Одлична изјава на Роберто Бетега!
Во изминативе 2 сезони, никој од Раководството на Јувентус немаше изјавено ништо во однос на голот со рака на Адриано,запирањето со рака и постигнувањето гол на Ибрахимович, голот на Ибрахимович од 3 метра во офсајд итн, а Мурињо одвај чека некоја судиска грешка која ќе оди во прилог на Јувентус, и веднаш да почне да напаѓа.Тоа најверојатно го прави со цел медиумите и новинарите да се занимаваат со непостоечкиот пенал на натпреварот Јуве-Џенова,а со тоа да се зголемува притисокот врз Јувентус.
А, Фелипе Мело денеска имал средба со навивачи на Јувентус каде им ветил дека секогаш игра со намера да победи, и ќе го даде максимумот тоа да го прави и во дресот на Јувентус.
Во моментов е финалето на Вијареџио Купот, Јуве во моментов има предност од 3-0 против Емполи. 2 гола ги постигна Иммобиле кој најверојатно ќе ја добие наградата за најдобар играч на Купот, и третиот гол го постигна Јаго.