Фан Клуб: Јувентус

Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
Се океј друже , не знаеме што се крие зад сето ова , но сигурно знаеме дека нема никакви докази предадено во целиот процес, цело обвинение се базира на сведочењето на Каробио . Судот реши да му верува на овој овој никаквец со дебело криминално минато. Да имаше било какви докази , судот ќе ги изнесеше пред јавност по пресудата , со цел да се спречи сомнежот во овој случај кај целата Италијанска јавност, не само кај луѓето приврзани за Јуве.
епа во случаите со рекоба со пашошот не легален што го имал, никој не сноси одговорност за забраната на морати и на преседателот на џенова околу милито и тијаго мота никој не сноси одговорност. а за една изјава против тренерот на јувентус а тогашен на сиена се напрај како најголем злосторник. овај клапутаров од рома ЗЕМАН 99 пред да се повреди дел пиеро викаше дека дел пиеро и целиот тим на јувентус користат допинг испадна дека нема ништо.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
Среќен роденден Јуве Арена (y) . За многу години победи и титули ... Ме интересира ако некој има информации со името на стадионот што се случи ? Нели некоја компанија го купи правото на името ? Или ќе си остане Јувентус Арена.... ( не може да ја крстиме Дел Пиеро Арена? :sneaky: )
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610

Точно. Одлуката за казна на Конте од 10 месеци побуди силна полемика во Италија. За разлика од калчополи кога скоро сите медиуми со право или не го распнаа Моџи во 2006 година, овој пат ситуацијата е далеку подруга. Дури и Газета Дело Спорт, кој важи за најкритичен медиум во однос на Јуве поставуваат прашања на какви темели е донесена казната на Конте, и дека постојат многу контрадикторности во истата. Палаци како најповикан за случајот не изнесе јавно ниту еден доказ кој го докажува фактот дека Конте знаел дека има наместен натпревар.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Среќен роденден Јуве Арена (y) . За многу години победи и титули ... Ме интересира ако некој има информации со името на стадионот што се случи ? Нели некоја компанија го купи правото на името ? Или ќе си остане Јувентус Арена.... ( не може да ја крстиме Дел Пиеро Арена? :sneaky: )
Баш вчера читав за стадионот и не ми текнува сега каде е линкот го барав, али компанијата (не ми текнува името) има право 20 години да го користи името односно да му даде име на стадионот и 20 години да стои тоа име али има клаузула да не бидат имиња на фирми односно спонзори што се ривалски на фирмите кои го поседуваат Јуве (кои што имаат акции) .. Инаку со сигурност до 2014 ќе се дознае името, башка финалето 2013/2014 во Лига на Европа ќе се игра на Јувентус стадионот :)
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.762
Поени од реакции
3.818
По она до сега што го имам слушнато или читано, можам да кажам дека дека воопшто не владее мислењето дека Интер стои зад ваквите постапки на Палаци. Ако некој "стои" зад Палаци односно го подбуцнал да работи на овој начин тогаш сомнежот паѓа на Галијани. Галијани и Палаци се доста блиски, а името на Конте во овој процес излезе во јавноста 2-3 дена откако Конте му врати на Галијани со зборовите: "Вие сте мафијата", како резултат на војната преку медиуму за сагата наречена Gol di Muntari.

Како и да е, мое мислење е дека е само еден вид на предупредување на ФИГЦ кон Јувентус за нивната сила и можноста со едно тропање на прстите да му направат штета на клубот од големи размери. Причина зошто Ањели преку ноќ се одлучи 3те ѕвезди сепак да не стојат на дресовите од сега па натаму.

Во случајот со Конте има куп нелогичности кои адвокатите ги изнесуваат на површина, меѓутоа секој ги "занемарува".

Суспензијата на Конте се темели само лажните изјави на Каробио и се однесува на 2 натпревари Новара - Сиена и Албинолефе - Сиена.
На жалбата, во случајот со Новара - Сиена, Конте е прогласен за невин, меѓутоа сепак казната од 10 месеци останува.

Конте на прес конференцијата кажа дека сите треба добро да ги отворат очите, затоа што ова може да му се случи на секого.

Пред 3 дена и Прандели застана во одбрана на Конте

Btw, новата жалба ке биде поднесена во Понеделник.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
Искомплексираниот Претседател на Фиорентина, Дела Вале во новиот договор кој ќе му го понудел на Јоветиќ ќе имало откупна клаузула од 40 милиони евра, а во договорот ќе имало и член дека тоа се однесувало за сите тимови освен за Јувентус. Чиста мизерија од Претседател па до тим!Ова за Јуве не е никаква штета. На пазарот за 40 милиони ќе се купи три класи подобар фудбалер од Јоветиќ. Единствена е штетата за Јоветиќ кој заглави во Фиорентина. Тоа е исто како да му дадиш на некој Југо, цел живот што возел Фичо. И нормално дека ќе замислува дека вози Ферари!

Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.226
Поени од реакции
14.523
Галијани и Палаци се доста блиски, а името на Конте во овој процес излезе во јавноста 2-3 дена откако Конте му врати на Галијани со зборовите: "Вие сте мафијата", како резултат на војната преку медиуму за сагата наречена Gol di Muntari.
Не е така, тоа му го кажа на полувреме. Кога Галијани полуде поради огромната неправда и отиде да се расправа со судиите. Не е толку важно, но веќе кога си решил да градиш теорија, немој да ја градиш на погрешни темели, помалку ќе ти веруваат. :)
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.762
Поени од реакции
3.818
Не е така, тоа му го кажа на полувреме. Кога Галијани полуде поради огромната неправда и отиде да се расправа со судиите. Не е толку важно, но веќе кога си решил да градиш теорија, немој да ја градиш на погрешни темели, помалку ќе ти веруваат. :)
Скоро и неважен е тајмингот на караницата, битни се зборовите.
Дојдов до мешани информации, некои велат на полувреме, а некој на крај.

Сеисто, не менува ништо.
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
242
Поени од реакции
131
Јуве оваа година го направија најдобриот трансфер асамоа од удинезе, иначе јас сум фан на милан, браво за управата на јуве купија одличен фудбалер, а за местенкиве не се мешам местат многу клубови од италија
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.923
Поени од реакции
8.801
епа во случаите со рекоба со пашошот не легален што го имал, никој не сноси одговорност за забраната на морати и на преседателот на џенова околу милито и тијаго мота никој не сноси одговорност. а за една изјава против тренерот на јувентус а тогашен на сиена се напрај како најголем злосторник. овај клапутаров од рома ЗЕМАН 99 пред да се повреди дел пиеро викаше дека дел пиеро и целиот тим на јувентус користат допинг испадна дека нема ништо.

па Земан бил во право бидејќи вашиот лекар тогаш беше суспендиран на 1 година само ради изјавите и доказите на Земан, значи не било лаење на празно, сега можеби Дел Пиеро не знаел за ситуацијата, можеби му ставале во јадењето а тој не бил свесен или можеби така направила вашата управа за да не го крка Дел Пиеро туку докторот .. јас лично верувам дека Дел Пиеро не знаел и дека докторот ја заебал работата, али сепак и докторот не верувам дека тоа би го направил самоволно, тој добил наредба од некој, само ајде што било поминало нема потреба да навлегуваме во тоа .. ама важно сакав да ви нагласам дека Земан не тропал некој нелогичности, туку тоа што го кажал било вистина, а вие не давајте обратна слика на целата ситуација ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom