Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.730
Поени од реакции
9.716
Ебуе е глупав трча игра без мозок:tapp: А за Келини може да игра лево оти да не имаме дваца супер дефанзивци за во средината Легро и Мелберг:toe:
Киелини си е зациментиран на централната бековска позиција, и мора да се признае повеќе му лежи. Сакал ти или не, Киелини ќе игра и наредна сезона централен. Сум го глеал и лево, ја нема таа брзина и тој центаршут што му треба на еден лев бек. Доколку би купувале лев бек, јас би одел за некој низок, брз и опасен играч, пример некој како Лам, Клиши.. али скапо ќе не коштале овие, така да, и Дренте добро би дошол...

А околу Ебуе, не знам шо да ти кажам... Од кај заклучи дека нема памет...? Баш си е супер човекот, би му лежела Серија А и те како... Али, си имаш свое мислење, не можам да мењаам нишо ја...
 
G

grande-juve

Гостин
Буфон: Ги заработив титулите од Калчополи скандалот

Џиџи Буфон открива дека ги одбил понудите на Рома и Барселона за да се пресели во Торино и додава дека ’сите знаат’ дека Јуве ги заслужува титулите од Калчополи скандалот

Голманот остана во клубот во периодот кога тие беа преселени во Серија Б и им беа одземени две Скудета по Калчополи скандалот.

“Освоив две Скудета со Фабио Капело и Јувентус, кои ни беа одземени на суд, но тоа ниште не менува доколку некој мене ме запраша.” – рече Буфон.

“Знам што сум направил, што сум освоил и што сум заслужил во животот. Имам свои верувања и никој нема да ми ги одзмене, без разлика каков ќе биде исходот на новиот судски процес.”

“Секој од нас знае што што сме заслужиме на теренот.”

Во мај ќе започне ново судење за скандалот и поранешниот генерален директор Лучијано Моџи повторно во центарот на вниманието.

“Сите во Италија знаат дека ги заслуживме овие титули. Можеби сме имале мала помош, како и секогаш кога се во прашање вакви работи, но ги заслуживме.”

Лесно можеше да се случи, Буфон да се пресели во Милан пред Јувентус да биде испратен во Серија Б.

“Интерперсоналните односи повеќе не беа идеални како во минатото, бидејќи лушето сакаа да го искористат мојот приватен живот за да фрлат дамка врз мојот професионализам. Тоа беше периодот кога започнав да се гледам со Алена (Середова, сега мајка на неговиот син).”

“Но доколку го напуштев Јуве во тој период ќе имав голем товар на мојот грб. На крајот од денот со цел да играш добро и да бидеш среќен со другите потребно е да имате чиста свест за да можете да се фокусирате на фудбалот.”

“Кога Алесио Секо дојде како директор ми кажа дека Милан и Арсенал сакаат да ме ангажираат, но на Јуве му дадов дополнителна самодоверба која многу им недостасуваше по скандалот.”

Тоа не беше првиот пат Буфон да одние понуда од голем клуб, бидејќи кога стана најскапиот голман во 2001 во трансфер вреден околу 30 милиони фунти, тој имаше неколку понуди.

“Од секогаш сум бил горд на фактот дека го поставив рекордот и после толку години може да се забележи дека таа сума и не е толку нереална.”

“Во тој период бев во Парма и требаше да бирам помеѓу Рома, Барса и Јуве. Првенствено моето добро пријателство со Тоти, ме натера Римската Волчица да биде фаворит, место каде што дојде Капело и изгледаше дека ќе креира победничка ера.”

“Мојот агент и татко разговараше со Сенси, но економската причина ги натера преговите да се врата чекор поназад и да се сконцентрираат кон Пелицоли.”

“Исто така бев и во напредни преговори со Барселона, но во периодот кога мојот агент беше во Шпанија да го комплетира договорот, ми се јави Моџи и ми кажа дека фамилијата Ањели го покажала нивниот интерес.”

“Навистина сакав да го освојам Скудетото и мојот татко ми кажа дека Јуве нема трофеј пет години, па наскоро ќе се случи тоа. На крајот го следев неговиот совет и тоа беше одличен избор.”
 
Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Киелини си е зациментиран на централната бековска позиција, и мора да се признае повеќе му лежи. Сакал ти или не, Киелини ќе игра и наредна сезона централен. Сум го глеал и лево, ја нема таа брзина и тој центаршут што му треба на еден лев бек. Доколку би купувале лев бек, јас би одел за некој низок, брз и опасен играч, пример некој како Лам, Клиши.. али скапо ќе не коштале овие, така да, и Дренте добро би дошол...

А околу Ебуе, не знам шо да ти кажам... Од кај заклучи дека нема памет...? Баш си е супер човекот, би му лежела Серија А и те како... Али, си имаш свое мислење, не можам да мењаам нишо ја...
Зa десен бек би го сакал Нелсон од Бетис некни го гледав кога играа со Реал типот е :zver:сам трчаше од та до таа страна по 4-5 души дриблаше ваков бек мислам дека ни треба:vozbud::vozbud::vozbud: Околу Ебуе незнам што да кажам повеке тоа се кажав, некни два жолти доби за безвезе:tapp::kesa:
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.730
Поени од реакции
9.716
Зa десен бек би го сакал Нелсон од Бетис некни го гледав кога играа со Реал типот е :zver:сам трчаше од та до таа страна по 4-5 души дриблаше ваков бек мислам дека ни треба:vozbud::vozbud::vozbud: Околу Ебуе незнам што да кажам повеке тоа се кажав, некни два жолти доби за безвезе:tapp::kesa:
И Сисоко доби 2 жолти со Палермо на првата утакмица, и шо значи, дека е камен, дека нема мозок? Се дешава на секој фудбалер...
 
Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
И Сисоко доби 2 жолти со Палермо на првата утакмица, и шо значи, дека е камен, дека нема мозок? Се дешава на секој фудбалер...
ОК е се кажавме и двајцата што мислиме....ОПАААА ОВА МИСЛАМ НИ ТРЕБА само не сака да дојде:tapp: а ова може да го лапнеме кога и така веќе никој не го сака:vozbud::vozbud:за десен само Нелсон од Бетис:vozbud:
 
Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Киелини неможе да игра лево ... премногу е крупен ... можеби звучи глупо, но јас за добри пари би го продал Киелини
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
криво ми е што не го земавме Марко Мота,мислам дека игра десен бек,добар играч,како дозволивме Рома да ни го земе,против Арсенал играл одлично
 
Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Киелини неможе да игра лево ... премногу е крупен ... можеби звучи глупо, но јас за добри пари би го продал Киелини
ццц еден од најдобрите дефанзивци во светото ќе го продава:tapp::tapp::tapp:
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.337
Поени од реакции
2.224
Десен бек? Па имаме десен бек, тука е Григера и кој може и Мелберг да игра. Кога сме кај бековите на нас ни фали ЛЕВ бек, а за десен бек многу ме бендиса овој од Лацио Лихштајнер, човекот има многу добар центаршут, и е добар во одбрана ке видиме со Лацио како ке изигра, мислам да го земиме овој многу подобро ке ја зацврстиме левата бековска позиција.
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
најголема победа против Наполи ни е 4-1 во 1974 година со два гола на Фабио Капело,тооооп:)
 
Д

Демијан

Гостин
Десен бек? Па имаме десен бек, тука е Григера и кој може и Мелберг да игра. Кога сме кај бековите на нас ни фали ЛЕВ бек, а за десен бек многу ме бендиса овој од Лацио Лихштајнер, човекот има многу добар центаршут, и е добар во одбрана ке видиме со Лацио како ке изигра, мислам да го земиме овој многу подобро ке ја зацврстиме левата бековска позиција.
Па и Милонаро беше добар во Сиена ама неговиот профил не одговара за да игра во тим како што е Јуве.Исто е и со Лихштајнер.Неможе тој да игра во Јуве.Најдоброто мислам дека би бил Гросо,типот е ѕвер!Каков продор,шут-центаршут има заслужува да игра во Јуве.Десен бек сепак мислам дека Закардо е најдобра опција со оглед на тоа дека може да се земе за мали пари.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
723
Поени од реакции
24

Ni Grosso ni Zaccardo, aj malku kse se slozam za Grosso no kaj go izbra drvoto Zaccardo. Na Juventus i treba igraci kako Evra i Lahm, no toa nema nikogas da se sluci, pa bi bilo dobro dokolku Bale od Tottenham se angazira. Toj e super igrac i bi mu odgovaral igrata na Juve. No sigurno tamu (vo levata bekovska pozicija) od idnata sezona ke igra Domenico Criscito. Super i pameten poteg od strana na Juventus ke bide vrakanjeto na Mimmo.
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Тимче,беков ти е од Бенфика,не од Бетис,на вториот клип си стаил од Бенфика
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom