За мене ќе остане најлегендарниот менаџер, револуционерот, за се што направи, не само на резултатски план, општо за клубот.
Немам јас некои големи замерки за неговата работа, освен за последниве 2-3 години, последниве беа залудно потршоено време и за него и за клубот. Успешните години, непобедливите, транзицискиот период кога со оној тим и финасии правеше да имаме стабилен топ4 клуб со одлични млади играчи и фантастична игра, некако кога се понадевав дека ќе ни тргне со Озил и Алексис запна работата, Венгер не се снајде во новиот фубалски свет на стомилионски трансфери, тешко му беше дури и млади таленти да наоѓа, веќе го имаше изгубено компасот, ни сам не знаеше што сака, дали млад надежен тим, дали изградени играчи, па на крај ни едното ни другото не испадна.
Но ќе ги заборавиме овие две сезони и проблемите, особено ако и оваа ја крунисаме со трофеј, и ќе го памтиме само доброто, сакам да го гледам другата сезона горе во ложата како гостин, како навивач ако биде пензиониран, а ако продолжи во друг клуб, му посакувам успех и уште еден голем трофеј