Какви муабети се вртеа во јули Бензема, Видал... Сега ќе се задоволиме со било кој.
Не се слагам дека којзнае како се појачале конкурентите, Јунајтед како нас бараа напаѓач и не го најдоа, немој да жалите сега за Мартиал, до вчера никој ни во Јунајтед ни во Арсенал не го спомнуваше ни како 10-та опција за трансфер сега па криво ќе ви испадне, кажа Carter мислам дека беше, Јунајтед можат да си дозволат 60 милиони на талент како Мартиал без оглед дали ќе успее или не, ние не можеме. Иначе Мартиал има ист учинок во Монако како што имаше Саного во Оксер, само што ние Саного начекавме да го земеме безпари. Може Мартиал ќе стане како Хазард, а може ќе заврши како Саного.
Ди Марија да го купевме ние и да изиграше како лани, бидете сигурни дека Венгер сигурно ќе му дадеше уште 2-3 сезони за поправен, Јунајтед после Ферги не работата така, фрлаат пари, имаат пари, им се брза, сакаат инстатн успех и не им оди.
Имаше многу играч кои можеше ние да ги земеме, се слагам, и како кокуренција за Кокелан и како конкуренција за Жиру, ми сметам дека скапо ќе си платиме за тоа што останавме сако со Чех како трансфер но тоа е, многу побитно во моментов е играчите што ни се во клубот да влезат во ритам и форма, Санчез да распука, Жиру да почне да дава голови, Тео да се разбуди од сонот откако му ги дадовме 140.000, Ремзи да се симне на земја, одбраната да си остане стабилна како досега, а купување играчи само онака колку да се рече, не фала, не ми требаат уште трансфери како Велбек.