Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
*во минатото Јувентус би ја разгледал секоја понуда за негов фудбалер,нормално ако цената беше интересна....минатата управа имаше таква политика да клубот ги продава своите најдобри играчи(Виали,Раванели,Баџо,Виери,Зидан,Канаваро.....) и добро да заработи од сето тоа,само Дел Пиеро остана имун на таа политика.....меѓутоа времињата се сменија и тешко дека во овој момент би се случило такво нешто и со Киелини
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Се гледа дека Ланзафаме е добар играч барем да му се дава шанса против послабите екипи да не го зебат како Џовинко.Во врска со тренингов мислам дека требале да стаат и барем 2ца одбранбени како би било подобро а вака на празен гол не е тоа тоа плус и одбранбените би се увежбале на нафрлени топки
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
тенкчо,трпение,почеток е на подготовките,не е лсено да преземиш еден ваков млитав тим верувај.....веќе со првите пријателски ќе знаеме на што стои Јуве за наредната сезона....најновите шпекулации велат дека Џеко бил согласен да го напушти Волфсбург за Јуве,меѓутоа Јуве ќе МОРА да се договори со Волфсбург.....со оглед на цената и желбата на секој клуб да го види во своите редови Џеко песимист сум околу овој трансфер
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
незнам за пријателските лани доста добро игравме таму и Реал го тепавме ама се виде после во сезоната шо напраја.Долга е сезоната треба голема подготвеност пријателските ништо не гарантираат
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
незнам за пријателските лани доста добро игравме таму и Реал го тепавме ама се виде после во сезоната шо напраја.Долга е сезоната треба голема подготвеност пријателските ништо не гарантираат
точно така тенкче тогаш баш добро се секавам го величевме на ферара али после плукавме по него ... нее нишо битно на пријателските и амаури на пријателксите беше ѕверка ... али после
 
F

FuckYouAll

Гостин
Буфон имаше успешна операција, и неговото враќање се очекува за околу 3 месеци. линк

А Тутоспорт пишува дека Јуве и Џеко постигнале договор, но Џеко поставил ултиматум, Јуве да се договори со Волфсбург во наредниве две недели, во спротивно можно е да си бара друг клуб. линк

--- надополнето ---

Утре е закажана средба на Красич со ЦСКА Москва.Красич сакал да ги забрза преговорите на ЦСКА со Јуве,бидејќи сакал што е можно побрзо да му се приклучи на тимот на Јуве во тренинг кампот во Пинцоло.линк


Едно од овие две не е точно, зш знаеме дека двајцата неможат да дојдат.
Ова за Џеко не ми се верува.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.669
Поени од реакции
5.351
[/B]Едно од овие две не е точно, зш знаеме дека двајцата неможат да дојдат.
Ова за Џеко не ми се верува.
Точно е дека заедно двајцата нема да дојдат, со новово правило Јуве може да ангажира само 1 играч(освен ако здружението на Италијанските професионални клубови „Лега Калчо“ успеат да издејствуваат откажување на новото правило на ФИГЦ).Но,долго време Јуве се поврзува со Џеко и со Красич,така да воопшто не е невозможно Јуве да има договор и со Џеко и со Красич.Со Красич веќе потврдено е дека има меѓусебен договор меѓу Јуве и играчот,а за Џеко не е потврдено.
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Што ли би правел Џеко во Јуве во присуство на Амаури, Јакинта и Трезеге? Тотално непотребен трансфер, а повеќе од јасно е дека Волфсбург нема да го пушти за сума пониска од 30 милиони евра ... пари кои никако не може да ги даде Јуве. Потребен е лев бек, најмалку во моментов е потребен Џеко, Пацини, Џилардино или некој сличен на нив ... ова се само празни муабети и шпекулации.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.703
Поени од реакции
3.659
Трезеге најверојатно летово, после 10 години ке не поздрави. На нападот и те како му е потребно освежување и подмладување, со оглед на фактот дека Дел Пиеро колку и да е добар има сто милиони години, па ради тоа остануваме само со Јакинта и така наречениот напаѓач - Амаури.
Според најавите Јувентус до крајот на летово, ке ангажира уште 4 фудбалери, од кои еден лев бек, еден стопер, едно крило и еден напаѓач.
Многу зависи и кој ке замине и колку пари ке се соберат од продажба на фудбалери.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.669
Поени од реакции
5.351
Трезеге најверојатно летово, после 10 години ке не поздрави.
Изминативе 3-4 години,скоро секој трансфер период Трезеге заминува од Јувентус,но на крајот сепак останува.Но,овој трансфер рок,шпекулациите за неговото заминување се најгласни,а според последните информации и Валенсија е последниот клуб заинтересиран за Трезеге,а Валенсија токму во Трезеге ја гледа замената на Давид Вилја кој се пресели на Камп Ноу.

Диего бил играчот кој блескал овие 2 дена од тренинг кампот во Пинцоло.Според Тутојуве, Диего од Дел Нери добил нова позиција (втор напаѓач) и бил најактивниот и најдобриот играч на Јувентус, кој денеска играле меѓусебен натпревар.Во едниот тим напаѓачи биле Диего--Амаури а во другиот Дел Пиеро--Трезеге, а тимот во кој што биле Диего-Амаури победил со 4-1. Диего бил стрелец на еден гол,и му асистирал на 2 пати на Амаури.

--- надополнето ---

Што ли би правел Џеко во Јуве во присуство на Амаури, Јакинта и Трезеге? Тотално непотребен трансфер, а повеќе од јасно е дека Волфсбург нема да го пушти за сума пониска од 30 милиони евра ... пари кои никако не може да ги даде Јуве. Потребен е лев бек, најмалку во моментов е потребен Џеко, Пацини, Џилардино или некој сличен на нив ... ова се само празни муабети и шпекулации.
Се сложувам дека лев бек му е потребен на Јувентус, но мое мислење е дека треба и напаѓач.Минатата сезона покрај одбраната, и нападот не беше на нивото на кое што треба да биде напад на клуб каков што е Јувентус. Ниту еден од напаѓачите не постигна повеќе од 10 гола во сезоната, и тука мора да се промени нешто.Трезеге најверојатно ќе си оди,имаше шпекулации дека Тотенхем во наредните денови ќе достави официјална понуда за Јакинта,и можно е и негово заминување, и со самото тоа се отвара простор за ангажирање на напаѓач.Претседателот на Сампдорија Гароне изјави дека нема да го продава ниту за 100милиони Пацини на Јувентус, Џилардињо се покажа во Милан дека не го бидува за голем клуб, на Светсково исто така беше мизерен,и не вреди 5 милиони да се трошат на него, а камоли повеќе.Џеко е одличен избор.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Во врска со дискусијата за Џеко (т.е нов напаѓач)

Интересно е како затера муабето демек сме ги имале Амаури, Трезеге, ЈАкинта и сл. Алекс, Диего, Џовинко ќе ги тргнам во друга група оти појќе се за супорт.
Епа тој импотентниот Амаури лани не успеа да дај гол, Јакинта искрено не е играч за прв избор во Јуве (за резерва е измислен) или за крилен напаѓач како шо го играше Липи (а нема да го игра Делнери).
Трезеге е во надолна форма (исто не е за да се потпираме на него) и скоро сигурно е дека немаме прв избор за нападот. Ако треба да бирам шо треба да напрам тогаш сигурно би го дал Амаури (имаше доволно употребливи топки лани за да покажи какво тркало е). Трезеге можеби и би го задржал за да влегва како резерва (за 442 ќе биди измислен за нафрлени топки, (нешто шо Амаури или Јакинта ни на сон неможат да го работат)).
Џеко исто мислам дека не е нешто посебно за игра со глава, туку мислам дека добро лежи како шпиц во тридент со трекватриста зад него значи (Џеко, Диего, Јакинта *диего поповлечен, или Џовинко, Џеко, Јакинта - овде Џеко понапред би бил ок - ама ова нема да го игра ДелНери оти јасна е неговата игра 442). Според зборот шо го имаме засега Диего-Трезеге ни е најдобар напад според мене. Или Алекс - Трезеге (а Диего на плеј - ама на позицијата на Пирло или Чави, поназад од она шо играше лани).
Џила во ваквата формација мислам дека и покрај лошата форма е најдобро решение бидејќи таков играч ќе им треба на крилата за да ја турка топката во голот. Пацини е подобар од Џила ама во некоја од формациите со тридент.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
ако се зачува Трезеге здрав ниеднед напаѓач нема да биде подобро засилување....со Диего зад него,по потреба и Дел Пиеро,со крило како Пепе кој е неуморен мислам дека пак ќе има одлична сезона.....последниве две повеќе ги помина надвор од теренот отколку внатре и оттаму неговиот слаб учинок,прашање колку ќе изигра годинава,така да лекарскиот тим на Јуве би требало да го даде последниот збор дали да се чува овој играч уште една сезона
 

Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
ако се зачува Трезеге здрав ниеднед напаѓач нема да биде подобро засилување....со Диего зад него,по потреба и Дел Пиеро,со крило како Пепе кој е неуморен мислам дека пак ќе има одлична сезона.....последниве две повеќе ги помина надвор од теренот отколку внатре и оттаму неговиот слаб учинок,прашање колку ќе изигра годинава,така да лекарскиот тим на Јуве би требало да го даде последниот збор дали да се чува овој играч уште една сезона
Трезеге НИКОГАШ нема повеќе да бдие оној стариот.затоа мислам ако дојде добра понуда за него ќе биде паметно да се ослободиме од него.Се разбира најпрво мора да се купи добар напаѓач.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.032
Поени од реакции
6.054
Требаше Трезеге да се продаде пред 2 години кога имаше понуда од 20 милиони од Барселона.
Бар така се пишуваше тогаш. Сеа е прашање и дали и пола би земале.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom