Фан Клуб: Арсенал

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.188
Поени од реакции
14.466
Талент е, не го спорам фактот. Но, ако сакаш да си конкурент за титула, мора секоја можна позиција да ти е покриена со докажан и искусен играч. Во овој случај само Кос и Мустафи. На Пер не се надевам многу бидејќи често се повредува. Друго прашање, што ако некој од докажаното дуо не е достапен? Ваљда нема да се бламираме како претходниот натпревар без класичен штопер во стартната 11ка.
А како е Габриел подобар од Чемберс?
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
А како е Габриел подобар од Чемберс?
Никаде не сум спомнал кој е подобар. Ако ги споредеме овие двајца, едниот има 26 години другиот 22. Не се докажани ни двајцата, но едниот има повеќе искуство. Од друга страна, на Чемберс природна позиција му е десен бек. Нека влегува од клупа во ПЛ, нека игра во ЛЕ, ама ако сметаш дека Чемберс како првотимец ќе ни донесе лигашка титула, мора да си оптимист како Венгер.
Во секој случај, со загуба на еден од штоперите, ептен стануваме тенки на таа позиција.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.188
Поени од реакции
14.466
Каков првотимец бе другар, цело време збориме за замена. Габриел беше замена, исто ќе биде и Чемберс ако остане.
Ниту еден од нив двајца нема да ни донесе титула.

Чемберс природна позиција нема, лани цела сезона ја изигра како централен за Мидлзборо, со 25 утакмици во ПЛ.

Незнам како може да плачете поради трансфер на Габриел, воопшто не сме тенки позади, и неможе да имаме 6 централни дефанзивци на располагање кога и така можеш да пријавиш само 25 играчи. Нема ниту еден тим со 6 централни во ПЛ.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ако играме со 3 ЦБ цела сезона, мислам дека сме тенки на таа позиција, немаме ни тројца првотимци моментално- Косиелни, Мустафи и ... Мертесакер нема шанси да игра цела сезона, Чемберс и Холдинг се млади и неискусни, Монреал и Колашинац не се централни. Поарно да го продадеме и Чемберс и да земеме уште еден првотимец ЦБ.

И дај да го решиме проблемот во средниот ред, исто како и со ЦБ, еден куп играчи а само 1-2 со првотимски квалитет. Да се разбереме, Казорла и Вилшир не ги рачунам за играчи, умрени се тие одамна. И на што се сведува средниот ред- Џака, Ремзи, Кокелан и Елнени, не би рекол дека има тука квалитет за борба за титула, дури и за топ4 е прашање дали имаме квалитет?!

Најстрашно, на 15 дена пред крај на трансфер рокот нема никакви шпекулации кои имаат основа, тотален мрак.
 
T

Todd Solondz

Гостин
Во одбрана и напад сме најјаки сезонава, во средниот ред сме тенки. Во одбрана играч може да ни прифали единствено ако се продаде Окс па да немаме кавер за Белерин, инаку добро сме покриени. Не заборавајте дека Монреал изигра одлични партии како централен минатата сезона, подобро од Габриел се покажа. Колашинац исто така може да игра централно. Неверувам да имаме проблеми со играчи во тој дел од теренот, играчи има само треба подобра одбранбена организација. Малдини, Канаваро и Неста да ги имаме во најдобри денови нема да можат да се снајдат ако цела екипа лета напред и ако се прават аматерски потези какви што правеа Џака и Елнени со Лестер.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.861
Поени од реакции
7.086
Треба да се купе ЦБ, наредната сезона Мерте заминува во пензија, Монреал и Кошчиелни се 32/33, нема лошо да дојде Вирџил ван Дајк, плус ќе може да го платеме од овие што ќе ги намаваме и Чемберс може таму да го пуштеме како компензација.

Ако се л'жеме :D
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.188
Поени од реакции
14.466
Јас би бил задоволен со засилување у средина, пошто таму сме најтенки во моментов.

Евентуално и Дракслер како плус, пошто и онака не им треба у ПСЖ а подолг период Венгер го мерка.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Фримпонг, леле кој будала беше овој, сега некаде у Сибир игра мислам.
Скилачи, Андре Сантош, Џуру како десен бек, страшна одбрана.

И Чамакот во напад, стварно тимиште.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom