е точно незнам сооглед дека е 1 Април

Тоа е за утрешното издание на Билд,а утре е втори такада тоа е чиста вистина...и вака и така се знаеше тоа!!
 
G

_Ghost_

Гостин
Не е заебанција, вистина е. Кај го пуштаат да замини во цутот на кариерата.:)
Само очекував да има повеќе натегање, не колку со Рибери што беше, тоа беше епско, и траеше година и пол, ама сепак релативно брзо ја решија работата.(y)
 
M

MrzaRules

Гостин
абе дали е за утре дали за другиден ја сега го видов објавено....али ако е точно тогаш и сити и таму другите нека сисаат
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Абе каков Сити,какви бакрачи,нема мрдање....Свесни се од управа каков играч,а и плус пуни пари,што им е проблем да му опнат јак договор....
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.154
Поени од реакции
25.767
Spored "Süddeutsche Zeitung" transferot na Dante vo Bayern veke e dogovoren, za nekade okolu 5 mil.evra.
 
M

MrzaRules

Гостин
зошто на официјалната страна нема ништо за продолжувањето на договорот на Робен..или па ја не гледам
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
зашо нишо не е официјално според билд после утакмициве ќе потпишел договор некаде на средината или крајот на Април абе како и да е незнам што се замарате Робен ќе остане 100% се што имапе некои изјави беше само покер ова она да плата. Данте исто така уште нема нишо официјално а скоро сите медиуми рекоа дека сигурно ќе потпише за Баерн очекуваме уште официјално да кажат нашиве или Гладбах
--- надополнето: 2 април 2012 во 17:07 ---
иначе според португалциве ќе сме понуделе 20 милиони за Гајтан
http://www.calcionews24.com/benfica-offerta-dal-bayern-monaco-per-gaitan.html

тапа шпекулација едноставно нема шанси ова ко прво неверувам дека пак би преговарале со Бенфика за некој играч а и самите Бенфика и за овој ќе бараат некоја овца за да му извадат 30-40 милиона
 

Kajgana Shop

На врв Bottom