Ве читам и се чудам... што да направеше Венгер? немаше на клупа ниту еден играч од средина (освен Росицки), а ние во средината паднавме откако излезе Диаби.
Значи кој е крив за поразот? Професионален фудбалер што зема 65000 фунти неделна плата не смее да си дозволи да изреагира така кога знае дека за тоа се дава чист црвен... Тоа над него беше фаул меѓутоа тоа не ја оправдува реакцијата на Диаби, незнам како не разбирате, он како професионалец МОРА да игра за тимот, после натпревар нека го шутне нека напраи нешто ама уште кога го исклучија Диаби и кога видов дека Скилачи ни е у одбрана знаев дека ќе биде тежок крајот.
Другиот кривец е Дауд, какво копиле е уште неможам да сфатам, црвениот на Диаби си беше поштено даден НО, за потполно ист старт требаше Нолан да биде казнет исто со црвен картон. Друго пеналите, такви пенали во англискиот фудбал не сум видел, Лоџикс кажа дека првиот имало контакт, кој контакт бе друже погледни ја снимката уште еднаш, па јас да бев на местото на Бест немаше да паднам од тој контакт, не верувам дека некој би паднал од тој контакт, Кош само го туркаше со тело, не употреби раце а најмалку го сопна... Вториот имаше многу повеќе елементи за пенал од првиот поради тоа што Росицки малце го оттурна со раце играчот на Њукасл меѓутоа и ваков пенал се суди еднаш во 40 ситуации нормално од Дауд.
Заклучок, вината е кај Дауд и кај Диаби па и кај другите играчи од тимот ама не кај Венгер.
Некој да ми го кажеше сценариото пред натпреваров, манчестер губи ние земаме бод ќе ми беше ок, меѓутоа после такво прво полувреме и тоа како ме боли што на крај само бод земавме. Тим од нашиот калибар не смее да си дозволи да биде така притиснат од Њукасл и да прими 4 гола за 19 минути па макар било и со 10 играчи, да не беше Шчезњи дури и ќе загубевме. Едноставно игравме премногу лошо по исклучувањето на Диаби и не успевавме да сврземе повеќе од 5 додавања.
Скилачи е кловн = К Л О В Н
само Џуру да не е повреден, искрено ако е повеќе би сакал оној Игнаси Микел да му се даде шанса, неможе да изигра полошо од Скилачи.
Друга работа, Росицки да си ги пакува куферите под итно.
и уште неможам да сфатам како прокоцкавме 4 гола, дури ни со 4 гола предност не сме сигурни веќе.
И да, многу лошо играме кога сме притиснати и кога противникот ни игра пресинг, неможеме топката да ја изнесеме како што треба, истото беше со Евертон еден период, еве сега со Њукасл а имаше и други исти случаи посебно со Барса прво полувреме...Мораме да го подобриме тоа иначе сите тимови ќе почнат пресинг да ни играат наместо да се бранат а тоа за нас е меч со две острици пошто имаме феноменален Скилачи во одбрана.