А кога ќе ми текне каква беше атмосферата пред 2-3 лета. Летото кога ги продадовме Насри и Фабрегас, 8-2 од Јунајтед, само Жервињо како засилување, па наеднаш пет фудбалери од кои денес само двајца се покажаа како горе-долу успешни трансфери.
Или најлошото лето пред две години, РВП ја даде фамозната изјава дека нема да го продолжи договорот, сите во паника, се бараа оставки на бордот, Газидис и Венгер, Усманов ја користеше ситуацијата и тој пишуваше некое писмо, сакаше у цела гужва да го преземе клубот, на крај отиде РВП во Јунајтед, атмосферата беше мрачна како никогаш претходно.
Ех, старите добри времиња.