Најзвучното име досега што го напишало овој слоган.
Искрено, се надевам дека ќе фати моментум кај фанови и бивши играчи.
Не дека така лесно се руши сопственик-милијардер, но можеби притисокот ќе му биде премногу и ќе се отерасиме од него, паразит гнасен, сигурно цел концепт за клубот му бил насочен кон ова ЕСЛ фијаско.
Но, да не се лажеме, од 2005 навака ФИФА и УЕФА нас не ебаваат, модел на клуб како се работеше со свои средства, без загуби, со минимален долг, дури и сега, во овие 12 величествени ние бевме клубот со најмал долг, во кој цент нема вложено сопственикот и што добивме од тоа, ние да бидеме најпосочуваното име дека не сме требале да бидеме во елитно друштво, оној глушецот демек независниот коментатор од Скај каде лапе милиони да не прави подолу од гомно.
Така да јас донекаде и го сфаќам клубот што се нафанал на ова, што избор имавме, но тоа не го менува фактот дека Кроенке е лош, ужасно лош избор за Арсенал и дека нема добра иднина клубот под негово водство.