Имаме за вечер можен состав?
Со тоа што се игра против Интер во вторник (каде што мислам дека Лукаку е суспендиран), Пирло треба убаво да ги испланира поставите за двата меча.
За вечер сигурни за старт ми се Мората, Роналдо и Киеза.
Е сега има многу комбинации што може да се направат на средината и во одбраната. Против Интер би играл дефинитивно со Де Лихт-Бонучи, па вечер може еден од нив да одмори. Не знам како е Сандро за 90 минути, ама можеби подобро е да го чуваме против Интер, бидејќи не' скинаа на неговата страна минатиот меч.
Во средина вечер сакам да ги видам Артур и Меккени од старт, кои сигурно ќе бидат надополнети со Бентанкур.
На бековските позиции стварно не знам што ќе направи Пирло, ги има Данило, Квадрадо, Сандро и Фработа на располагање.
Колумбиецот би го чувал свеж за против Интер, не им одговараат ним брзи играчи.
Во секој случај, вечер имаме задолжителна победа. После тоа следува пекол, два меча со Интер, Рома, Наполи па Порто и сето тоа во рок од 15 дена.
Мислам дека дојдовме до преломната точка од сезоната, после ова нема враќање назад.