Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Јуве во поход на Минхен
пазете момент 0:33 хахахх се згазив:):)

на 1:07 Молинаро изглеа игра psp:):) знае дека нема да игра :)
Само мора да се признае Легро ни е најголемиот фраер во тимот, после него одма иде Џиџи!
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.331
Поени од реакции
6.012
Едвај чекам да заиграат Момо и Мело заедно! Мело ми станува еден од омилените Јувентини, со каков жар влага во секој дуел и колку само се остава на терен. Тоа е за почит! Не се надевав дека ќе кажам вакво нешто ама испаѓа дека Секо бил ѕверотиња на трансфер пазарот, го купи Мело и покрај тоа што Моџи сереше за него!
Мело се покажа како квалитетно засилување. Многу стручњаци во Италија сметаа дека 25 милиони се многу за Мело, но сигурен сум дека ќе ги оправда до максимум во дресот на Јувентус, а на добар пат е да се случи тоа, огромен мотиватор, голем борец на средината на теренот и што е најважно на секој натпревар го остава својот максимум на терен што е за почит.Статистички гледано, Мело е прв на топ листата со најмногу успешни пасови во Италијанското првенство досега, што јасно говори за тоа колку е корисен за тимот. Има избувлив карактер, лесно влегува во можеби непотребни караници, при што често знае да заработи и некој картон повеќе, но сепак неговиот придонес за тимот е од големо значење. Со враќањето на Сисоко на терените, заедно со Мело, Диего, Каморанези, а и Маркизио и Тиаго мислам дека Јуве ќе биде доста подобар во дефанзивните задачи, а мислам дека Сисоко со Мело ќе бидат многу помлада и поуспешна верзија од тандемот Емерсон-Виеира, од времето на Дон Фабио Капело.

А Секо одлично си ја сработи работата летниот трансфер рок. Во Јуве дојдоа доста силни фудбалери, кои се испоставува дека се одлични потези на управата. Пред се Диего, Мело а и Канаваро е одличен потег со оглед на тоа што Јуве го ангажираше за без пари (освен платата) а доби цврст и стабилен централно дефанзивен фудбалер, кој игра во неверојатна форма кога се пресели во Јуве, форма во која веруваа малкумина од фудбалските стручњаци со оглед на неговите настапи во Реал, но Канаваро успеа да докаже дека неговото време не е завршено, што е очигледно, и е факт, дека кога Канаваро игра во Јуве, одбраната е многу подобра и поконсолидирана. Се надевам дека ќе се врати што е можно побргу на терените. А за Диего нема коментар. Играч кој е во ТОП 5 најдобри фудбалери.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.331
Поени од реакции
6.012
Според Тутоспорт и Тутојуве, Диего сеуште не е сигурно дали ќе го започни вечерашниот меч од стартот или ќе влези во второто полувреме, а како што се најавува нема да се знае до самиот старт на средбата како ќе одлучи Ферара.

Вчерашно интервју на Диего:

 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Колкугодишен беше договорот кој Јуве го потпиша со New Holand за спонзорство ? ( а со тоа и рекламирање на компанијата на дресовите на Јуве ) .
Мислам дека беше три годишен али не сум сигурен. Ако е така тогаш ова е последна сезона на New Holand на дресовите на Јуве.
Моментални и идни најголеми спонзори на Јуве се SportFive и Sony Ericsson. Според последните информации раководството на Јуве одбило Sportfive да биде името на новиот стадион и дека големи шанси му се дава на јапонско - шведскиот производител на телефони да го носи името на новиот стадион Sony Ericsson Arena

Нормално е дека сите повеќе сакаме да стадионот го носи името на Џани Ањели , или пак на некоја ѕвезда на Јуве од минатото ( пример Гаетано Ширеа ) , али сепак повеќе од јасно е дека спонзорите се оние кои се заслужни за неговата изградба , а со тоа и нормално е дека тие ќе го добијат името. Мене лично не ми се допаѓа ни едното ни другото али сепак сони Ериксон звучи подобро :toe: ( за мене ). Нема многу стадиони ( посебно не на големите клубови ) кои носат имиња на стадиони од нивни спонзори, а за пример може да служат Филипс Арена на ПСВ , Рибок на Болтон ... и други не ми текнува :D.

А вечер ... Баерн - Јуве 0:1 ... стрелец Диегито !
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Нема многу стадиони ( посебно не на големите клубови ) кои носат имиња на стадиони од нивни спонзори, а за пример може да служат Филипс Арена на ПСВ , Рибок на Болтон ... и други не ми текнува :D.
!
Како бе не ти текнува а најјаката Alianz Arena ?? :helou:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.331
Поени од реакции
6.012
Колкугодишен беше договорот кој Јуве го потпиша со New Holand за спонзорство ? ( а со тоа и рекламирање на компанијата на дресовите на Јуве ) .
Мислам дека беше три годишен али не сум сигурен. Ако е така тогаш ова е последна сезона на New Holand на дресовите на Јуве. Според последните информации раководството на Јуве одбило Sportfive да биде името на новиот стадион и дека големи шанси му се дава на јапонско - шведскиот производител на телефони да го носи името на новиот стадион Sony Ericsson Arena
NEW HOLLAND е марка на багери, и тој бренд е сопственост на Џон Елкан, т.е. New Holland е дел од ФИАТ групацијата, како што се Ферари и Дукати, и не верувам дека Јувентус има некоја добивка од тоа што New Holland им се рекламираат на дресовите.

SportFive ја финансира изградбата на новиот стадион, и сноси 50% од трошоците во замена за името на Стадионот. Договорот е потпишан (минатата сезона), и 100% новиот стадион барем во наредните 7 години (за колку се смета дека постои договор), ќе носи име кое ќе го одбери Спортфајв, а 99,9% тоа име ќе биде Sportfive Arena.

Инаку, Alitalia, Betclic и Banco Popolare се поголеми спонзори на Јувентус од Sony Ecicsson.

Иако се најавуваше дека Трезеге ќе го почне натпреварот против Баерн, последните шпекулации јавуваат дека Чиро сепак ќе стартува со Јакинта-Амаури, а Диего позади нив. Диего не чувствувал никаква болка на десниот бут, и најверојатно ќе настапи од почеток на вечерашниот натпревар. линк

Џентлменски потег на Румениге и на Баерн Минхен беше потегот кога дознаа дека Јуве е во напредна фаза во преговори со Диего, и џентлменски се повлекоа. Тогаш Жан Клод Блан јавно му се заблагодари на Румениге и Баерн за тој потег, а Румениге и во денешното интервју на новинарското прашање го повтори тој потег. линк

Румениге изјави дека односите меѓу Јуве и Баерн отсекогаш биле пријателски. Изјави дека овој натпревар ќе го одлучат грешките, бидејќи и Јуве и Баерн имале квалитетни играчи и ќе има огромна борба на теренот.

Браво за Румениге.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.938
Поени од реакции
8.837
клип од новиот стадион на Јуве(можеби веќе го имате гледано)


колку ќе му биде капацитетот??? доста е сличен по форма со оној на Рома еве како за споредба


најважно е што клубовите започнаа да мислат на нови стадиони во Италија и тоа без атлетски патеки, значи нема да има други спортски настани на истите освен фудбал, еве вашиот ќе биде прв од ерата на нови стадиони во Италија, се надевам потоа ќе следи Рома со нов стадион
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Реал - Марсеj :icon_lol:
Не е во ред нешто со овие од Канал 5, како и да е, ќе повторам очекувам триумф вечерва, а и нема што друго имаме подобар тим од нив, кои што имаат само една предност вечерва а тоа е што играат на домашен терен, за Диего сум 90% сигурен дека ќе започне од 1 мин, а во нападот и покрај лошата форма на Амаури, сакам тој со Јакинта да започнат сепак функсионираат подобро и повеќе се движат од Трезеге кој што е многу статичен и не е многу корисен за тимот како што се овие двајцата.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Денешниот меч ќе биде тврд иако Баерн не е најсјаен но Јувентус е посебен предизвик така да ќе бидат доста мотивирано со нас...очекувам добар дуел,посакувам три бода иако мислам дека и бод би ни био доволно :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom