Фан Клуб: Јувентус

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.035
Поени од реакции
84.773
Многу ми е мака што не го доведовме Шакири, а згора на тоа заврши во Интер.
Сигурно постои некоја добра причина зошто не го доведовме... и мислам дека не станува збор тука за парите што ќе требаше да ги фрлиме на него ако дојдеше кај нас. Ние летото бевме спремни да платиме 23-24 милиони во кеш одма за Итурбе, а не пак 16-17 за Шакири. Moe мислење е дека Марота не загриза сериозно за него заради тоа што никогаш не фати место во првиот тим на Баерн... можеби имаше одлични настапи за Швајцарија на СП, но сепак во Баерн не беше ништо повеќе од бесна замена. Истово беше и за Итурбе кој од една одлична сезона во Верона, тимот сакаше да ни го даде за 27-28 милиони.

Според мене, ќе се гњавиме со Снајдер до 31 Јануари, шансите да дојде кај нас се 50-50, така да се е отворено.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.104
Поени од реакции
359
According to the TuttoSport News , Wesley Sneijder is officially a Juventus player. Останува да видиме колку е ова точно,иако се очекуваше вакво нешто
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
:pos: Ако му дадат 4,5 милиони плата Марота комотно може да иде да се фрли од она Моле, највисоката зграда у Торино, или како беше... :D

Страшен дил ќе направи, истрошен играч од турска лига ќе биде топ 3 најплатен играч во клубот. :cuc:

#MarottaGenius#TransferGuru#LoanWithAnOptionToBuy#Sneijder#TopPlayer
 
A

apidrone

Гостин

Еднаш викате дека не ве интересира колку пари се фрлаат на трансфери пошо не ги давате од ваш џеб, сеа битно било Снајдер колку плата ќе зема ако дојде.. Дај одлучете се.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Еднаш викате дека не ве интересира колку пари се фрлаат на трансфери пошо не ги давате од ваш џеб, сеа битно било Снајдер колку плата ќе зема ако дојде.. Дај одлучете се.
Ај ќе те замолам да најдеш и да ме цитираш каде сум го кажал јас ова? :)

I'll save you the trouble, нема да најдеш.

Кога веќе се одлучиле да не дадат еден ебан цент за појачувања, за кои Алегри постојано труби низ медиуми дека му требаат, тогаш многу би било глупаво да се преплаќаат играчите.

Се ценкаат за милион или два, што е ништо за нив, ама ќе му шлапнат платичка 4,5 колку што земаат Видал, Тевез и Буфон(сите се горе доле тука со 0,5-1 милион разлика). Многу нелогичен потег.
 
Ова веќе поише држи вода. Да, се ценкаат понекогаш претерано, али ај, не коментирам финансии особено ако тоа не се рефлектира на играта. Повеќе ме интересира како тој би се снашол во тимот доколку дојде.
За Шакири читав негде дека Гвардиола рекол за него дека не бил доволно интелигентен за да игра за негов тим.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.244
Поени од реакции
16.698
Сигурно постои некоја добра причина зошто не го доведовме... и мислам дека не станува збор тука за парите што ќе требаше да ги фрлиме на него ако дојдеше кај нас. Ние летото бевме спремни да платиме 23-24 милиони во кеш одма за Итурбе, а не пак 16-17 за Шакири. Moe мислење е дека Марота не загриза сериозно за него заради тоа што никогаш не фати место во првиот тим на Баерн... можеби имаше одлични настапи за Швајцарија на СП, но сепак во Баерн не беше ништо повеќе од бесна замена. Истово беше и за Итурбе кој од една одлична сезона во Верона, тимот сакаше да ни го даде за 27-28 милиони.

Според мене, ќе се гњавиме со Снајдер до 31 Јануари, шансите да дојде кај нас се 50-50, така да се е отворено.
Одговорот е Берарди, детето кое се цени моментално како најголем талент на позиција SS/Treq ако во сасуоло некогаш игра и CF.Ќене чини не повеќе од 9 милки. Бар имаше такви статии дека затоа не сме тргнале по Шакири како дел од причините.

Ова веќе поише држи вода. Да, се ценкаат понекогаш претерано, али ај, не коментирам финансии особено ако тоа не се рефлектира на играта. Повеќе ме интересира како тој би се снашол во тимот доколку дојде.
За Шакири читав негде дека Гвардиола рекол за него дека не бил доволно интелигентен за да игра за негов тим.
И паратичи мислел дека нее доволно интелегентен за treq. исто и Алегри
 
A

apidrone

Гостин
Одговорот е Берарди, детето кое се цени моментално како најголем талент на позиција SS/Treq ако во сасуоло некогаш игра и CF.Ќене чини не повеќе од 9 милки. Бар имаше такви статии дека затоа не сме тргнале по Шакири како дел од причините.

И паратичи мислел дека нее доволно интелегентен за treq. исто и Алегри
Не за треквартиста него општо. Ќе побарав и статија од Билд за ова ама џабе кога не знам германски. Нормално дека нема да најдеш потврда дека стварно така рекол ама како викаат кај што има чад има и оган.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.035
Поени од реакции
84.773
Еднаш викате дека не ве интересира колку пари се фрлаат на трансфери пошо не ги давате од ваш џеб,
Ај ќе те замолам да најдеш и да ме цитираш каде сум го кажал јас ова? :)
Јас го изјавив тоа :kafence:

According to the TuttoSport News , Wesley Sneijder is officially a Juventus player. Останува да видиме колку е ова точно,иако се очекуваше вакво нешто
Човек дај не објавувај ништо од овој весник, цел свет не ремети заради насловите што ги пишува овој медиум. :sramezliv:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.104
Поени од реакции
359
Јас го изјавив тоа :kafence:

Човек дај не објавувај ништо од овој весник, цел свет не ремети заради насловите што ги пишува овој медиум. :sramezliv:
Абе ремет што да ти кажам :D Те боли цеф
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Moggi: Sneijder nije dobar za Juventus

Се јави алапачава... :icon_lol: Али чим он кажал дека не го бива, значи не го бива. Дај друго дете! :uzi:
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Moggi: Sneijder nije dobar za Juventus

Се јави алапачава... :icon_lol: Али чим он кажал дека не го бива, значи не го бива. Дај друго дете! :uzi:
па како да земеш квалитетно дете ако не фрлиш пара...
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.105
Поени од реакции
17.952
Од сево ова најмногу ми е криво за младите играчи кои ни гинат во Сасуоло и за кој не гледам надеж дека ќе ги вратиме. Кога веќе управата нема намера да дава пари за топ играчи тогаш подобро нека ги врати младите, отколку да купува истрошени играчи или просеци. Снајдер не велам дека ќе биде флоп, но искрено не се радувам многу на неговото евентуално доаѓање. Ако дојде тогаш е добродојден, но ќе треба на теренот да покаже дека знае да игра фудбал.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Излеа Снајдер ќе си остани во Галата.

Се споменува Мктријан, цената му е 25м.
Иначе Раиола му е агент, а оваа недела истиот тој беше во Виново.:)
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Мене не ми е јасно зошто не се трга по Ројс, мислам дека клаузулата му е 25 милиони евра, а вреди дупло од тоа...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom