Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Честито победата!
Не го гледав натпреварот во целост, првиот дел го гледав по малце, и морам да ги испофалам Буфон, Маркизио и Каморанези(по подолго време), се на се задоволен сум од резултатот и од прикажаното(од тоа што видов), со Џовинко не знам што правиме, да пробаме и на теретана да го однесеме ако и тоа не успее ништо од него!:tv:
.... онда кај Арсен на тест :vozbud:
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Незнам дали приметивте али трибината каде што се Други на почетокот од мечот беше празна, дури потоа дојдоа обично се први на стадионот сега незнам што беше проблемот, кога не се тие нема никаква атмосфера на стадионот, дефинитивно тие се најгласните на стадионот од сите останати навивачки групи.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.251
Поени од реакции
8.168
Ајде и од мене нека ни е честито победата и серијава победи до крајот на сезоната да не ни заврши. Момците одиграа колку што е потребно за да се совлада противник од рангот на Ливорно. Потоа работата ја завршија рутинирано и мој впечаток е дека не се форсираа.
 
С

сашенко

Гостин
Добро е 4 од 4 е ова се очекува од Јувентус се надевам и ке си го поминат рекордот од 8 од 8 тоа би било WOW ама ке видиме.Се надевам Амаури конечно ке постигне гол.Му ја зголемиа платата треба да се потруди повеке.ИНа4е о4екував повеке голови в4ера ама добро е и вака за против ливорно.ПРотив поголемите клубови не смееме да пропустиме такви шанси како на овој меч.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Честита нека ни е победата дечки. Нека ни се множат. Одлична игра на целиот тим. Особено ќе ги пофалам Џиџи, Григера, Маркисио, Каморанези и Јакинта. Секоја чест на прикажаната игра. Џиџи стандард, веќе се сомневам дали е човек воопшто. Неверојатни интервенции, по којзнае кој пат. Григера исто така пријатно ме изненади. Ијако сите одбранбени играчи беа добри, Зденек највеќе ме импресионираше, особено во првото полувреме. Маркисио секоја чест, даде одличен гол, еден од поубавите што ги имаме дадено сезонава. Каморанези беше перфектен. Камо среќа вака да играше на сите натпревари...

Добри замени и од страна на Чиро, само мислам дека не требаше Де Чеље да го стави место Себа, туку место Гросо. Гросо навистина изгледаше уморен, а Џовинко мислам дека да останеше, ќе придонесеше во играта на тимот... Меѓутоа не е важно тоа, важно е што победивме, и продолжуваме со одличниот старт. Следна утакмица ни е во четврток со Џенова на гости, доста тежок натпревар, но одиме на победа.
 

DangerouzZ

Bianconero Till I Die !
Член од
24 август 2009
Мислења
366
Поени од реакции
21
Aj 4estito i od mene za pobedava , ga gledav utakmicava i nemam shto da dodadem so ogled deka sve e kazhano pogore , stvarno i ja sum iznenaden od Giovinco nekako ne se zalaga mnogu u igrava ama se nadevam deka mu e period i kje mu projde , ina4e odbranava vchera mi delueshe nekako slabo , premnogu puknatini u zadniov red i u nekolku navrati morashe GranDe Buffon da spasue 100% shanse ali toa e toa vazhno gi zedovmo 3te boda i idemo dalje so odli4niot start sezonava !

Grande Juve ! :vozbud:
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.556
Честито нека ни е победата.Не можам да коментирам за играта бидејќи не ја гледав.:smir:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.335
Поени од реакции
6.016
Диего најверојатно ќе му биде на располагање на Чиро Ферара за мечот против Џенова во Четврток .

Добри замени и од страна на Чиро, само мислам дека не требаше Де Чеље да го стави место Себа, туку место Гросо. Гросо навистина изгледаше уморен, а Џовинко мислам дека да останеше, ќе придонесеше во играта на тимот... Меѓутоа не е важно тоа, важно е што победивме, и продолжуваме со одличниот старт. Следна утакмица ни е во четврток со Џенова на гости, доста тежок натпревар, но одиме на победа.
Јас мислам дека и таа замена му беше добра на Чиро, бидејќи после постигнувањето на вториот гол, со влегувањето на Де Чеље на местото на Џовинко, близу 60та минута формацијата на Јуве беше трансформирана во класична 4-4-2, а Де Чеље е подобар во одбраната од Џовинко, и токму поради тоа влезе на неговото место, и поради податокот дека освен Мароне и Де Чеље, Чиро немаше друг класичен среден играч на клупата.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Јас мислам дека и таа замена му беше добра на Чиро, бидејќи после постигнувањето на вториот гол, со влегувањето на Де Чеље на местото на Џовинко, близу 60та минута формацијата на Јуве беше трансформирана во класична 4-4-2, а Де Чеље е подобар во одбраната од Џовинко, и токму поради тоа влезе на неговото место, и поради податокот дека освен Мароне и Де Чеље, Чиро немаше друг класичен среден играч на клупата.
Немаше потреба да го вади Џовинко, продолживме со 4-3-1-2 и одкако влезе Де Чеље. Каморанези го завзеде местото на Себа, Маркисио отиде десно во средината, на местото на Камо, а Де Чеље на местото на Маркисио. После, Мароне влезе место Камо... Во секој случај, мислам дека требаше до крај да го остави Џовинко, кој не прикажа многу добра игра.. да го оставеше до крај, можеби ќе му тргнеше.. Истото важи и за Трезеге, требаше и Давид цела утакмица да ја одигра.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.355
Поени од реакции
2.248
Честитки и од мене за победа, супер изиграа нашиве. Се согласувам со сите вас што пишавте за играчите, кога влезе Де Чеље мислам дека Каморанези играше на местото на Џовинко, Маркизо се пресели десно, а Де Чеље отиде лево, мислам дека така беше не сум сигурен. Како и да е одлична партија на Каморанези, камо се така да игра лом ке прави, али го мрзи понекогаш :) МРЗЛАК.
Инаку супер супер изигравме Џиџи почна и да дрибла веќе и тој сака да направи нешто ХАХА, многу се смеавме кога гледавме кога моткаше Џиџи. Инаку фантастични интервенции, а и ова младото Мароне убаво играше го пратев имаше некои продори, дуели изнудуваше фаули. Добро е. Трезеге имаше интересни шанси кои требаше баре една да реализире али немаше среќа. Легротаље исто така изигра супер и Поулсен не го забележуваше коментаторот ама си ја заврши својата работа.

А следниот меч зошто во Четврток, како иде програмата?
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.185
Поени од реакции
3.516
Немаше потреба да го вади Џовинко, продолживме со 4-3-1-2 и одкако влезе Де Чеље. Каморанези го завзеде местото на Себа, Маркисио отиде десно во средината, на местото на Камо, а Де Чеље на местото на Маркисио. После, Мароне влезе место Камо... Во секој случај, мислам дека требаше до крај да го остави Џовинко, кој не прикажа многу добра игра.. да го оставеше до крај, можеби ќе му тргнеше.. Истото важи и за Трезеге, требаше и Давид цела утакмица да ја одигра.
Токму ради ова го извади,да играше добро немаше да го смени со Де Чеље и не може да го чека цела утакмица да го игра,мора да се гледа на цел тим,Камора беше плејот а не Џовинко,он како да нема самодоверба и се плаши да влезе у дуел и да повлече акција,добра измена беше тоа

него Поулсен добро изигра,а Легро ме разочара,ради него паднаа шансите
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.335
Поени од реакции
6.016
него Поулсен добро изигра,а Легро ме разочара,ради него паднаа шансите
Toкму така. Легро мислам дека не беше на висината на задачата. Секогаш беше побавен од Тавано и Лукарели, и реагираше задоцнето, и среќа што тоа не се одрази на резултатот. На двете маестрални одбрани на Џиџи, му претходеа грешки и задоцнети реакции на Легро .И со сиот памет на крајот го изјавува следново:
“Usually our opponents don’t get to our goal so often”
А не се прашува која е причината зошто е тоа така. Нека го гледа својот настап на овој натпревар, и можеби ќе го увиди тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom