Ми се свиѓа што ѓубрето го чистиме, тие 3 мора да си отидат ама мора плус уште 1 јак мидфилдер да земеме зп не може да останеме само со 4, ремзи рабиот пјанич и бентанкурето.. изгледа на Погба алл ин ќе идат или резервна варијанта СМС..[DOUBLEPOST=1561146669][/DOUBLEPOST]Ништо не ни треба освен да купиме 3 јаки, 1 мидфилдер 1 десен бек и 1 централен бек... тие 3 да си одат плус кансело а што да не и даглас коста.. и од игуаната да се отарасиме а што да не да го увалиме у интер плус 2-30 милки за Икарди..
Ако се продадат Кедира и Матуиди,а дојде Рабиот ќе има 5 везњаци,тие што ги имаш наброено плус Емре Џан.Тешко тоа дека може во еден трансфер период да спукаат толку пари на Погба/СМС за средина,Икарди и ваљда Де Лихт или Кулибали ако мислиш на такви класа играчи,без притоа да се продадат некои битни играчи што имаат висока цена како Дибала или Пјанич.Двајца вака скапи играчи можда и би можело али тројца нема шанси без притоа да се продаде некој од овие двајца
Така да ако се зајакнува нападот и одбраната со вакви играчи тешко дека би се донел некој класа играч во средина,т.е во таков случај би можел и Бернардески да се искористи за ротација во средината.
Сепак мислам дека приоритет на Сари треба да биде средината,која беше најслаба карика лани и одбраната.Во нападот се добро покриени Дибала може да игра и како лажна деветка како Мертенс во Наполи,тука е и Коста,Манџукич(ако не го продадат) и Кин(за кој Сари имал ептен добро мислење).
Нападов треба да биде најмал приоритет летово(освен од овие погоре не си отиде некој),срединава ако дојде Рабиот и плус ако запнат по некое големо име како Погба или СМС ќе биде топ.Од Кедира,Матуиди,Куадрадо може да извадат 60тина милиони и плус од Игуаин ако го продаваат.Кансело е на излезни врати али парите од него ќе идат најверојатно на десен бек,Трипиер највеќе се спомнува по медумиве.
За одбранава треба највеќе да мислат,Киелини е веќе во години и мора да се мисли на негова замена,така да ако веќе се даваат пари тука највеќе треба некоја како Де Лихт или Кулибали.
Ако веќе си праиме Фудбал Менаџер муабет,вака би сакал некако да го изгледа Јуве наредна сезона