Читав некоја статија негде преге, некој блог случајно, дур бев на кафе на телефон и вика: Една од опциите со ситуацијата на Ван Перси е и тоа да Тој потпише нов договор, со тоа што Арсен Венгер ќе му вети дека ќе го пушти наредната, па и двете странки да бидат задоволни. Имено, се зборува дека Венгер јасно ставил до знаење дека нема да го пушти Ван Перси и дека го смета за наредната сезона, но поради ситуацијата го изоставил од подготовките за Азија. Доколку, Ван Перси ја изигра и оваа сезона, наредната како слободен агент може да замине во друг тим, без оштета. Но, доколку потпише нов 2 годишен договор, и Венгер му вети дека ако сака да си оди, ќе го пушти, тогаш и двете странки се во добивка. Едниот, зема процент од трансферот, а и добивката на Арсенал би била поголема, бидејќи играчот би имал уште 2 годишен договор. Наводно, татко му дал капар за купување на куќа во Манчестер, но пред 2 дена понудата била поништена, точно од таткото на Ван Перси. Се зборуваше дека понуда од 25 милиони фунти, би го задоволила Венгер, па Сер Алекс сакаше да испрати токму таква понуда, но сето тоа падна во вода, кога раководството јасно стави до знаење дека сакаат да го задржат Ван Перси по секоја цена.
До сега го барав изворот, ама никако да го најдам. Случајно, рандом го најдов. Некој линк веројатно по твитери или фејсбуци.
Шо мислите ? Валидно е вака ?
--- надополнето: 27 јули 2012 во 02:44 ---
Ако продолжиме да чекаме сите играчи како Росицки да ни се опоравуваат од повреди што ги добиваат нон-стоп и сезонава ништо нема да направиме доколу дојде Санти не гледам во првиот тим место за Росицки плус и Вилшер ке се опорави и Диаби е тука... Читам дека можеби Хулио Цезар од Интер ке дојде кај нас на фри трансфер доколку би дошол што мислите кој ке биде тогаш прв голман во тимот јас лично би сакал Војче ама и Цезар е неверојатен голман. Се на се очекувам со ваквиов активен трансфер пазар да се бориме за титула нареднава сезона
А па, демек Казорла многу здрав е ? Две повреди по 6 месеци и една од 9. Повеќе време е во болница, од колку на терен. Во 2003/2004та, едвај одигра 5-6 меча за Виљареал, цела сезона. Подоцна, во 2005/2006 кога Виљареал стигна до полуфинале на ЛШ, се повреди во јануари и не се врати назад. 2009/2010, се повреди летото и го пропушти стартот на сезоната и изигра се на се околу 20 меча.
Не ме заебавај дека Казорла е челичен. Почесто се повредва од Росицки.