Фан Клуб: Арсенал

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Го тепаме Њукасл, а губиме од Стоук... смешки, смешки everywhere...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Најдоброто наше издание во лигата оваа сезона. Одбраната може беше крпена, ама нападот со Жиру, Велбек, Санчез, Казорла и Окс беше страшен, фали уште Тео. Овој напад имаше се, брзина, снага и техника, само повредите малце да не остават на раат, да се развие малце хемија меѓу играчите.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Најдоброто наше издание во лигата оваа сезона. Одбраната може беше крпена, ама нападот со Жиру, Велбек, Санчез, Казорла и Окс беше страшен, фали уште Тео. Овој напад имаше се, брзина, снага и техника, само повредите малце да не остават на раат, да се развие малце хемија меѓу играчите.
Озбилно болдов ?
Ај второво беше ок, ама првото или додаваше до Шчесни или до некој од Њукасл...
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Судијата требаше да ги смири малку ЊуКасл уште во прво полувреме. После третиот гол се осетија немоќни и ко да гледав како Арсенал игра против рагби тим. Оној Тиоте требаше два жолти и еден директен црвен да добие, ама изеде само жолт за старт кој се казнува строго. Среќа што никој не се повреди.
 

Sura

Gooner 4 Life
Член од
6 мај 2010
Мислења
3.422
Поени од реакции
1.923
Секоја чест за момциве за играта денес!!! А и мерак ми се направи после сето тоа свиркање бла бла по Венгер, цел стадион пееше за чичо.


Нека ни се множат вакви победи!!!:ojeaa::ojeaa::ojeaa:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Озбилно болдов ?
Ај второво беше ок, ама првото или додаваше до Шчесни или до некој од Њукасл...
Коментарот се однесуваше севкупно на играчите, не на играта во оваа утакмица, Окс имаше одлични партии во досегашниот тек на сезоната.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Коментарот се однесуваше севкупно на играчите, не на играта во оваа утакмица, Окс имаше одлични партии во досегашниот тек на сезоната.
Генерално ни е најдобар одма после Санчез, ама денес беше срамотилаци, а мислев дека и за денес го фалиш (моја грешка шо сум сфатил така).

И малце надвор од ова погоре, една или две победи во најлошата сезона не прават разлика, зошто и со нив и без нив сме ипак најлоши. Значи ја сум уште Венгер аут.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Да уживаме во денешната убава победа и да ги оставиме Венгер ин, Венгер аут муабетите, барем денес.

Простор за критики секогаш има, доволно е да се посочи тоа што денеска Дебуши мораше да игра централен и што Фламини веќе 80% од натпреврите досега во сезоната ни е стартер, (кривец за тоа се знае кој е) но другпат за тоа, гледајте си хајлајтси од денес и од утакмицата во Истамбул, ептен јаки голчиња дадовме оваа недела.

:ojeaa:
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.675
Поени од реакции
12.586
Озил да го шитнеме?
Мора да му се дае шанса на човекот какви игри би пружал со Алекси лево Тео десно и Жиру/Велбек напред. Ако и покрај такви играчи не го бива, нека се продава. Неспорен е квалитетот негов, ама тоа што не се снаоѓа во формацијата, или пак Венгер не му ја погаѓа што и да е, му штети само на тимот.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.792
Поени од реакции
63.399
Окслејд се држеше за левата ложа во првото полувреме, а на почетокот на второто Жиру го бодреше.
Кој знае дали играл со повреда. Грешеше едноставни пасови во првото полувреме.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Мора да му се дае шанса на човекот какви игри би пружал со Алекси лево Тео десно и Жиру/Велбек напред. Ако и покрај такви играчи не го бива, нека се продава. Неспорен е квалитетот негов, ама тоа што не се снаоѓа во формацијата, или пак Венгер не му ја погаѓа што и да е, му штети само на тимот.
А да го шитнеме Венгер, зошто и вака и така некогаш ќе треба да си оди, а којзнае дали ќе успееме некогаш пак да имаме играш од калибарот на Озил :D
 
Член од
2 август 2009
Мислења
975
Поени од реакции
380
Ај и јас да се изјаснам за утакмицава.
Задоволен сум од залагањето на играчите,се бореа многу добро има некој ситени работи што треба да се поправат.
Ох денеска беше најлош многу грешки правеше,среќа њукасал не ги искористија.
Белерин напред игра најдобро од сите наши десни бекови,но го немам видено дебуши како игра таму,а за назад и покрај тоа што направи многу блокови му треба уште подобрување и искуство пред се.
Велбек човеке како бамби е,само туку му се плектаат нозете ама севкупно добар беше и стварно многу му помагаше на гибс по левата страна.
Жиру и Алексис деска ѕверови.
Санти беше добар ама не на ниво на овие двајца и се уште им треба воигрување со санчез на неколку пати си објаснуваа кој каква намера има ама добри се ке ги биде.
Дебуши исто така позитивно ме изненади.Одма можеше да се примети дека е бек,многу добро ги вадеше топките од нашата половина.

Искрено не очекував волку лесна победа.
Верувам дека овој пат ке влезат во низа од неколку победи по ред.
:aplauz:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom