Честита нека ни е победата дечки. Нека ни се множат. Одлична игра на целиот тим. Особено ќе ги пофалам Џиџи, Григера, Маркисио, Каморанези и Јакинта. Секоја чест на прикажаната игра. Џиџи стандард, веќе се сомневам дали е човек воопшто. Неверојатни интервенции, по којзнае кој пат. Григера исто така пријатно ме изненади. Ијако сите одбранбени играчи беа добри, Зденек највеќе ме импресионираше, особено во првото полувреме. Маркисио секоја чест, даде одличен гол, еден од поубавите што ги имаме дадено сезонава. Каморанези беше перфектен. Камо среќа вака да играше на сите натпревари...
Добри замени и од страна на Чиро, само мислам дека не требаше Де Чеље да го стави место Себа, туку место Гросо. Гросо навистина изгледаше уморен, а Џовинко мислам дека да останеше, ќе придонесеше во играта на тимот... Меѓутоа не е важно тоа, важно е што победивме, и продолжуваме со одличниот старт. Следна утакмица ни е во четврток со Џенова на гости, доста тежок натпревар, но одиме на победа.