Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
тогаш Барса беше спремна да одвои доста пари за Трез,меѓутоа остана.....ако е здрав сакам да остане,неговиот стил на игра му налага да игра и до 40 години-шут од прва,волеи,ножички,прекрасно чувство со глава....никогаш ја немал брзината и техника на водење на топка,меѓутоа како забивач е незаменлив

--- надополнето ---

Диего-сигурно најдобриот играч на Јуве моментално....секое размислување за продажба во моментов е чиста лудост
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.954
Поени од реакции
5.576
1.Според зборот шо го имаме засега Диего-Трезеге ни е најдобар напад според мене. Или Алекс - Трезеге (а Диего на плеј - ама на позицијата на Пирло или Чави, поназад од она шо играше лани).
2.Џила во ваквата формација мислам дека и покрај лошата форма е најдобро решение бидејќи таков играч ќе им треба на крилата за да ја турка топката во голот. Пацини е подобар од Џила ама во некоја од формациите со тридент.
1.Од почнувањето на тренинг кампот на Јуве во Пинцоло,Диего имаше задача или како втор напаѓач, или организатор во средината, а на денешниот натпревар постигна еден гол и имал две асистенции,што Тутоспорт и Тутојуве пишуваа дека изминативе 2 дена во Пинцоло поминале во знакот на Диего и неговите одлични игри, и Дел Нери бил воодушевен од прикажаното.Веројатно Диего ќе биде користен како втор напаѓач и можеби како организатор во средината.

2.За Џила мислам дека би бил тотален промашен трансфер, и мислам дека неговото доаѓање нема воопшто да донесе квалитет во нападот на Јувентус,плус Фиорентина нема шанси да го продаде за помалку од 20 милиони. Подобро би се снашол Кавани отколку Џила, а Кавани ќе го чини Јувентус многу поефтино. Имаше шпекулации дека Марота ќе се обидел со Карим Бензема да го стори истото што го стори со Касано во Сампдорија.Се споменуваше позајмица од 1 година,и потоа да се ангажира перманентно за сума околу 20 милиони.Многу се мали шансите да се реализира овој потег,ама мислам дека тоа би бил најдобар за во нападот.Сите напаѓачи кои се поврзуваат со Јуве, сите се проценуваат над 20 милиони, а само Џеко и Бензема од нив ја заслужуваат таа сума.

Агентот на Красич повторно изјави дека Јуве е фаворит за потписот на Красич, и дека Јуве е желбата на играчот. Исто така потврди дека сумата 15 милиони која што ја понудил Марота уште важела. линк
 
Член од
3 август 2009
Мислења
417
Поени од реакции
56
Трезеге НИКОГАШ нема повеќе да бдие оној стариот.затоа мислам ако дојде добра понуда за него ќе биде паметно да се ослободиме од него.Се разбира најпрво мора да се купи добар напаѓач.
По што заклучи дека никогаш нема да биде оној стариот?! Оваа сезона мака мачеше со повреди и пак 2/3 од шампионатот беше прв на листата на стрелци во Јувентус. Само Дел Пиеро успеа да даде повеќе голови од него што јасно кажува каков голгетер е. Јас би го задржал уште оваа сезона па макар и за резерва, само како што кажа некој погоре нека остане неповредуван.
 
Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
По што заклучи дека никогаш нема да биде оној стариот?! Оваа сезона мака мачеше со повреди и пак 2/3 од шампионатот беше прв на листата на стрелци во Јувентус. Само Дел Пиеро успеа да даде повеќе голови од него што јасно кажува каков голгетер е. Јас би го задржал уште оваа сезона па макар и за резерва, само како што кажа некој погоре нека остане неповредуван.
Зашто годините веќе го стигнаа и тешко е после две сезони со повреди да се вратиш како шо си бил во најдобрите години.Тоа е мое мислење.Сите би сакале да биде пак како порано,но мора да бидеме реални и да гледаме реално на работите.Во моментов мора да се купи напаѓач и да се ослободиме од трезеге САМО доколку има добра понуда.
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Зашто годините веќе го стигнаа и тешко е после две сезони со повреди да се вратиш како шо си бил во најдобрите години.Тоа е мое мислење.Сите би сакале да биде пак како порано,но мора да бидеме реални и да гледаме реално на работите.Во моментов мора да се купи напаѓач и да се ослободиме од трезеге САМО доколку има добра понуда.
последни две сезони скоро цел тим беше повреден не само Трезе ,доколку е здрав и подготвен ја не го давам Трезе,таков напаѓач со такво чувство за гол нема нигде.
 
Член од
3 август 2009
Мислења
417
Поени од реакции
56
Зашто годините веќе го стигнаа и тешко е после две сезони со повреди да се вратиш како шо си бил во најдобрите години.Тоа е мое мислење.Сите би сакале да биде пак како порано,но мора да бидеме реални и да гледаме реално на работите.Во моментов мора да се купи напаѓач и да се ослободиме од трезеге САМО доколку има добра понуда.
Епа тоа сакам да ти го кажам. Беше долго повреден, но не изгуби од ефикасноста (нека ти текне на головите со Баерн и Фулам кои што беа типични Трезе-голови) и сега гледам од тренингов што беше постиран ниедна нафрлена не промаши. Значи јас не викам да ни биде прва опција во нападот, но за замена од 60-70мин е измислен. Ама ако понудат како што викаш примамлива понуда.... нека му е со среќа тогаш!!! Валенсија или каде било...:toe:
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
За Јакинта муабетот заборавивте како ја почна сезоната дека бил закон ова она.Повредата си го направи своето али играч како Јакинта треба да се врати во стара форма.Амаури незнам кога покажал една сезона во Јувентус или дали имал над 10 гола некад ???Диего е одличен играч натаму имам високо мислење за него убеден сум дека ако нема повреди сезонава ко лани дека ќе ги оправда парите.Мело има уште една шанса да ги оправда парите ако не мора да се сложиме чист промашај на Секо.Незнам дали такви глупости правеше во Фиорентина што му стана незнам изиграва тајсон на терен
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.954
Поени од реакции
5.576
Епа тоа сакам да ти го кажам. Беше долго повреден, но не изгуби од ефикасноста (нека ти текне на головите со Баерн и Фулам кои што беа типични Трезе-голови) и сега гледам од тренингов што беше постиран ниедна нафрлена не промаши. Значи јас не викам да ни биде прва опција во нападот, но за замена од 60-70мин е измислен. Ама ако понудат како што викаш примамлива понуда.... нека му е со среќа тогаш!!! Валенсија или каде било...
Трезеге има чувство за гол,што ретко кој друг напаѓач го има истото.И со толку повреди и отсуства од теренот,Трезеге беше втор стрелец на Јувентус минатата сезона(18 настапи, 7 гола),факт што доволно говори за неговата класа и фудбалско педигре-ШАМПИОН.Се сложувам дека Трезеге е идеален за замена и може да изигра на високо ниво кога е потребно,но реално не верувам дека Трезеге би се сложил цела сезона да биде замена.

Диего според последните најави е тргнат од трансфер маркетот.Се шпекулираше дека Диего беше дел од понудата на Јувентус за Џеко,но според последните информации Јуве ќе се обидат наместо со Диего, во преговорите да ги вметнат некои од Поулсен,Григера,Трезеге итн, а според Германските медиуми, Јуве и Џеко ги имаат договорено личните услови на играчот. линк
 
Не верувам мислам дека е измислица кој е тој трансвер прво да се договори со играчот?од секогаш треба прво клубот да прифати после играчот ова се глупости за мене
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Не верувам мислам дека е измислица кој е тој трансвер прво да се договори со играчот?од секогаш треба прво клубот да прифати после играчот ова се глупости за мене
Шо тресеш?
Челниците на Јувентус се договориле со агентот на Џеко околу личните услови на играчот (плати, премии итн), сеа останува уште двата клуба да дојдат до заедничко решение и договорот да биде потпишан. Нешто слично како и со Красич. Јуве ги има договорено личните услови со Красич, но ЦСКА бара 18милиони пари кои Јуве во моментов несака да ги дае за играч на кој набрзо му истекува договорот.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Шо тресеш?
Челниците на Јувентус се договориле со агентот на Џеко околу личните услови на играчот (плати, премии итн), сеа останува уште двата клуба да дојдат до заедничко решение и договорот да биде потпишан. Нешто слично како и со Красич. Јуве ги има договорено личните услови со Красич, но ЦСКА бара 18милиони пари кои Јуве во моментов несака да ги дае за играч на кој набрзо му истекува договорот.
Набрзо?за година дена.Џабе му е договорот ако не се договорат со клубот како што треба
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.954
Поени од реакции
5.576
Диего повторно блескал на денешниот тренинг.Имал неколку успешни продори,додавања и шутеви кон голот, а во денешниот тренинг натпревар повторно бил користен како втор напаѓач, а денеска партнер во нападот му бил Трезеге, а во другиот тим играле Дел Пиеро и Амаури. линк
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
Диего повторно блескал на денешниот тренинг.Имал неколку успешни продори,додавања и шутеви кон голот, а во денешниот тренинг натпревар повторно бил користен како втор напаѓач, а денеска партнер во нападот му бил Трезеге, а во другиот тим играле Дел Пиеро и Амаури. линк
добро е шо диего мислам дека почнува да ја врака формата која ја имаше во вердер но немора да значи сеа нишо се надевам дека ке ја зачува и во текот на нареднава сезона со следува ... но сепак ке видиме има време ...иначе мислам дека требит да се сменат напагачите како и амаури како и трезеге како и алекс и јакинта веке ги гази староста ... мора да се земат помлади напагачи
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom