Ај и јас да се изјаснам за утакмицава.
Задоволен сум од залагањето на играчите,се бореа многу добро има некој ситени работи што треба да се поправат.
Ох денеска беше најлош многу грешки правеше,среќа њукасал не ги искористија.
Белерин напред игра најдобро од сите наши десни бекови,но го немам видено дебуши како игра таму,а за назад и покрај тоа што направи многу блокови му треба уште подобрување и искуство пред се.
Велбек човеке како бамби е,само туку му се плектаат нозете ама севкупно добар беше и стварно многу му помагаше на гибс по левата страна.
Жиру и Алексис деска ѕверови.
Санти беше добар ама не на ниво на овие двајца и се уште им треба воигрување со санчез на неколку пати си објаснуваа кој каква намера има ама добри се ке ги биде.
Дебуши исто така позитивно ме изненади.Одма можеше да се примети дека е бек,многу добро ги вадеше топките од нашата половина.
Искрено не очекував волку лесна победа.
Верувам дека овој пат ке влезат во низа од неколку победи по ред.