Капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас изјави дека неговиот тим влегува со страв во големите натпревари и затоа често тие натпревари ги завршува со наведната глава.
"Разликата на натпреварот против Јунајтед беше тоа што ние се плашевме од пораз, но тие не се плашеа од победа" - вели Фабрегас.
"Тоа беше голема разлика која беше во нашите глави. Понекогаш изгледаме исплашено од губење во големите натпревари. Не напаѓаме вистински, се повлекуваме назад и чекаме да видиме што ќе направи противникот.
Нашите шанси за победа ги проценуваме на начин што гледаме колку се добри тие тој ден, наместо ние да ги нападнеме и да им создадеме проблеми во одбраната".
"Нивната самодоверба доаѓа од фактот што тие цела сезона немаа пораз. Тоа сигурно е голема ментална инекција. Се повеќе сфаќам дека во фудбалот се е прашање на самодоверба и ментална сила".
И покрај поразите од Челзи (0-2) и Манчестер Јунајтед (0-1), Фабрегас сепак верува дека Арсенал има сили да се бори за титулата до самиот крај.
"Веќе ги одигравме сите натпревари против главните конкуренти на гостински терен. Сега сите тие мораат да дојдат на Емирати, а знаеме дека дома можеме секој да го победиме. Тоа ни дава голем поттик и самодоверба" - заврши Фабрегас.
Причината поради која не верувам во успех над Челзи, а помалку од Јунајтед во мечевите на Емирати..... Се сложувам, за слабата ментална сила, кое се разбира е цена на неискоството, но доколку се победи еднаш некоја голема екипа, ќе тргне на горе... Сигурен сум...
Но, не сум сигурен, дека Арсенал ја достигнал психолошката зрелост, и затоа немојте да се надевате на голем успех против Челзи, понеделник... Се со цел да не се разочарате... Надевајте се на малку, за да добиете многу... Поговорка, која за жал, кај нас, неколку години не функционира