Фан Клуб: Арсенал

Статус
Затворена за нови мислења.

ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Па наводно подобро играл ( жими тасета ) .
 

OrrCee

Сто посто проценти :)
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.524
Поени од реакции
23
Браво за Аршавин и за целиот тим колку што можев да видам преку хајлајтс изиграа добро...Заборавив да ги гледам:toe:
 

Arsenalka

In Arsene We Trust
Член од
30 јули 2009
Мислења
10
Поени од реакции
1
Мислам дека Бендтнер е еден од најпотценетите млади играчи на денешницава. Некои забораваат дека има само 21 година, а има постиганто 15 гола во сезона во која не беше стартер. Можеби завршницата му беше слаба страна, но на пријателскиве покажа дека се подобрил. Има одличен скок, може да го натскока секого и да даде гол со глава. Треба да имаме еден таков фудбалер во шеснаесетникот кој ќе ја тероризира одбраната при корнерите на ван Перси.

Сега, лошо е тоа да нема конкуренција, па да игра лежерно и да не помага во одбраната, нешто како Адебајор лани. Тешко дека Едуардо ќе остане фит цела сезона (што е огромна штета), па така само тој му е конкуренција во нападот. Затоа е потребно засилување кое ќе му ги отежнува работите на Никлас. Читав некаде дека претсетателот на Бордо изјавил дека Венгер имал голема листа на напаѓачи од кои само еден од нив може да дојде во тимот. Чамак бил на врвот на таа листа, но Бордо барале многу пари за него, околу 15 милиони фунти. Ако успее да го донесе Венгер за цена помала од 10 милиони, ќе биде голем успех, за да може останатите пари да се инвестираат во ДМ и еден фудбалер во одбраната.

Ако ја гледавте утакмицата против Хановер, сигурно сте забележиле дека како времето течеше се потешко нашите стигнуваа до шанса за гол. Едуардо не е крупен, снажен напаѓач што ќе може да се носи со штоперите, туку на него му е потребна само една топка од Фабре или Арша за да ја смести во голот. ван Перси исто, не е голема закана во шеснаесетникот, посилна страна му се асистенциите. Сака да се враќа до центарот, и кога ја има таа улога на полушпиц одлично се снааѓа. Венгер го знае тоа, не е глупав. Знае и дека кога ќе дојдат на ред малите тимчиња со добро подготвени физички фудбалери, ќе се деси нешто како минатата сезона. Затоа е потребен добар шпиц, Чамак или Хунтелар. Кој и да дојде верувам дека одлично ќе се вклопи во играта и ќе води војна со Бендтнер за стартерската улога.

Туре замина, Ебуе следи, како и Сендерос. После утакмицата со Колумбија беше запрашан Венгер што ќе се случи со Сендерос, а овој ладнокрвно одговори дека ги разгледува многуте опции кои ги има. Цела сезона го прати на позајмица во Милан затоа што не беше константен, неможеше да се справи со притисокот и за малку ќе завршеше во лудница. Тоа значи дека Венгер ја изгубил довербата во него и го нема во плановите за следната сезона, затоа и не го игра како штопер туку како ДМ, колку да му даде шанса да остане во форма додека не го продаде.

Тоа се 3 заминувања, само Галас, Вермален, Џуру, Силвестер и Сонг како алтернатива остануваат. Проблемот е во десната бековска позиција. Замена за Сања може да биде Гевин Хојт, но колку младиот 18 годишен капитен е спремен за такво нешто само Венгер знае. Затоа е потребен играч кој може да игра и на штоперската позиција, и да покрие кога е потребно на десната бековска.

Останува уште ДМ, веројатно најслабата алка во тимот во моментов. Сонг е добар, најдобар во моментов. Денилсон слабо игра во предсезонава, веројатно и Венгер го гледа како замена, а пак Диаби или е повреден или ќе одигра како почетник кога ќе добие шанса. Виера е добра опција, но прашањето е дали ќе може да ги помине медицинските прегледи. Се шалам, Патрик добро би ни дошол како ментор за останативе. Матуиди или Де Роси во пакет со него и средината ќе биде доста цврста.

Чамак/Хунтелар, Виера и Матуиди/Де Роси, можеби Хангеланд за во одбрана и се враќаме во трката за титулата.
Постов ми е како оние филмојте за научна фантастика...Иако можеби, некои нема да се сложат, но не верувам дека Виеира ке се врати, иако сакам да дојде...Не верувам дека Венгер ке даде повеке до 25 000 000 за играч како Де Роси, исто не верувам дека ке дојде некој одбранбен...Така да целосно или делумно не се сложувам со овој пост...Единствено се сложувам со Диаби...

Ве молам немојте повеке да видам дека некој ке жали за Сендерос бидејки тој истиот веке не го сметам за играч на тимот....

I'm told that Philippe Senderos has signed for Everton, done deal.
I think it's a shame he's going and his departure means we probably need another defender now. Best of luck to Philippe at his new club. Except on the opening day of the season ... when we play Everton.

Eх....Изворот...дечкото сам си е извор...можеби Сендерос му е брачед од вујна му
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.512
Гледам во постовиве за Чамак. Во неговиот договор има откупна клазула од 7 милиони фунти, така да таа е максималната цена која би ја платил Венгер за него, не споменувајте суми од 10-15 милиони фунти:smir:
 

tose_cesc

Oh Arsenal we love you!
Член од
3 јануари 2009
Мислења
753
Поени од реакции
43
Новото засилување на фудбалскиот тим Манчестер Сити Коло Туре ја критикува трансферната политика на неговиот поранешен менаџер во Арсенал, Арсен Венгер.
“Кога ќе го погледнеш Арсенал ќе видиш дека многу добри фудбалери си заминале и веќе се запишани во минатото.Тиери Анри и Патрик Виера си заминаа и Арсенал остана без вистинските лидери.Најдобрите екипи во Англија се во врвот бидејќи секогаш се обидуваат и успеваат да ги задржат своите најдобри играчи.за тоа ќе треба да потрошиш и поголема сума на пари.Тоа не е случај со Арсенал.Затоа и јас се решив да си заминам“-се осврна на својот трансфер црномурестиот фудбалер.

Според досегашниот играч на “топџиите„ лошата трансферна политика го одалечува Арсенал од врвот на Англија и не може да им конкурира на другите претенденти за титулата.
Е овој бил неблагодарен бе не го очекував овоа од него ме изненади го направи човек а сега јаде гомна за Шефот :tapp:


Мартин на која TV ќе ја има после АРСЕНАЛ
 

CaMeC

Рамос - 4
Член од
18 јуни 2007
Мислења
2.266
Поени од реакции
10
Е овој бил неблагодарен бе не го очекував овоа од него ме изненади го направи човек а сега јаде гомна за Шефот :tapp:


Мартин на која TV ќе ја има после АРСЕНАЛ
Ке има пренос на СпортКлуб (Србија) ако е имаш оваја програма гледај. :)
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.836
Поени од реакции
495
Е овој бил неблагодарен бе не го очекував овоа од него ме изненади го направи човек а сега јаде гомна за Шефот :tapp:


Мартин на која TV ќе ја има после АРСЕНАЛ
Шо не прае парата на ваа денешница се покажа и туре колку е склон и колку го сака арсенал :toe:
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
ne jadete gomna za toure,ne veruvajte na site mediumi,ebate kopiljacite.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom