И јас мислам дека се работи за судиска грешка. Реално, пеналот денеска што му беше досуден на Јувентус, факт е дека не постоеше, но Мурињо го напаѓа Јувентус, а притоа заборава дека тимот каде што е тренер доста профитирал од судиски грешки. Можеби на овој натпревар на Јуве му досудиле непостоечки пенал, но на минатиот со Џенова на Јуве му поништија 2 гола (еден регуларен, еден дискутабилен), факт е дека на натпреварот Јуве-Болоња, на Јуве не му беше досуден пенал кога играч од Болоња ја фати топката со рака во сопствениот 16тик,и факт е дека ако беше досуден пеналот Јуве немаше да изгуби 2 бода со примениот гол во последна минута. Кај беше тогаш Мурињо да изјави дека Јуве се оштетени?