Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Дечки, ај сега малку сериозно. Каде се документите за регистрација на нови членови? Блејз... што направивте тогаш со Дарко? Прашувам затоа што пред некое време ме контактираа за тоа 5-6 луѓе, еве вчера и денес пак...не знам кај да ги упатам/што да им речам.
Цело време зборевме со Даре ама на крај мислам забораив да му ги предадам.

Ништо соберете се, еве Цирих реваншов релаксирано ако сакате, земи им ти податоци па јас ќе ги внесам здравје кога ќе дојдам.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Значи не сте тачни што плукате по Гомез...
Ја бев од тие што го бранеа кога дојде,дека ќе му треба време,дека Ван Гал заебава ова она.

Лани беше најдобар стрелец во Бундес и тоа е екстра супер,ама се повеќе е очигледно, поготово за ЛШ дека да имавме еден Хулк на пример од Порто,технички страшно поткован,брз и снажен напаѓач дека далеку повеќе ќе профитиравме и дека во комбинација со Робери би биле страшни како екипа!

Гомез некако не успева да ја искористи генијалноста на Робен и Рибери...
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Ја бев од тие што го бранеа кога дојде,дека ќе му треба време,дека Ван Гал заебава ова она.

Лани беше најдобар стрелец во Бундес и тоа е екстра супер,ама се повеќе е очигледно, поготово за ЛШ дека да имавме еден Хулк на пример од Порто,технички страшно поткован,брз и снажен напаѓач дека далеку повеќе ќе профитиравме и дека во комбинација со Робери би биле страшни како екипа!

Гомез некако не успева да ја искористи генијалноста на Робен и Рибери...
Не викам дека Хулк можда не би бил подобар од Гомез,ама после титулата за најдобар стрелец во Бундес мислам дека нема место за плукање.

Иначе да и јас сум за некој напаѓач од калибарот на Хулк,побрз и технички поспретен за да многу подобро се вклопи со Робери,ама моментално го имаме Гомез и тоа е тоа.

ПС: Јас од дамна сум за формација со двајца напаѓачи Милер Гомез,ама умре тоа време со таква формација.Едноставно мора да ја имаш средината што позгусната,во спротивно можноста да примиш петЧе од големите екипи е мвогу веројатна.
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
како иде зачленувањево во фан клубот ?
Па моментално ти пиша имењаков погоре дека нема да може додека не се врати од Германија,затоа што кај него останаа списоците:mad:.Иначе списоците се пратени од Минхен мислам дека треба минимум 25 членови за да се формира фан клуб(моментално сме многу повеќе) Ко ќе се врати сите нови членови ќе треба да го потполните формуларчето со име презиме место на живеење и.т.н и да се прати повторно во Минхен ми се чини.

Доколку не си знаел уште лани ми се чини беше,официјално се имаме регистрирано како Фан клуб од Македонија:)
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.203
Поени од реакции
25.961
Жална вест: Петрич нема да игра утре против нас :D
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
Па моментално ти пиша имењаков погоре дека нема да може додека не се врати од Германија,затоа што кај него останаа списоците:mad:.Иначе списоците се пратени од Минхен мислам дека треба минимум 25 членови за да се формира фан клуб(моментално сме многу повеќе) Ко ќе се врати сите нови членови ќе треба да го потполните формуларчето со име презиме место на живеење и.т.н и да се прати повторно во Минхен ми се чини.

Доколку не си знаел уште лани ми се чини беше,официјално се имаме регистрирано како Фан клуб од Македонија:)
епа не сум знаел ај коа ке дојде да се договориме да потполнам и ја формуларче ова она....
 
P

PoisonLady

Гостин
Мора малку да се плукне по Гомез од проста причина што кога ќе играме против бомбастични екипи Гомез нема да има 10 одлични шанси за гол...едвај ќе има 2 а со неговата (не)ефикасност тоа може многу да не' кошта. Затоа плукнав по него (да, и затоа што има без врска фризура) :D
 
Член од
17 август 2011
Мислења
83
Поени од реакции
46
Gomez ne treba da se pluka ednostavno so Cirih ne mu bese denot da se nadevame deka i ovaa sezona ke bide kako lani i ce dade pak 30 gola
 
M

Mario Gómez

Гостин
Изгледа дека Тимо е незадоволен и ќе оди во Русија.

Имаме добри шанси за Монтоливо. Ако успееме со жабаров би имале страшни опции у средина.

На пример против тим со јака средина како Реал и Барса може.

-Gustavo-​
-Schweini-Montolivo-​
-Robben-----------------Ribery-​
-Gomez-​

--- надополнето: Aug 20, 2011 10:37 AM ---
И така со Видал не успеа, можи да бркнет нешто последниве денови. Играч во средината во најдобри години добро би ни дошол. Швајни, Кроос, Густаво и Монтоливо. Страшни опции.
--- надополнето: Aug 20, 2011 11:10 AM ---
Инаку незнаев дека Монтоливо е пола германец, збори чисто германски, има германски пасош и има фамилија со северна Германија, т.е во Киел.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.203
Поени од реакции
25.961
Во четвртокот Тутуспорт објави за интерес на Баерн за Монтоливо, денес и Газета дело Спорт објави дека Баерн бил спремен да даде 10 мил.евра за него. И Милан е заинтересиран за него но спортскиот директор на Фиорентина кажал дека или ке остане Монтоливо уште една година или во странство ке оди, ист случај како со Видал што беше, од Леверкузен кажаа или ке остане Видал уште една година или ако си оди да оди само во странство, сега и Милан во иста ситуација се најде како Баерн пред неколку недели.
--- надополнето: Aug 20, 2011 11:28 AM ---
Управата на „виолетовите“ соопшти дека не планира да го продаде Монтоливо на шампионот на Италија, за кого е заинтересиран и Баерн Минхен.

Панталео Корвино, директорот на калчолигашот Фиорентина призна дека неговиот клуб ја одбил понудата од Милан за Рикардо Монтоливо. Тој изјави дека репрезентативецот на Италија нема да биде продаден на ривал од Серие А, со што ја отвори вратата за можен трансфер на Монтоливо во редовите на Баерн Минхен.
Сегашниот договор на Монтоливо со Фиорентина истекува следното лето и клубот се соочува со дилема дали да го продаде сега или да ризикува да го загуби без никаков надомест следното лето.

Според Corriere dello Sport, интерес за играчот има од Баерн Минхен, кој наводно подготвува понуда од десет милиони евра за Италијанецот.

od kurir.mk
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Уффф со Монтоливо ќе имаме страшна средина!!

Густаво-Швајни-Монтоливо

Мене овој трансфер ми изгледа многу реален,и очиглегдно Тимо чека на негова реализација,за да добие зелено светло да оди во Русија!!!

Браво за управа ако го реализираат ова!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom