Како прво, честитки до Блан, сосема заслужена функција во управата. Едно срдечно зборум до Џиљи, кој и онака не ме импресионираше, а сигурен сум дека не само и мене, туку и другите навивачи. Блан е најспособен од сите што ги имаме во одборот на директори, и сигурен сум дека добро ќе си ја заврши работата и на оваа фунцкија. Со среќа нека му е.
Добра вест е и брзото опоравување на Дел Пиеро. И те како ни е потребен во моментов. Го немаме видено со Диего во тандем којзнае од кога...
За формацијата утре со Сампдорија, би било најдобро да играме со 4-2-3-1, од проста причина што сигурен сум дека Самп ќе ни дозволат да ја имаме контролата на топката, и ќе чекаат да не загрозат на некоја контра, кои им се специјалитет бај д уеј, а во тој случај со 3 поофанзивни средишни играчи и 2 подефанивни, мислам дека супер ќе изиграме. Факт е дека Пацини им е нај ин-форм играч моментално, но особено внимание треба да се обрне на Касано. Доколку им го спречима Касано, ќе бидат доста послаби, баш како што нас ни правеа со Диего. Имаат и други опасни играчи (Паломбо, Манини, Станкевичиус), така да не се за потценување како што сите знаеме. Не очекува еден од најтешките мечеви во првенството, така да треба да се излезе со најјак можен состав и со најсоодветна формација. Се надевам Чиро ќе го надитри Дел Нери во тој поглед...