- Член од
- 3 февруари 2010
- Мислења
- 570
- Поени од реакции
- 69
И јас мислам дека треба да му се даде втора шанса на Диего. Според мене он, Келини, Маркизио, Дел Пиеро и Џиџи највеќе се залагаа за тимот. Факт е дека и Диего сноси дел од вината, но факт е и дека немаше со кој да игра. Едноставно сезонава никој не изигра на потребното ниво освен Келини. Мислам дека треба да го играме како втор напаѓач и мислам дека со самото тоа што ќе биде поблиску до голот ќе биде многу поопасен.
Гледам се вртат некои шпекулации за Банега. Дечкото имаше феноменална сезона во Валеснија и би било супер да се донесе. Во средината би биле одлична двојка со Маркизио, а како нивна замена Мело и Поулсен, а Сисоко на продажба. Сисоко премногу се повредува, а и тоа што го изигра сезонава беше мизерно. Мене лично Сисоко ми е еден од омилените но мислам дека треба да се продаде.
Одбраната треба да ни биде приоритет. Отсекогаш била наша најсилна страна, а и факт е дека одбраната ги добива натпреварите. Интер сезонава освои се највеќе поради силната одбрана. Впрочем и италијанската филозофија за фудбалот е „да не се прими гол, а ако дадеме тоа е плус“. Се надевам дека Дел Нери ќе ја даде потребната цврстина на одбраната, а и на целата екипа како целина. Сампдорија сезонава беше една од физички најспремните екипи во Серија А.