Во четвртокот Тутуспорт објави за интерес на Баерн за Монтоливо, денес и Газета дело Спорт објави дека Баерн бил спремен да даде 10 мил.евра за него. И Милан е заинтересиран за него но спортскиот директор на Фиорентина кажал дека или ке остане Монтоливо уште една година или во странство ке оди, ист случај како со Видал што беше, од Леверкузен кажаа или ке остане Видал уште една година или ако си оди да оди само во странство, сега и Милан во иста ситуација се најде како Баерн пред неколку недели.
--- надополнето: Aug 20, 2011 11:28 AM ---
Управата на „виолетовите“ соопшти дека не планира да го продаде Монтоливо на шампионот на Италија, за кого е заинтересиран и Баерн Минхен.
Панталео Корвино, директорот на калчолигашот Фиорентина призна дека неговиот клуб ја одбил понудата од Милан за Рикардо Монтоливо. Тој изјави дека репрезентативецот на Италија нема да биде продаден на ривал од Серие А, со што ја отвори вратата за можен трансфер на Монтоливо во редовите на Баерн Минхен.
Сегашниот договор на Монтоливо со Фиорентина истекува следното лето и клубот се соочува со дилема дали да го продаде сега или да ризикува да го загуби без никаков надомест следното лето.
Според Corriere dello Sport, интерес за играчот има од Баерн Минхен, кој наводно подготвува понуда од десет милиони евра за Италијанецот.
od kurir.mk