Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.331
Поени од реакции
6.013
Не го сакам Станкович во Јуве и да е најдобриот фудбалер на светот, а не пак еден обичен српски лузер кој игра во Шинтер.
Навивачите најмногу не го сакаа поради фактот што Јуве го бараше Станкович уште кога играше за Лацио, но тој го одбра Интер, и мислам дека тоа е најголемата причина што навивачите не го сакаа Станкович во Јуве.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.251
Поени од реакции
8.168
Навивачите најмногу не го сакаа поради фактот што Јуве го бараше Станкович уште кога играше за Лацио, но тој го одбра Интер, и мислам дека тоа е најголемата причина што навивачите не го сакаа Станкович во Јуве.
Да, токму тоа беше причината поради која навивачите на Јуве не го сакаа Станкович и мислам дека беа во право. Дури кога помисли дека местото во првиот тим на Интер не му е загарантирано тој посака да премине во Јувентус. Епа Јуве не се собирачи на отпад од разни екипи.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.331
Поени од реакции
6.013
Да, токму тоа беше причината поради која навивачите на Јуве не го сакаа Станкович и мислам дека беа во право. Дури кога помисли дека местото во првиот тим на Интер не му е загарантирано тој посака да премине во Јувентус. Епа Јуве не се собирачи на отпад од разни екипи.
Точно. Веднаш почна да дели комплименти дека Јуве е голем клуб, и дека му е чест бидејќи таков клуб се интересира за него итн. A Moлинаро е во најлошиот тим на последното коло во Сериа А, според Скај Италија а и на goal.com.

Според гол.ком, Алесио Секо и Директорот на Скаутите на Јуве, Ренцо Кастањини го следеле десниот бек на Крузеиро, Џонатан, а исто така се споменува како опција.

Можните стартери за натпреварот против Сампдорија. Според оваа формација повторно Џовинко нема да биде во првиот состав и мислам дека тоа е погрешно. Џио изигра одлично против Макаби и мислам дека заслужи да биде прв состав, поготово кога двајца напаѓачи се повредени.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Не го сакам Станкович во Јуве и да е најдобриот фудбалер на светот, а не пак еден обичен српски лузер кој игра во Шинтер.

Баш би бил среќен некојод браќата срби да игра во Јуве, но за беља нема многу јуве материјал. Деки е „добар“ играч, не е одличен ама дефинитивно би бил корисен. Проблемот кај него е шо има јадено многу гомна во времето на манчио.

Одлична вест. Алекс се враќа токму кога е најпотребен, и се надевам дека ќе биде од огромна корист.

Џон Елкан изјави дека сезонава нема да прифати ништо помалку од Скудетото и 1/4 финале во ЛШ. линк

Oд денес Блан е новиот Претседател на Јувентус. линк
1. Баш ме интересира како ќе играме со Алекс и Диего во тимот :vozbud::vozbud:
2. Мала поправка за Елкан. Рече дека нема да биди задоволен во 2ро место и final eight round шо во слободен превод е најмалку полуфинале.
3. Со среќа нека му е на Блан и многу успеси да има како прецедател
 
Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
А како сакаат Џовинко да прерасне во голем играч кога еден натпревар игра па пет неигра. Со Макаби изигра супер , направи доста продири , изнуди доста жолти картони. Без него во составот немаме играч кој може да повлече. Ферара се заебал ако мисли дека секој натпревар може да го победуваме како оној со Сиена. Без создадени шанси ... едноставно на среќа , при прекин доколку скокне некој. КОга дојде во Јуве најави офанзивна игра ... а ние сезонава неможеме да постигнеме ниту два гола на натпревар , а камоли повеќе. Факт е дека тој е дефанзивец , нормално е играта да ја базира на одбраната ... али тоа не е онаа игра која што ја сакаат навивачите. , а и слободно може да се каже дека тоа не е игра која дава којзнае какви резултати.
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Како прво, честитки до Блан, сосема заслужена функција во управата. Едно срдечно зборум до Џиљи, кој и онака не ме импресионираше, а сигурен сум дека не само и мене, туку и другите навивачи. Блан е најспособен од сите што ги имаме во одборот на директори, и сигурен сум дека добро ќе си ја заврши работата и на оваа фунцкија. Со среќа нека му е.

Добра вест е и брзото опоравување на Дел Пиеро. И те како ни е потребен во моментов. Го немаме видено со Диего во тандем којзнае од кога...

За формацијата утре со Сампдорија, би било најдобро да играме со 4-2-3-1, од проста причина што сигурен сум дека Самп ќе ни дозволат да ја имаме контролата на топката, и ќе чекаат да не загрозат на некоја контра, кои им се специјалитет бај д уеј, а во тој случај со 3 поофанзивни средишни играчи и 2 подефанивни, мислам дека супер ќе изиграме. Факт е дека Пацини им е нај ин-форм играч моментално, но особено внимание треба да се обрне на Касано. Доколку им го спречима Касано, ќе бидат доста послаби, баш како што нас ни правеа со Диего. Имаат и други опасни играчи (Паломбо, Манини, Станкевичиус), така да не се за потценување како што сите знаеме. Не очекува еден од најтешките мечеви во првенството, така да треба да се излезе со најјак можен состав и со најсоодветна формација. Се надевам Чиро ќе го надитри Дел Нери во тој поглед...
 
Да дополнам малку околу промената на прецедателската позиција. Мање више сите сме задоволни од наименувањето на Блан на таа позиција. Е сега мал коментар околу Џиљи.

Незнам шо толку го плукате човекот. Ајде не викам дека типот беше доналд трамп за водење бизнис па беше совршен прецедател. Уште појќе нема совршенство. Е сега да се вратам на позицијата, тука никој не знај како е и кои се/биле неговите обврски. Она шо можиме да го заклучиме е дека „релтивно“ брзо успевме да се вратиме и да бидиме компетитивен состав и да работиме успешно како компанија (нели салдото беше во плус). Не велам дека ова се исклучиво негови заслуги напротив сигурно се на некои бистри глави кои гнијат по канцеларии и моќници кои успешно влечат конци. Меѓутоа она шо е битно е дека во негово време имавме нагорна линија на развој и тоа во исклучително лош период. Се на се имавме успешно раководење на клубот од негова страна и фала му за се шо направи за клубот.
 
Не плукаме де, само кажав дека не бев импресиониран од неговата работа во тимот... Човекот (барем лично кај мене) немаше авторитет за председател, кога и да кажеше нешто на медиумите беше глупост, подлегнуваше често на провокации, и после Стојко му беше крив... Ок си беше, но Блан е каде каде поспособен од него за вршење на оваа функција.

Бај д уеј, Касерес скршил нос, нема да го има на мечот утре... :tapp:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.331
Поени од реакции
6.013
На денешниот тренинг, при еден дуел Канаваро му го скршил носот на Касерес несакајќи, при што Касерес ќе биде подложен на оперативен зафат. линк
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Не плукаме де, само кажав дека не бев импресиониран од неговата работа во тимот... Човекот (барем лично кај мене) немаше авторитет за председател, кога и да кажеше нешто на медиумите беше глупост, подлегнуваше често на провокации, и после Стојко му беше крив... Ок си беше, но Блан е каде каде поспособен од него за вршење на оваа функција.
Кажав и јас дека повеќе очекувам од Блан. За Џиљи можам да кажам дека си донекаде во право но сепак сакам да гледам на позитивните работи кои сите ги прескокнуваме.

Ајде еве друга тема за муабет. Квалитетен текст на трач.ком за состојбата на италијанскиот фудбал

http://goal.com/en/news/1717/editorial/2009/10/27/1586401/calcio-debate-italian-teams-are-becoming-too-english
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.331
Поени од реакции
6.013
Незнам шо толку го плукате човекот. Ајде не викам дека типот беше доналд трамп за водење бизнис па беше совршен прецедател. Уште појќе нема совршенство. Е сега да се вратам на позицијата, тука никој не знај како е и кои се/биле неговите обврски. Она шо можиме да го заклучиме е дека „релтивно“ брзо успевме да се вратиме и да бидиме компетитивен состав и да работиме успешно како компанија (нели салдото беше во плус). Не велам дека ова се исклучиво негови заслуги напротив сигурно се на некои бистри глави кои гнијат по канцеларии и моќници кои успешно влечат конци. Меѓутоа она шо е битно е дека во негово време имавме нагорна линија на развој и тоа во исклучително лош период. Се на се имавме успешно раководење на клубот од негова страна и фала му за се шо направи за клубот.
Финансиите во Јувентус ги вршеше токму Блан, и тој е најзаслужен за финансиската стабилност на Јувентус. Блан е многу близок пријател со Џон Елкан, човек кој има совршено образование, и е многу респектиран човек во ИФИЛ (Ексор), компанијата во сопственост на Џон Елкан, која го поседува и Јувентус. Новиот стадион на Јуве се смета како најголем успех на Жан Клод Блан, и тој е најмногу заслужен што Јуве ќе биде првиот Италијански тим што ќе поседува сопствен стадион, и тоа е повеќе од голем успех.

Коболи Џиљи ја презеде функцијата Претседател на Јуве, во најтешкиот момент во историјата на Јуве, а тоа е префрлањето во Сериа Б, и реално е факт дека не може да се споредува со другите Претседатели на Јуве, токму поради таа причина.Често му се префрлаше дека е премногу толерантен кон оние што го напаѓаа Јуве преку медиумите. Тој ќе добие нова функција во ФИАТ Корпорацијата, а за брзо време ќе се назначи човек кој ќе застане на позицијата која му припаѓаше на Блан.

Блан изјави дека Алесио Секо ќе продолжи да ја врши функцијата Спортски Директор и понатаму и дека има потполна верба во него. Исто така го пофали поради неговиот ангажман во трансферот на Диего со оглед дека доста тимови биле заинтересирани за него, Секо извршил клучна улога во успехот да се донесе Диего во Италија.

1 Buffon
3 Chiellini
4 Felipe Melo
5 Cannavaro
6 Grosso
11 Amauri
13 Manninger
16 Camoranesi
17 Trezeguet
18 Poulsen
19 Molinaro
20 Giovinco
21 Grygera
22 Sissoko
23 Ariaudo
28 Diego
29 De Ceglie
33 Legrottaglie
40 Immobile

Повиканите за утрешниот натпревар.

Повикан е Имобиле. Можеби ќе добие шанса да покаже што знае и умее против Сампдорија.
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Повредата на Касерес значи дека Зденко ќе го чува Касано... господи помилуј!:pop:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.331
Поени од реакции
6.013
Повредата на Касерес значи дека Зденко ќе го чува Касано...
Чудно но Григера секогаш игра добро кога против себе има појак играч. На Peace Купот имаше одлична партија против Роналдо, минатата сезона против Робен и Дренте се покажа одлично, и да се надеваме дека и утре ќе покажи таква партија. Најверојатно ќе има помош и од Мело, зошто најверојатно Чиро ќе излезе со 4-2-3-1 формација.

Браво за Чиро. Убаво му врати на изјавата на Лузерот Раниери во врска со Дејан Станкович:

"I don't regret that Stankovic wasn't bought, he is doing well but I'm happy with the players I've got. The situation isn't like Ranieri said, considering that I've been in Turin for 15 years and Juve have never been stopped by the fans. The case of [Fabio] Cannavaro shows this."
„Јас не се жалам зошто Станкович не беше купен, тој игра добро, но јас сум среќен со играчите што ги имам. Ситуацијата не е како што рече Раниери, и ако се земе во предвид дека јас во Торино бев 15 години, никогаш Јуве не бил блокиран од навивачите. Случајот со Канаваро го покажува тоа.“

Одличен одговор на Чиро, бидејќи не му е прв пат на Раниери друг да обвинува за своите откази и неспособности. Тоа го правеше обвинувајќи го Абрамович во Челзи, играчите на Валенсија и најновото фановите на Јуве.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
723
Поени од реакции
24
aj sakam informacija dali utre go davat na Telma Sampdoria-Juve ?

Na Tv Programata na telma.com.mk ne pisuva deka utre ima italijansko prvenstvo, pa i zatoa sakam da znam dali davat ili ne?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom