Од натпреварот барем јас, сватив дека Молинаро не треба да биде играч на Јуве и дека Јуве треба да се ослободи од него во првата шанса што ке им се укаже.
Дека Тиаго е препороден под Ферара и дека после Сисоко и Мело, тој треба да биде прв што ке влета од клупа.
Дека Трезеге, иако сум голем фан негов, треба да седи на клупа. Моментално е 4ти напаѓач во Јуве.
Дека Амаури треба да игра прв тим.
Дека Јакитна е најдобро да се искористи како џокер.
Дека многу ни фали Сисоко
Дека фали и Диего.
Се согласувам со тебе..Молинаро играше брилијантно во вториот дел на минатата сезона, и се надевав дека ќе продолжи во исто темпо..Но на овај натпревар беше тотално индиспониран, тотално неконцентриран..Се надевам дека нема да покажува вакви игри повеќе..
За Тиаго и тоа како си во право, секоја чест на играчот, сепак на крај докажа дека е вреден фудбалер и ќе биде од огромно значење во тимот нареднава сезона..Полека но сигурно под водство на Чиро ќе си ја врати формата која ја имаше во Лион..
И за Трезеге се сложувам..Доби стартно место и против Астон Вила, и сега против Виљареал, но сега неможе да го обвинува Раниери дека не го става, ниту да обвинува некој друг дека не е во форма..Реално според распоредот на силите на терен, се сложувам со твојата констатација дека моментно Трезеге според формата е 4ти напаѓач во Јувентус..Едноставно, немаше ниту еден добар потег, изгледаше тотално незаинтересирано, отсечено во нападот заедно со Пинтуричио..
Амаури, моментно е најдобриот напаѓач во Јуве..Кога влезе во второто полувреме заедно со Јакинта одма се почувствува подруг Јувентус, поагресивен во нападот, и покреативен..
Дел Пиеро, слаб натпревар, тотално отсечени со Трезеге во нападот во првото полувреме..
Фали Сисоко, и тоа како, негова специјалност е сечењето топки на центарот на теренот, и е од голема корист на одбраната, и се надевам дека што е можно побрзо ќе се врати 100% фит од повредата која ја заработи против Торино!
Џовинко исто така не блескаше овој натпревар..Повеќе се трудеше да биде атрактивен, да дрибла, отколку да гледа да му помогне на нападот во креирање на сериозна шанса..
Касерас, се гледа дека има огромен потенцијал детето, и се надевам дека правилно ќе го искористи пред се Чиро Ферара, а гарантирано е дека му претстои светла иднина во црнобелиот дрес..
Чиро го смета овој пораз од една страна како добар за Јувентус, и е сигурен дека овој пораз ќе ги направи Јуве уште посилни..
линк
"It is sometimes good to suffer a heavy blow at this time of the year. We suffered a heavy defeat because we did not play well and we did not show our capabilities against a good team. In my opinion this blow will do us good. We worked hard yesterday and are preparing for the start of the season. We accept the defeat and must get back to work to continue where we left off".
Според
Тутоспорт Јуве и наредното лето ќе има 50 милиони за трошење, а тоа е резултат на доста профитабилното работење изминатава сезона..Јувентус е еден од малкуте гигантски тимови кои трансфер периодов го заврши со позитивно салдо..Се спомнуваат имињата на Рибери, Мексес, Пандев, Касано...
A исто така
Тутоспорт јавува дека нареднава недела е одлучувачка за тоа каде Поулсен и Алмирон ќе ја продолжат својата кариера..За Алмирон биле заинтересирани Бари, Болоња и Ливорно, а за Данецот Ливерпул, Барса и Фиорентина...
Наредниот натпревар на Јуве е против Примавера тимот, на 11 Август во 17 часот...