Фан Клуб: Њукасл Јунајтед

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Честито титулата во Чемпионшип лигата и враќањето во ПЛ:smir:
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Честитки за враќањето во ПЛ следната сезона не очекувам Њукасл да се бори за опстанок бидејќи имаат одличен тим единствено ако не си отидат играчи.те Играчи од типот на Колучини, Гуитерез, Смит, Нолан, Симпсон ....
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
МАКЕДОНЕЦОТ ОД ХЕРЕНВЕН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЛЕТНА ТРАНСФЕР БОМБА
Њукасл е првиот пик за Горан Попов

*Во листата на клубови со кои менаџерите на фудбалерот се во преговори се и екипите на Фулам, Волфсбург и Борусија Дортмунд

Во текот на минатата недела менаџерот на Горан Попов беше во Херенвен каде со управата на овој клуб стартува со преговорите околу продажбата на левиот бек во летниот преоден рок. Се подготвува трансфер "бомба" за нашиот репрезентативец кој се очекува да замине во голем клуб и во посилен шампионат. Од она што го дознавме барем засега пик број еден на фудбалерот и неговите менаџери е дресот на англискиот тим Њукасл. Заминувањето на Попов на "Сент Џејмс парк" во северот на Англија би бил одличен трансфер со оглед на тоа дека станува збор за голем клуб кој експресно се враќа во елитата на оваа земја. Популарните "страчки" веќе се во контакт со луѓето на македонскиот репрезентативец кој со своите игри во дресот на Херенвен докажа дека има квалитети и потенцијал за поголеми дострели. Попов е во рацете на познатиот менаџер Ален Аугустинчиќ, кој на својата листа на фудбалери го застапува и Един Џеко од Волфсбург. Тоа значи дека постојат огромни шанси Попов летово за замине во добра средина иако договор со Херенвен има на уште две години.

Покрај Њукасл на листата на клубови со кои се контактира се наоѓаат уште два тима од Англија и тоа Фулам и Бирмингем, но во опција е и заминување на Попов во Бундес-лигата. Доколку Попов оди во Германија тој е најблиску до дресот на Волфсбург иако во комбинација е и екипата на Борусија Дортмунд каде тренер е Јирген Клоп, човекот кој има одлично искусто со Аугустинчиќ по соработката со Новески од времето кога тренерот беше на клупата на Мајнц.

Левиот бек летово ќе инсистира да си замине од Херенвен затоа што клубот цела сезона беше во криза и се бореше за опстанок во лигата и покрај тоа што лани популарните "срциња" со Попов стигнаа до пехарот од Купот на Холандија и настапуваа во групите од Лигата на Европа. Секој преоден рок Херенвен ги продава своите најдобри фудбалери па така сега дојде и редот на Попов. Од балканците лани оваа екипа го продаде Даниел Прањиќ во Баерн Минхен, а пред тоа Миралем Сулејмани замина во Ајакс.



СЛИКА: Го надмина Хееренвен и Холандија - Горан Попов

Отштетата не паѓа - 4.000.000 евра!

Нема измени во цифрата која Херенвен ја бар за слободата на Горан Попов. Токму сумата која холанскиот тим ја бара за левиот бек била главната тема на разговорот помеѓу управат на клубот и менаџерот на фудбалерот/ Херенвен не отстапува од клаузулата која стои во договорот со Попов. За потписот на левиот бек ќе треба да се плати огромна сума од 4.000.000 евра. Според отштетата Попов би бил еден од најскапите дефанзивци кои се за продажба ова лето од Холандија. Во моментов најдобар играч на Херенвен е голгетерот Беренс, кој има понуда од Фиорентина и кој е проценет на 5.000.000 евра. Според развојот на настапите и приликите на фудбалскиот пазар цифрата од 2.000.000 евра е реална која би требало да се плати за услугите на македонскиот репрезентативец.

Извор: Македонски спорт
 

Џенаро Гатузо

Pippo per Sempre
Член од
3 јануари 2008
Мислења
2.797
Поени од реакции
38
Момци да не знаете како се вика филмот со Сантиаго Муњез кога игра за Њукасл?
И дали може негде да го најдам.позз
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.731
Поени од реакции
11.602
Момци да не знаете како се вика филмот со Сантиаго Муњез кога игра за Њукасл?
И дали може негде да го најдам.позз
Goal 1, купи го од некаде, или слегни го.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.015
Поени од реакции
5.336
Браво за Горан Попов заслужува да игра у поголем клуб и поквалитетна лига

Бтв честито експресно вракање во Премиер лига!:smir:
 
Член од
19 април 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0
поздрав до сите Geordies, се израдував сто начекав форум за Newcastle, па и да прочитам муабет од некој друг лик што навија за клубот што од 'копиљ' го навијам од времето на Асприља Жинола и слично... поздрав
p.s. еве линк ако некој сака да го проследи вечерниот меч кај
Plymouth, каде ке ја официјализираме титулата... :icon_razz :cds:

http://www.myp2p.eu/broadcast.php?matchid=72332&part=sports
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
МАКЕДОНЕЦОТ ОД ХЕРЕНВЕН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЛЕТНА ТРАНСФЕР БОМБА
Њукасл е првиот пик за Горан Попов

*Во листата на клубови со кои менаџерите на фудбалерот се во преговори се и екипите на Фулам, Волфсбург и Борусија Дортмунд
:vozbud: Одличен играч е Горан Попов. Само дали ќе избори место у ЊуКасл. Како и да е, следнава година, конечно ќе пратам повеќе англиски фудбал, особено ако Попов игра за Њукасл. :)
 
Член од
19 април 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0
Прилично сигурен сум дека тоа за Попов у Newcastle е дезинформација, но и доколку е точно не би сакал да дојде затоа што на таа позиција Enrique е апсолутно незаменлив, конкретно Newcastle бара замена за него во случај на повреда како што беше во случајот пред 2 и нешто повеќе месеци, каде што беше позајмен на еден месец младиот холанѓанец од Chelsea - Van Aanholt
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Баш би сакал да го видам Попов во премиер лигата ...:smir:
А вашиот тим во моментов има недостаток на играчи со калибар за премиерлигашките тимови кои се во горниот дел на табелата така да може да искористи и он:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom