Нешто чудно се случува на терен. Неверојатно груба игра од Ипсвич со еден класичен обид за фудбалски атентат над Фабрегас (среќа наша немаше повреда) кога беше ставен у рагби зафат од тројца играчи на Ипсвич, а подоцна повторно груб старт врз него пред нивниот шеснаесетник кој не беше ниту санкциониран. Пак А.В. ги форсира Аршавин и Бендтнер!?! Аршавин освен еден прекрасен прием на висока топка од ФАбрегас мислам беше, нема ниту еден негов пас што заврши во нозете на наш играч, се отиде кај Ипсвич. Да, да трча се труди се тоа убаво али и ја можам да искочам и да трчам. Бендтнер намести две три убави топки кои беа мање-више 100% шанси за гол, ама некако ми делува како неизделкано дрво што штрчи насред пољана. Некако не ми е вклопен во играва. ПАк ќе кажам, нешто чудно се случува на теренов, некако како да не се сконцентрирани. Се надам на полувреме ќе попијат по некоја васпитна и ќе се разбудат.
Еве ги. Идемо даље.