Абумејанг,Џексон,Бака,Игуаин имаат по 28 години, ќе не коштаа над 40м евра, а ќе немаат добра продажна цена во иднина, исто и не се знае како ќе се снајдат во ПЛ.Единствено можеше да се ризикува со Лаказет.Ови беа имињата со кои бевме поврзувани цело лето.
Исто и Бензема има 28 години, ќе не кошта 50м, а ќе нема добра продажна цена во иднина и он е ризик ако се гледа така, како што беше наведено воа тоа статијата од дејлимаил.
Пред да знаеме дека Велбек ќе го нема до февруар и јас не бев за преплаќање на играчи и купување колку да се купи нешто, бидејќи си го планирав Велбек како добра ротација за Жиру, ама од кога се дозна дека ќе биде долго време повреден мораше да се реагира.
Имало контакт со Јуве, сме им го побарале Заза на позајмица, овие не сакале да го дадат, барале да го купиме за 30м евра.Јас да бев некој трансфер гуру во Арсенал би го побарал Чарли Аустин на позајмица,па и да го купевме, 100% ќе можевме да си ги вратиме парите ако не испаднеше добра опција, од екипите во средниот ред на табелата ќе се најдеше некој да го купи назад, лани постигна 18 гола за тим без никаков креативец.