- Член од
- 21 октомври 2014
- Мислења
- 4.054
- Поени од реакции
- 6.715
Ајде по ред,Играчите што си ги набројал се во клубот заради Артета, зашо мислеш дека цела сезона го форса Вилиан во прва постава, Себаљос и Ел Нени се вратија по негова желба, еве вториот сеа ќе биде награден со нов договор, Џака исто беше разубеден да остане во клубот, мислеш ова без амин на тренерот ќе биде ставено во пракса ?
Артета беше доведен како тренер кој би требало да го извлече потенцијалот од талентирани играчи, нели беше екстремно хајпан како Стерлинг и Сане ги трансформирал во прва класа фудбалери...
Зашо нема никакви подобрувања кај Пепе, очигледно играчов кога добива трошки минутажа е максимално посветен, не може да го обвинам дека не се труди, ама нажалост формата му оди на полошо.
Обамејанг лани имаше слични статистички податоци(xG) од крило, разликата е што беше крајно ефикасен во завршница на шанси.
Клоп во Дортмунд го проба на крило, виде не функционира, па го стави шпиц и резултираше во голови, она со што се прослави, гол играч, секоја друга позиција му е излишна, не е креатор, ниту дриблер, не знае да сочува топка, нема центаршут, слаба пас игра, на долг рок не можеш да се крстеш дека е крило, мислам дека изгуби мотивација, прегазен е од тоа што постојано е закован на аут линија, играј го шпиц или воопшто не го играј.
Ако е сметан вака на долг рок неплански му е доделен нов договор оти очигледно дека Артета не го преферира на шпиц, истата ситуација на Озил ја повторуваме...
Патем видете Роџерс како го преобрази Варди во покомплетен играч кој не зависи само од голови, чинам играше како крило под Шекспир, па се бореа за опстанок во лига....
Не би сакал повеќе Арсенал да дава долгорочни договори на играчи постари од 31година.
Константа нема сезонава, топло, ладно постојано, достојно за екипа од средина на табела, каде што сме, Емери потфрли да, изгуби од пол позиција да го пласира клубот во ЛШ, ама да не заборавиме дека еден бод не делеше од 4место притоа без Парти, Габриел и Тирни...
Арсен не смее да биде споредуван со просечни тренери, те молам.
Прашањето е дали го вади максимумот Артета од играчите, одговорот е не, погледнете ги клубовите пред нас, зарем Лестер и Вест хем имаат подобар состав, Евертон, Астон вила, делеме бодови со Лидс кој се новајлии во ПЛ...
Лампард кој важи за клупска легенда во Челзи со еден куп трофеи позади него беше избркан откако покажа јасни знаци дека не вади доволно од составот, еве сега истиот кој наводно не бил доволно квалитетен за еден тренер се покажува сосема обратно за друг, и нивните играчи изгледаа треторазредно пред да направат промена.
Кај нас изговори еден куп, помирување со ситуацијата, Венгер го мававме оти мислевме дека може повеќе друг тренер, да бидеме конкурентни за ПЛ, и до тука стигнавме да бранеме лик со кој сме заковани на "златна" средина, далеку од амбициите на клубот, да имаше навивачи на стадион немаше да се толерира ситуацијата ..
Следната не гледам различен исход, очекува некој дека ќе се вмешаме во борба за ЛШ под негово водство?
Останува да се надеваме на Лига Европа, тука може да се извади Артета за мизерната сезона.
Нема да добиеме нов спортски директор, директно поврзана му е судбината на Еду со тренерот, на кој договорот му трае до наредната, мислам дека ќе бидат тука и двајцата без оглед како ќе заврши.
Скаутинг мрежа не ти треба за да го доведеш Кутињно на позајмица.
Луис Кампос и Ралф Рагник се достапни, ама ете, ќе ги испуштиме.
1. Дали ти мислиш дека на Артета ако му дадеа пари за трансфери он ќе го вратеше Себаљос, ќе се донесеше Вилиан или па ќе се остаеше Елнени ( ја неам ништо против Елнени, за ростер играч и да се вртка тука е океј. ) До толку си наивен да мислиш дека ако му речат еве ти пари прави тим он ќе ги сака овие играчи??
2. Пепе има изиграно 22 утакмици сезонава до сега, што е доволно за некој да се покаже. Во тие 22 дали 4-5 беше солиден.
3. На Обамејанг му беше дадена шанса ко шпиц сезонава на неколку утакмица, на СИТЕ БЕШЕ преслаб.
4. Глупости споредуваш со Варди, Раниери освои сезона со предобар Варди, може да има аргумент дека и Варди уствари и е уназаден малце под Роџерс.
5. Арсен беше просечен тренер у последните неколку сезони, е сеа ти направи ја математиката оти.
Многу ми се смешни фановиве што препаѓаат ради утакмицата со Ливерпул, со Венгер скоро секое дерби беше така. Не полнеа ко пиперки СИТЕ биг 6. Ама разбирам, скоро сите фанови имаат некоја слаба точка кон Венгер што и имаат изгубено меморија каков тим бевме под Венгер последните неколку години. Па Емери и Артета барем успеаја да бидеме колку-толку конкурентни на утакмиците против big 6 тимовите.
6. Друже ако сметаш ти дека Лестер има послаб тим од Арсенал, тогаш проблемот е во фановите ко тебе. Тилеманс,Ндиди и Мадисон ВЛЕГУВААТ ВО ТИМОВ без око да им трепне. Цела 4-ка позади освен на Тирни местото влегува во тимот наш исто без око да им трепне. Евертон има исто така подобар состав, за Астон Вила е дискутабилно, може и да не.
7. Споредбиве со Челзи се очајни, извини. Ко прво ни сме клуб достојни да се споредуваме со Челзи, ни па газдите ни се на исто рамниште. Тотално дијаметрално водени клубови. Арсенал да потрошеа 200+ милиони на трансфери, ја радо би го напуцал Артета.
Ама фановите ко тебе, мислите дека ако избркаме тренер одма со сигурност другиот треба да донесе успеси со ИСТИТЕ играчи, без да донесе нови и да проба да смени култура. Каде бе у кој тим го има тоа? Ајде кажи ми еден тим што нема никакви амбиции, што е преполн со просеци играчи, што нема никаква управа, што е воден од тотални аматери и што има тотално незаинтересирани газди, кажи ајде тим што сменил тренер и наеднаш имал успех?
8.Тука скоро 90% зборуваа дека не го сакаат Кутињо
Во никој случај не го сфаќај ова дека сум АртетаИн и такви срања, оти под defaul луѓето кога зборуваш објективно мислат дека си АртетаИн. Би го сменил Артета одма ако има подобро и посигурно решение и ако сум сигурен дека клубот ќе ја смени политиката.
Летово ќе дознаеме какви амбиции има тимот.
Автоматски споено мислење:
Е сега, ако не стасаме до финале во ЛЕ, тогаш Артета не е достоен да го води тимот. Оти и со вакви играчи какви и да се, подобар е тимот од Прага и Виљареал. Ако не успее да пронајде стратегија и мотивацијата за тим што ќе се бори и ќе игра добар фудбал у следниве неколку недели ( дека малце полесен распоред иде) тогаш тоа значи дека и понатаму ќе ги прави истите грешки и нема да учи од нив. Не сакам таков тренер.
Последно уредено: