Буфон: Ги заработив титулите од Калчополи скандалот
Џиџи Буфон открива дека ги одбил понудите на Рома и Барселона за да се пресели во Торино и додава дека
’сите знаат’ дека Јуве ги заслужува титулите од Калчополи скандалот
Голманот остана во клубот во периодот кога тие беа преселени во Серија Б и им беа одземени две Скудета по Калчополи скандалот.
“Освоив две Скудета со Фабио Капело и Јувентус, кои ни беа одземени на суд, но тоа ниште не менува доколку некој мене ме запраша.” – рече Буфон.
“Знам што сум направил, што сум освоил и што сум заслужил во животот. Имам свои верувања и никој нема да ми ги одзмене, без разлика каков ќе биде исходот на новиот судски процес.”
“Секој од нас знае што што сме заслужиме на теренот.”
Во мај ќе започне ново судење за скандалот и поранешниот генерален директор Лучијано Моџи повторно во центарот на вниманието.
“Сите во Италија знаат дека ги заслуживме овие титули. Можеби сме имале мала помош, како и секогаш кога се во прашање вакви работи, но ги заслуживме.”
Лесно можеше да се случи, Буфон да се пресели во Милан пред Јувентус да биде испратен во Серија Б.
“Интерперсоналните односи повеќе не беа идеални како во минатото, бидејќи лушето сакаа да го искористат мојот приватен живот за да фрлат дамка врз мојот професионализам. Тоа беше периодот кога започнав да се гледам со Алена (Середова, сега мајка на неговиот син).”
“Но доколку го напуштев Јуве во тој период ќе имав голем товар на мојот грб. На крајот од денот со цел да играш добро и да бидеш среќен со другите потребно е да имате чиста свест за да можете да се фокусирате на фудбалот.”
“Кога Алесио Секо дојде како директор ми кажа дека Милан и Арсенал сакаат да ме ангажираат, но на Јуве му дадов дополнителна самодоверба која многу им недостасуваше по скандалот.”
Тоа не беше првиот пат Буфон да одние понуда од голем клуб, бидејќи кога стана најскапиот голман во 2001 во трансфер вреден околу 30 милиони фунти, тој имаше неколку понуди.
“Од секогаш сум бил горд на фактот дека го поставив рекордот и после толку години може да се забележи дека таа сума и не е толку нереална.”
“Во тој период бев во Парма и требаше да бирам помеѓу Рома, Барса и Јуве. Првенствено моето добро пријателство со Тоти, ме натера Римската Волчица да биде фаворит, место каде што дојде Капело и изгледаше дека ќе креира победничка ера.”
“Мојот агент и татко разговараше со Сенси, но економската причина ги натера преговите да се врата чекор поназад и да се сконцентрираат кон Пелицоли.”
“Исто така бев и во напредни преговори со Барселона, но во периодот кога мојот агент беше во Шпанија да го комплетира договорот, ми се јави Моџи и ми кажа дека фамилијата Ањели го покажала нивниот интерес.”
“Навистина сакав да го освојам Скудетото и мојот татко ми кажа дека Јуве нема трофеј пет години, па наскоро ќе се случи тоа. На крајот го следев неговиот совет и тоа беше одличен избор.”