Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
па мислам најавен беше за овај меч ако не е така нека ме поправи некој:smir:
 
да не сакаш Григера да го гледаш?:)

Не знам кого сакам да гледам веќе. игра григера катастрофа, овој другиот на изглед мислиш го бива али 1 минута му е потребна да ја посере целата работа не знам јас што со овие нашиве, тој пак што сакам да го гледам десно, ќе умре повреден.
 
Како и да е , најбитно е дека победивме, али мора да се направат некои промени. Најпрво на клупата. Нека учат Блан и Секо од мистер Бетега , како дечиња беа покрај него. Блан се гледа дека нема две чисти од фудбал. Можеби типот е добар на финансиски план , али на фудбалски и катастрофа.
Претседателот мора да биде човек кој што знае добро да го менаџира финансискиот сектор на клубот. За купување играчи, избор на тренер, тука се Спортскиот директор, итн. Така беше и пред Коболи Џиљи да го стават за Претседател, така беше и кога Џиљи беше Претседател,така беше и кога Претседател на Јувентус беше Chisuano, големиот пријател на Џањи Ањели.

Јуве ќе биде првиот Италијански тим кој ќе има сопствен стадион, и со самото тоа нема да мора да се даваат огромни кирии на градските власти во Торино (10-15 милиони евра годишно), исто така ќе има свои пропратни објекти во стадионот (продавници за спортска опрема, трговски центар итн) со што ќе придонесе да се зголемат приходите на тимот во иднина а со самото тоа ќе се зголемува и буџетот за трансфери. Тоа е одличен потег.
 
Баш така, се очекува стадионот да донесе многу дополнителни средства кои може да се користат за трансфери. Исто така Јувентус е еден од малкуте големи клубови во светот кои се немаат задолжено и не враќаат кредити. Тоа значи дека може да очекуваме интересен трансфер период во Јуни.
 
Претседателот мора да биде човек кој што знае добро да го менаџира финансискиот сектор на клубот. За купување играчи, избор на тренер, тука се Спортскиот директор, итн. Така беше и пред Коболи Џиљи да го стават за Претседател, така беше и кога Џиљи беше Претседател,така беше и кога Претседател на Јувентус беше Chisuano, големиот пријател на Џањи Ањели.

Јуве ќе биде првиот Италијански тим кој ќе има сопствен стадион, и со самото тоа нема да мора да се даваат огромни кирии на градските власти во Торино (10-15 милиони евра годишно), исто така ќе има свои пропратни објекти во стадионот (продавници за спортска опрема, трговски центар итн) со што ќе придонесе да се зголемат приходите на тимот во иднина а со самото тоа ќе се зголемува и буџетот за трансфери. Тоа е одличен потег.

За тоа нема збор.Човекот извлече пари и за стадион,и за играчи.Летоска колку пати рече дека Јуве е еден од малкуте тимови во светот со избалансирани „книги“.Што значи со минимални инвестиции од страна,а со многу заработени пари да се гради иднината на клубот ...
 
Да бе!:haha::haha:


Да да најавен беше како повреден :haha:

2 Caceres
3 Chiellini
4 Felipe Melo
6 Grosso
7 Salihamidzic
8 Marchisio
10 Del Piero
11 Amauri
12 Chimenti
13 Manninger
15 Zebina
17 Trezeguet
18 Poulsen
20 Giovinco
21 Grygera
28 Diego
29 De Ceglie
30 Tiago
33 Legrottaglie
34 De Paola
41 Pinsoglio
 
Морав... :pos:

13537_1206750218314_1515436943_30723244_2484726_n.jpg
 
На денешниот натпревар на трибините близу ложата на нашата управа имало навијач на Јуве кој му се дерел на Блан во фаца, цитирам: Ти си најбедниот претседател во овој клуб. Немаш никаква врска со Јувентус. Само еден човек може да го спаси клубот, а тоа е човекот со белата коса до тебе (мислејки на Бетега). Заворен цитат.
Во вториот дел токму Бетега бил предмет на шега од страна на главниот на безбедноста во Парма. Му се обратил на Бетега со зборовите: "Juve are a team of boots" (ма да не го разбирам затоа што е преведено преку гугл транслејт) или на италијански "la Juve è una squadra di scarponi" - кој знае нека преведе убаво.

На крајот се се завршило со поздрав на таков начин како што заврши, а камерата успеа да го фати тој момент.

Околу натпреварот,
Воопшто не ми се допадна играта. Чиста срека за нас што Кастелини заборави каде напаѓа па си го збрца без срам и перде. Нашиве по целиот терен трчаа како банда без команда и не му се знаеше на ниту еден точната задача. Во последните 20 минути не набутаа во 16, како да се игра натпревар Барса - Јувентус, а не Парма - Јувентус. Едвај вадевме жива глава, благодарение на Чиелини. Никаков флуид во играта и без никаков потенцијал за подобрување. Гарантирам дека и до крајот на сезоната да не води Ферара нема да видиме ништо подобра игра од сегашнава. Никој не е задоволен, а верувам дека и управата гледа што се случува и дека попладнево победи само среката на Чиро. Знаењето, мотивацијата, тактичката поставеност, визијата - очигледно дека Чиро ги заборавил дома.

Сатаната замина па моментално за дрво број 1 во клубот мртва трка до последен здив ке се води меѓу Легро и Амаури.:pop:
Легро појке ми личи на некој уметник на апстрактни дела, а Амаури му советувам да се проба во некоја друга професија.
Грбавиот денес не успеа да шутне ниту еднаш на противнички гол:icon_lol:. Поголем ашов од овој - амин.
Легро си е Легро. Ми се плаче кога ке треба да го коментирам. Не го коментирам.

Бидна што бидна, следниот натпревар е против Милан. Не очекувам ништо. Ке чекам само да дојде тој натпревар и повторно да гледам дежа ву!
 
тој цел живот е повреден,ко да има некоја мистериозна повреда

Зебина три години нема заиграно асално. Демек направи операција и се очекуваше се да биде во ред , али ништо. Можеби му ја згрешиле дијагнозата на човеков , а и којзнае можеби земал нешто недозволено бидејќи трчаше како вол кога беше здрав , па сега си влече последици од тоа , за кои несмее да се збори во јавност.


Еве ја реакцијата на Бетега.
 
2 Caceres
3 Chiellini
4 Felipe Melo
6 Grosso
7 Salihamidzic
8 Marchisio
10 Del Piero
11 Amauri
12 Chimenti
13 Manninger
15 Zebina
17 Trezeguet
18 Poulsen
20 Giovinco
21 Grygera
21 Grygera
28 Diego
29 De Ceglie
30 Tiago
33 Legrottaglie
34 De Paola
41 Pinsoglio
Епа гледаш со црвено:haha::haha::haha:
 
Ова е тоа што фали бе, вакви ни требаат повеќе - респект за Бетега!


...има зеленко од мене :back:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom