Фан Клуб: Јувентус

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Колку само полемики имаше околу мечов добро е што извадивме и бод, да не ги спомнувам сега сите неправилности против ЈУВЕ, еден куп се. Најбитно од се е што момците покажаа карактер, кога беше 2-0 си велев готово е (како по обичај од претходните сезони, примаме гол и толку е) но ме демантираа сите почнувајќи од Конте, капа доле за човеков. Тотално друга екипа излезе во вториот дел, Гарибија изигра одлично, маестрален беше. Најслаба алка ни е Бонучи, мора да се купи квалитетен штопер. мала замерка имам до Конте што не проба да дојде до победа а можеше многу лесно, но не сакаше да се коцка. Бод од Неапол не е мала работа, да се потсетиме милан беше отворен ко паштета на истиов терен, сега во недела мора да се победи. Бране рекол дека ќе не даваат директно со Чезена, точно е ова зш не слушнав?
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
уште еднаш браво за момците кои се надминаа себеси - на крајот се гледаше колку само поспремно и посигурно делуваа од “пливачите“ од Неапол(никако да се опорават од поплавите...)

браво за Конте - ваков Генерал се бараше на клупата,можеби знае да утне тактички понекогаш,но совршено делува заедно со играчите кои успеваат да го ИЗВАДАТ со својата пожртвуваност ALL THE WAY !

GO GO FIGHTERS !!!
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.448
Поени од реакции
87.176
Сите изиграа перфектно освен еден (Сите знаеме кој :) ). Првото полувреме бевме изгубени, ама затоа второто беше :cuc:.Лихтштајнер немаше душа, го гледаш само напред-назад трча.Бонучи катастрофа мора на зима да се земе добар лев бек и конечно да почне да грее клупа дечкото. Пирло да му ебам многу ризикува со тоа подавањата пред сопствен шеснаесетник. Естигарибија дечкото е ѕвер. Другите сите изиграа солидно на ниво. Патем кога излагаше Конте од соблекувална си реков сега ќе ја свртиме играта во наша корист.
Се на се покажавме карактер :icon_lol:, а натпреварот беше :drk:. И да за Пандев морам да го пофалам, Македонче си е Македонче.

П.С. Следниот дуел е со Рома?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
Сите изиграа перфектно освен еден (Сите знаеме кој :) ). Првото полувреме бевме изгубени, ама затоа второто беше :cuc:.Лихтштајнер немаше душа, го гледаш само напред-назад трча.Бонучи катастрофа мора на зима да се земе добар лев бек и конечно да почне да грее клупа дечкото. Пирло да му ебам многу ризикува со тоа подавањата пред сопствен шеснаесетник. Естигарибија дечкото е ѕвер. Другите сите изиграа солидно на ниво. Патем кога излагаше Конте од соблекувална си реков сега ќе ја свртиме играта во наша корист.
Се на се покажавме карактер :icon_lol:, а натпреварот беше :drk:. И да за Пандев морам да го пофалам, Македонче си е Македонче.

П.С. Следниот дуел е со Рома?
ITA1
Juventus - Cesena 12/4/11 2:00 PM GMT
ITA1
Roma - Juventus 12/12/11 7:45 PM GMT
ITA1
Juventus - Novara 12/18/11 2:00 PM GMT
ITA1
Udinese - Juventus 12/21/11 7:45 PM GMT
ITA1
Lecce - Juventus 1/8/12 2:00 PM GMT
ITA1
Juventus - Cagliari 1/15/12 2:00 PM GMT
ITA1
Atalanta - Juventus 1/22/12 2:00 PM GMT
ITA1
Juventus - Udinese 1/29/12 2:00 PM GMT
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Примарна задача... Центарлен дефанзивец да се купи што поскоро и тоа некој добар а не анонимец.
+ Бек за на клупа кој може да одговори и на лева и на десна бековска позиција бидејќи немаме асална резерва на тие 2 позиции сеуште.

Иначе за утакмицата. Бонучи как и на претходните утакмици,катастрофален.Толкаво магаре со глава скокна и набута му га на Хамшик на главата наместо да га избии у корнер или вонка од 16. На 2рио гол добар бањакович направи и Пандев го лзна. Иначе можааме да тепаме ак бееме малце присебни. Требаше Кваља да флезе порано на местото на Матри оти се гледе има желба за игра ке флезе раздвижи го нападо. :) Пирло се гледе оти е малце повреден неможе да игре на тва ниво шо знааме оти може да игре али ипак задоволителен беше. Се на се после 3-1 да се враташ на 3-3 у гости со Наполи значе оти си имаш КАРАКТЕР и ВОЛЈА за победа,нешто шо Конте го внесе у сите играче да имат Победнички дух. и бодо не е лош од Неапол и пак сме 1 :)
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.507
Поени од реакции
4.384
Откако се смирив од оваа бурна и луда ноќ во Њу Јорк кафе,(ќе се памти долго)да пишам и ја 2-3 збора за утакмицава.
Како прво многу сум задоволен и од резулататот и од играта.Некој ќе рече е шо резултат нерешено со Наполи?Па Наполи е таков гаден тим што кога игра против Јуве игра како тоа да е последна утакмица на клубот и дека после тоа нема да постои :D значи даваат 200% од нивните можности.
И на тој стадион не следи една лоша традиција, последните мечеви губвеме катастрофално,но еве сега со овој нерешен дуел покажуваме дека полека се враќаме на старите патеки тоа е сигурно.
Ме изнервира само лошата игра во првото полувреме:(,и незнам зошто до толку се изгубија и дозволија да примат два глупи гола.Но второто полувреме:cuc:немам зборови.Како само ги мотивирал Конте фудбалерите во соблекувалната тоа е чудо едно.Излегоа како гладиатори спремни да ја остават последната капка пот на теренот.За лани мислевме дека Мело(го обожавав типот)ни беше поим за фајтер.Но што да се каже за еден Видал,еден Киелини,Лихштајнер,Пепе,Маркизио(иако не играше вечерва)секој збор е излишан,ова е вистинското Stille Juve.
Морам да го пофалам Естигарибиа.Ме мрзи да барам по стари постови но многу добро знам дента кога потпиша 90% од форумов мрчеа за него незнаејки ни за каков играч станува збор.Мојот коментар беше нешто у стилот почекајте ќе ве изненади:sneaky:.Мене лично не ме изненади јас очекував ваква игра од него.Дечкото има муда, да одиграш таква партија на жешкиот Сан Паоло во твоето второ појавување како стартер е голема работа,секоја чест очекувам да го гледам се повеке во комбинација во следните натпревари.
Едно е сигурно,Конте направи револуција во Јувентус.Се гледа желбата на играчите и потребата за гинење на терен само за да се освојат трите бода.Тоа го красел од секогаш овој тим.Среќен сум што бев дел од собраната група во Њу Јорк,знаеме каков излив на емоции имаше откако пепе изиграваше Меси :P.
Мој личен заклучок е дека вечерва на телма имавме можност да го гледаме идниот шампион на Италија.Памтете ми го зборот;)
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Не мора да ме цитирате но ако мислите дека првиот гол на Наполи е офсајд тогаш не ги знаете основите правила на фудбалот ..толку имам да напишам!
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
Дефинитивно Киелини би го оставил да игра лев бек, и МОРА да купиме централен, пошто најслаба карика ни е Бонучи на жалост :confused:
Мора да се купи лев бек а не централен. Цела лева страна ни е одсечена со Киелини. Го умреа Лихштајнер секоја акција оди преку него. Киелини е најдобар центален во цел свет само ако има некој партенер со него кој може да го контролира и да ја организира дефанзивната линија. Моја желба за лев бек е Коларов и спремни сме за скудето.

И нормално мора да се купи еден играч од среден ред за да не мора да ја менуваме формацијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom