1-1..Можеше за малку да биде и пораз, но јас искрено не сум задоволен со нерешениов резултат, но како и да е, првенството продолжува, и за следната сезона Управата треба сериозно да си ја свати работата, и да ги пополни дупките..Одбраната плачи за ремонт, и тука очекувам најмногу интервенција во на трансфер пазарот..
Буфон - секоја чест за интервенциите денеска..
Григера - Играше добро до кај 25-30 минута, после си почна по старо - балетански...Но, гол даде и тоа го ваѓа од калта..
Легротаље - топло-ладно, направи неколку грешки, расеан по теренот, не му беше и нему денот..
Киелини - ѕвер..Тој ја држеше цела одбрана, и кога во дуелот со Ибро беше удрен по нос, си реков дека му се поврати повредата, ама на крајот супер излезе...
Молинаро - Се гледа дека влегува во константно добра форма...Дури играше, солидни бевме по таа лева страна..Браво за Молинарово...
Маркиони - Слабо, слабо..Имаше две предобри шанси, кои МОРАШЕ да ги искористи многу подобро, а тој си дава преголем фор..Посебно на првата шанса, можеше многу лесно да го доведе резултатот во наша корист..Дефинитивно денеска најслаб на теренот.. Па уште прави лути фаци кога беше заменет:nerv:
Tиаго - Спаси чист гол, но потоа резил..Потпадна под притисокот и направи слалом од фаули и доби заслужен црвен картон..Инаку, не играше толку слабо колку минатите натпревари, но сепак,неговата игра е слаба е за во Јувентус...
Поулсен - слаб натпревар и за него..И тој потпаѓаше под притисокот, и често правеше грешки...
Недвед - Секоја чест за Чешкава Фурија..Изигра МАКСИМАЛНО добро, тој ја држеше цела средина денеска..Браво, едноставно за него е многу тешко и практично невозможно да најдиме замена, бидејќи е незаменлив..Браво за него..Се надевам дека сите натпревари ќе ги игра во ова светло..
Дел Пиеро - Неговата игра последниве натпревари е непрепознатлива..Се труди, поддава, имаше добри потези, но сепак не е оној Дел Пиеро на кој сум навикнат да го гледам..Се надевам дека ќе се поправи за со Лацио вСреда...
Јакинта - Се трудеше, се ослободуваше, но средината не изигра доволно добро за да му создаде шанса..
Џовинко - не беше лош..
Трезеге - незабележителен, но не го укривувам..Кога влезе, одма Тиаго доби црвен картон, и немаше ама баш ниту малку употребливи топки од средината...
Де Чеље - Очигледно дека подолгата пауза поради повреда влијаела врз неговата форма, и тој беше 90% виновникот што примивме гол...
Раниери - Требаше малку поинаку да реагира кај играчите, особено во советите за пристапот кон натпреварот..Џовинко можеби требаше да влези многу порано, и тоа на местото на Маркиони, зошто Маркиони многу слабо играше..
Очигледно многу е приметливо отсуството на Сисоко во средината, плус Маркизо, плус Каморанези кој често пати знаел да го решава Интер, и Интер нема толку убави спомени од него.. Очигледно дека Сисоко е НЕЗАМЕНЛИВ во средината, помага во одбраната имаме многу постабилна одбрана кога тој игра пред нив..Но што е тука е, и се надевам дека на наредниот натпревар против Лацио ќе славиме победа, и се надевам дека ќе славиме пласман во финалето на Купот на Италија..Не е толку битен трофеј, но во моментов имаме 9 трофеи, и добро би било да бидиме првиот Италијански тим со 10 освоени Купови...
Се надевам дека Секо ќе си го исполни ветувањето, дека влето ќе бидат донесени неколку големи потписи како што тој ги нарече самиот и дека вгодина поинаку ќе се одвиваат работите во Јувентус..Ова му е последна сезона на која ќе им држи Сериа Б како причина за неосвојувањето на трофеи...