Последниве утакмици Поулсен е еден од најдобрите поединци на терен, па ова отсусвто на Момо нема да не боли толку. Против Наполи смее да има само еден епилог - победа! Се друго е катастрофа!
Иначе денес била донесена одлука за нов генерален спонзор, и замена за New Holland логото на дресовите. Откривање за кој се работи би требало да има наредниве денови.
Поулсен игра одлично, и заслужува првотимски статус.
Нов главен спонзор на Јуве се споменува дека е Кладилницата
BetClic, која и сега е спонзор на клубот.
Gazzeta Dello Sport пренесува во која насока ќе се одвива реконструкцијата на Јувентус наредната сезона:
Тренер - Сигурно е дека Закерони не останува на тренерското столче на Јувентус. Фаворити да го заменат перманентно се Прандели и Бенитез.
Одбрана - Сигурно останува само Киелини. Гросо,Канаваро,Зебина се играчи кои според весникот се играчи кои сигурно ќе го напуштат клубот, а можно е да останат Григера,Легротаље а Касерес дали ќе биде задржан ќе зависело од преговорите со Барселона.
Среден Ред - Сигурно од средниот ред останува само Маркизио.Се наведува дека се размислува да се продаде Фелипе Мело поради недоразбирањата со навивачите, а се наведува дека можно е да остани Поулсен, но само ако се сложи да игра за помала плата. Gazzeta Dello Sport пишува дека можно е да се продаде и Сисоко поради послабата форма од минатата сезона.
Напад - Од нападот сигурно останува само Јакинта.На Трезеге договорот му завршува во 2011 година, и според Gazzeta ова е последната година на Французинот во дресот на Јувентус. Според Gazzeta Јувентус е спремен да ги продаде Амаури и Диего ако добие примамлива понуда за нив, а се наведува дека можно е да се продолжи договорот со Дел Пиеро на уште една година.
Менаџмент - Gazzeta наведува дека позицијата на Блан ќе биде редефинирана, а ќе биде поставен друг Претседател. Бетега ќе биде поставен како нов Генерален Директор, а ќе биде донесен уште едно познато фудбалско име кое заедно со Бетега ќе се грижат за трансферите.Исто така, Gazzeta најавува дека е под знак прашалник позицијата на Секо, кој по се изгледа дека во Јуни ќе му заврши соработката со Јуве како Спортски Директор.