Добро е, "куртулисаа"
. Битно не се откажаа и направија пресврт. Е се гледа колку живна играта кога влезе Волкот, брз играч добар техничат, а не Милнер да ја пимпла таму
.
Иста е и работата со Џерард и Паркер, трчаат за трчање, но не се доволно брзи, не е Џерард тоа што беше пред некоја сезона, сепак годините го прават своето. Да им беа здрави и живи Вилшер, и Клеверли да ја изиграше цела сезона во Јунајтед без повреди ќе имаше солиден среден ред и пред се брз, во комбинација со Џерард или Паркер и ќе можеше многу сценарија да се прават, но тоа е што е. И некој заборавив само незнам кој.
Мора да игра Волкот од следната утакмица, единсвтен играч кој ја размрда играта. Исто така може и на Дефо да му се дава шанса. Со Руни од следната утакмица се очекува малку да се размрда играта повеќе да има уште еден играч да повлекува игра со оглед на тоа што Руни има далеку поголем радиус на движење од Керол или Велбек и далеку подобри плејмејкерски способности. Така да може само, а и би требало, работите да отидат едно ниво повисоко за Англија и конечно да покажат една игра со која ќе ги сметаат за фаворити.