Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.143
- Поени од реакции
- 18.120
Барзаљи е совршенство веќе 18тина месеци без исклучок во ниту еден натпревар. Таков стабилен дефанзивец не постои на светот. Затоа е Јуве толку јак во одбрана. Барзаљи, Бонучи и Киелини се одлична тројка бидејќи во Барзаљи имаш стабилен, смирен и сигурен дефанзивец со одлични квалитети во Бонучи (кој најмногу од сите играчи на Јуве се подобри во 2012) имаш играч кој е спремен за дресот кој го носи да загине на теренот, притоа е технички спремен и многу веќе подобрен во класичните дефанзивни задачи и на крајот доаѓа Киелини физички најспремниот од сите, најдобар во дуелите 1 на 1 играч кој прави малку компромиси и е ненадмашен во скок играта. Јас мислам дека Киелини е единствениот играч на овој свет кој успеал да го скроти Ибра кога и да играл против него.