Толку бев лут што не ми се пишуваше вчера, ќе се помирев ако ние бевме виновни за нерешениот резултат, (да кажеш дека толку можеме, толку ни е силата, што не е точно) ама по таа статива, несвирен чист пенал (се гледаше од месечината), поништен гол поради непостоечки офсајд( и на двете гледав риплеј по 100 пати, заклучок:судијата не е слепец), а кога видов дека Јунајдет загуби уште толку ми дотури на нервоза и разочарување, два дена ми чадеше глава.
Ова судииве ретко кога прават грешки од кои ние имаме полза за потоа да се крева прашина како незнам што да станало, Арсенал се покварењаци, копита, сречковци итн. ама кога прават грешки против нас, никому ништо, нормална работа се случува тоа во фудбалот. И после неможат да се начудат како нивната репрезентација нема некој забележителен резултат на големи натпреварувања, нема судија што ќе ги чува и покрива Руни, Лампард, Тери кога овие прават фаули и се глупираат, се тепаат, плукаат, пцујат. Судиите ја убиваат ПЛ, затоа Челзи никогаш нема да освои ЛШ, Јунајтед ќе се влече на влијанието на Фергусон во УЕФА, на Ливерпул ќе му се прогледува низ прсти за финансиски нерегуларности(додека Портсмаут експресно го отпаднаа) итн. Ебати легендарните клубови кога за нивните грешки плаќаат помалите.
Поради финансиски и икс други причини, меѓу кои и судењето на арбитрите Премиер почна да губи играчи и влијание во УЕФА а следствено на тоа и резултатите на англиските екипи во ЛШ не се баш најсјајни во последно време а сезонава е најзамрсената во последните 10 години.Квалитетот на ПЛ во последниве години го рушат токму арбитрите фрлајќи темна дамка на една исклучително интересна лига во која се игра квалитетен фудбал. Сетете се на резултатите во ЛШ од пред две - три години кога имаше барем по две англиски екипи во полуфинале.
Не се криви ни Јунајтед, ни Челзи, тие само ги искористуваат грешките на тапанариве - судиите.
Не е страшно ако Јунајтед изигра 0-0 со Марсеј, кој е Марсеј или што Челзи 10 натпревари немаше победа и уште се во игра за одбрана на титулата (пази Боже со минус 20 бода) ама тоа ти е во Англија.
Ни шпанциве не се посјајни, таму цела лига е поставена во прилог на Реал и Барса, и после овие ми биле некои великани во фудбалот кога и дерат кожа на шпанската федерација земајќи 60 посто од фондовите.
Да се стегнеме и да ги поминеме циганиве и да му докажеме еднаш засекогаш на светот чиј фудбал е поубав, чиј менталитет е посилен, кој имал право сиве овие години, чија клубска политика е неморална а чија морална и еднаш засекогаш да им ја затнеме устата на тие „фудбалски експерти“.