Абе мислам дека имаме добра одрсана. Е сега, колку сме малер и не не држи среќата, то е друго. Тебе да ти се повредени и првиот десен бек (Сања) и резервниот десен бек (Џенкинсон), треба да си малер. Истото е и лево, повредена е првата опција, Сантос, но и резервата, Гибс. Треба да сме среќни што воопшто имаме одбрана, и тоа доста солидна одбрана. Џуру, Косиелни, Мертесакер и Вермален, секој на свој начин квалитетен. Иако се скоро сите, централни дефанзивци сите се снаоѓаат во новите улоги. Џуру, како десен бек, а Томас како лев. Ако се придодади дека на клупа имаме, Скилачи и Мигел, кој ако ништо друго, можи да пополнуваат куп-мечеви, тогаш сум задоволен. Јас сум да се земи напаѓач, ама не верувам. Венгер изјави дека Парк се прилагодил на Англискиот фудбал, и дека ќе има шанса. Верувам во тоа момче, има квалитет, и тоа многу.