Фан Клуб: Арсенал

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Мораме да реагираме пред да почне наредна сезона, ако нема веќе алтернативи тогаш мора Кронке гнидите да извадат убав кеш од џебот
Се надевам дека ќе се случи едно од двете сценарија, ама искрено скептик сум и мислам дека ништо од наведеното нема да се случи. Некако психички клубов ја утепа цела фан база и ни наметна лузерски менталитет после сите разочарувања изминатите години, веќе некако мислам дека и навивачите немаат сила да водат битка, премногу е бизнис станат фудбалот, премногу се заштитени олигарсите. Во целото цедење пари од клубот од страна на Кронке низ годиниве, се исцедија и победничките амбиции кај навивачите за клубот.
 
Последно уредено:
Член од
4 мај 2012
Мислења
671
Поени од реакции
522
Брат ти беше убеден дека со промена на тренер се менува се, така беше и за Емери, еве со примерот со Тухел кажуваш дека во истото си убеден и сега. Може 10 тренери да смениме и да се враќаме на истата поента. Мојот став е дека не може промена на тренер да донесе таков напредок како што си видел во Челси, треба и промена на играчи, 50-50 нека е работата баланс тренер-играчи. На имиња немаат поквалитетен тим, ама како тим сметам дека се подобри од Арсенал, нашиов “тим“ никогаш не ни бил добар, туку Обамејанг бил добар лани па сме извадиле Фа Куп на индивидуални квалитети и тоа што даваше 2 гола од 3 креирани шанси на натпреварот. Настрана тоа што нема кохезија во тимот никаква, туку и тимов е преполн со лоши играчи (не просеци, туку лоши), а и од тие 6 играчи што се добри или требало да бидат добри дел се катастрофа сезонава. Така да, се е наопаку тргнато и во надолна линија, не е само пристапот на Артета, кој пак ќе речам е срамен и требаше да добие одамна отказ.
Тренер мора да се смени! Дека и играчкиот кадар треба да се надгради, да, треба.

Арсенал е првиот клуб на кој Артета бил тренер. Нема бекграунд никаков друг. Се што знаеме за способностите на Артета како менаџер на клуб се овие година и пол.
Би му дал доверба уште една сезона?
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
551
Поени од реакции
1.016
Во целото цедење пари од клубот од страна на Кронке низ годиниве, се исцедија и победничките амбиции кај навивачите за клубот.
Навивачите може да си имаат победнички амбиции до крај на светот, ама тоа на терен се важи :) А тоа нема амбиции. Тешко дека некој ќе го набрка бафало бил од клубов, освен ако не му преплати.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Тренер мора да се смени! Дека и играчкиот кадар треба да се надгради, да, треба.

Арсенал е првиот клуб на кој Артета бил тренер. Нема бекграунд никаков друг. Се што знаеме за способностите на Артета како менаџер на клуб се овие година и пол.
Би му дал доверба уште една сезона?
Не би му дал, одамна требаше да добие отказ, имаше блесоци на добра игра кои ми даваа надеж, ама тоа беа само блесоци, реалноста е дека ништо не е подобрено од тоа на Емери кое беше дотогаш најлош Арсенал. Само не би сакал некој да верува дека само со промена на тренер би се решило се, а и тој муабет за нови играчи дека требаат е малку фикција, бидејќи стварно не верувам дека Кронке би отворил ќесето за толкав број на играчи квалитетни ниту верувам дека би се откажал Кронке од клубот. Ќе речеш песимистички, ама стварно нема конкретен излез од кашава, некако да се почне нова епоха, па постепено да се гради од нула се. Дека ако го поделиме клубот на неколку епохи(бар јас откога го гледам), ги имаме следниве: победничка епоха глори дејс (градење победнички тим) ова завршува 2006 (2007 остатоци беше само), втора епоха млади играчи на сцена кои дел учеле директно преку играње со играчи од првата епоха (ова завршува 2013 со трансферот на Озил), трета епоха - отварање ќесе обид за враќање на победнички патеки со сите сили со се тоа што е градено во втора епоха (од успехот не делеше само еден напаѓач налик Обамејанг лани, ова завршува со второ место сезоната со Лестер), после тоа сме во четврта епоха каде што нема планска работа више, секој трансфер ни е обид да припокриеме дупка, неаме ниту јасна цел, ниту јасна визија за игра, ниту играчите што ги зимаме гледаме дали одговараат на играчкиот кадар со кој веќе располагаме. Ако може некој тренер да не извади од четвртата епоха, да почне петта, а притоа да нема пари за трансфери за трошење доволно, тогаш нека се потпише уште утре. Кој е тој тренер?
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Испадна од ботот Емери бе :pos: :pos:
@Факе срце мое mwa, кис4е

Слепци едни, во уста ви сврши Емери ама не ни зсдлужувате ништо помалце, исто како Артета, Кронке и сите околу нив. На место да го кикнат уште во Декември и да покажат амбиција на голем клуб тие ширеа приказни за за фамилија во кои и самите не веруваат, пола екипа не го поднесува сеоскиов Пеп.
Ова се случува кога имап двојни аршини на највисоко ниво, го бркаш Емери (со право) и го носиш недоносениов и му даваш прилика да го уназади клубот до тој степен да сега 500м и Пеп Гвардиола лично и персонално не можат да го вратат во живот.
За крај, јебига не сакав, не е до мене ама по којзнае кој пат сум во право, ама кога пола фан клуб оставаат впечаток како да го хласале Заев и Преспански не може да се очекува ништо друго.


Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Другари да не се лажеме, со друг менаџер ќе бидеме поарни, ама малце, можда топ6 пласман, и толку.

Од Кроенке почнува и завршува се, да се надеваме во цела беда дека се ова, лошиот пласман, губењето пари (реално Арсенал губи мнооогу пари, особено со пандемијава), ЕСЛ фијаското, ќе се одлучи паразитот да го продаде.

Тоа е шансата, нов сопственик, не знам дали оваа приказната со овој Ек ќе успее, но нов газда, со нови идеи и со вложување, но со паметно вложување, со поставуање компетентен директор, управител или како и да ќе има звање, кој ќе продолжува договори во право време, кој ќе продава играчи во право време, каде ќе се трошат пари, оти за успех требаат пари, настрана повремените и ретки Лестер сутиации, видете ги освојувачите на првенството, на ЛШ, тоа се тимови кои трошат огромни пари, па и Ливерпул, да не трошат колку Сити, ама трошеа,кога им требаше дадоа рекордни суми за голман и дефанзивец, им се погодија додуша некои поефтини трансфери.

Во 2014 бевме со Ливерпул тука некаде, ако не и во подобра ситуација, пет-шест години резултат на лошо управување, на лоши траснфери, на лоши договори. Во сите овие години, менаџерите може носат и најмалку вина, на крај краеава некој ги ангажира тие луѓе.

Не е проблем наредна сезона да дојде некој си Сари или сличен, да се потрошат 60-70 милиони на играч(и), но што со тоа, топ6 пласман, ЛЕ за наредна сезона, толку.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Овој клуб нема ништо од оној Арсенал што го гледав и сакав како мал.
Буквално ништо за жал.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Испадна од ботот Емери бе :pos: :pos:
@Факе срце мое mwa, кис4е

Слепци едни, во уста ви сврши Емери ама не ни зсдлужувате ништо помалце, исто како Артета, Кронке и сите околу нив. На место да го кикнат уште во Декември и да покажат амбиција на голем клуб тие ширеа приказни за за фамилија во кои и самите не веруваат, пола екипа не го поднесува сеоскиов Пеп.
Ова се случува кога имап двојни аршини на највисоко ниво, го бркаш Емери (со право) и го носиш недоносениов и му даваш прилика да го уназади клубот до тој степен да сега 500м и Пеп Гвардиола лично и персонално не можат да го вратат во живот.
За крај, јебига не сакав, не е до мене ама по којзнае кој пат сум во право, ама кога пола фан клуб оставаат впечаток како да го хласале Заев и Преспански не може да се очекува ништо друго.


Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
Да бе Артета го уназади клубот, проблемот е многу поголем, ама ти си инат од човек и ќе напињаш со Емери уште наредни 10 години, исто ќе беше и да останеше, тотално исто, пак ќе бевме 9-10 место и испаднати во ЛЕ, дали во полуфинале или финале, не дека Емери освои трофеј вечерва, го победи најлошиот Арсенал во 30 години, кој двапати шутна на гол во две утакмици.

Тоа изедените гомна за Венгер ако мислиш дека си бил у право у тешка заблуда си.

А искрено да ти кажам, поарно да си станеш фан на Челзи, некако ти одговара.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Да бе Артета го уназади клубот, проблемот е многу поголем, ама ти си инат од човек 1. и ќе напињаш со Емери уште наредни 10 години, 2. исто ќе беше и да останеше, тотално исто, пак ќе бевме 9-10 место и испаднати во ЛЕ, дали во полуфинале или финале, не дека Емери освои трофеј вечерва, 3. го победи најлошиот Арсенал во 30 години, кој двапати шутна на гол во две утакмици.

Тоа изедените гомна за Венгер ако мислиш дека си бил у право у тешка заблуда си.

5.
А искрено да ти кажам, поарно да си станеш фан на Челзи, некако ти одговара.
1. Ај да не
2. Секако дека нема да беше исто, впрочем
3. This, за кој вие до вечерва наоѓавте секакви оправдувања на кои и самиот Артета би се пукнал од смеење колку само звучат идиотски
4. Секако дека не сум
5. Извини што имам амбиции
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Секако дека нема да беше исто, впрочем
Да, тоа 5-то место, каде магаре на негово место 99.99% ќе завршеше 4-ти. Ги гледаш тие буквите во црвена и сива боја на табелата, е тоа е се што треба да знаеш за таа сезона. А каде ќе завршеше наредната сезона пред да биде избркан, тоа да не правиме муабет, кога секој ебан тим во лигата минимум 20 шута на гол му маваше, а мајмунот играше со 7 дефанзивци.

Извини што имам амбиции
Убаво што си признаваш барем. Јас, во мое име си кажувам, за другите не знам, сметам дека во темава пишува уште еден фан на Челзи, покрај оние другите кои повремено навраќаат.

Така да, со среќа во финалето на ЛШ.

Не заборавај само да побараш никот да си го смениш на 01.01.2022.
 
Последно уредено:
Член од
27 декември 2020
Мислења
551
Поени од реакции
1.016
Не постои фан што се радува кога клубот губи. Ако се радува, тогаш не е фан.

Кога веќе толку се пишат елегии за богот на фудбалот, мал осврт на неговите резултати од крајот на неговиот ангажман во Арсенал:
Screenshot 2021-05-07 012118.png (или ако некој сака повеќе, клик)
Изгубивме од Ајнтрахт дома, нерешено со Виториа Гимараеш, се тресевме на 3-2 со истите, буквално секоја утакмица се тресевме последните 15 минути да не се прими гол, светиот дух со Волвс имаше 25 удари против Арсенал и тако даље. Ама ете за некои тоа е богот на фудбалот и огромна грешка што Арсенал го испуштија така лесно од рака. Човекот со план што идеше со цели книги анализи и планови за секој играч посебно, што ќе носеше атомски фудбал во Арсенал, ќе креваше менталитет. На терен пување и рушење рекорди по примени удари на гол. Година ипол непребол, тага и грутки во грло.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom