Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.093
Поени од реакции
5.738
Португалецот прикажува разочарувачки игри во дресот на Јувентус уште од неговиот трансфер во Италија во 2007. Тиаго добиваше многу мала шанса за настап од Раниери поради слабите перформанси и посакуваше да го напути клубот и ова лето.
Играчот од средниот ред сепак остана во Торино и на последните два натпревари доби шанса од првата минута пред се поради повредите на некои играчи.
Тиаго покажа солидно издание но најверојатно повторно ќе се врати на клупата за резерви кога сите играчи ќе се опорават.
Но играчот предупредува дека ќе побара заминувањ од Торино доколку не биде дел од првиот тим на Раниери.
“Јас не играм, фактички играм многу малку и поради ови причини јас размислувам да се вратам во мојата земја.” – рече Тиаго.
“Доколку работите не се променат јас ќе започнам да ја барам најдобрата солуција за мене.”
“Португалија е мојата земја и многу е јасно дека би се вратил доколку ми се укаже соодветна шанса.”
“Потребно е неколку клубови да покажат интерес за мене, но јас сум професионалец и доколку се вратам во Португалија, тоа ќе биде само во екипата на Бенфика.”
После неговите солидни игри во последно, мислам дека заслужува да добие барем шанса од 3-4 натпревари да се докаже, зошто стварно очигледно е дека неговата форма последниве два натпревари тргна во нагорна линија, и со добивањето на шанса за игра во следните натпревари мислам дека ќе си ја врати формата и конечно ќе заврши лошиот период на прилагодување на Португалецот..Тоа е во негов, а и во интерес на Јувентус...Бидејќи, гледајќи ги неговите игри во Лион, мислам дека би ни бил од ОГРОМНА корист, и мислам дека заслужува да му се пружи шанса да се докаже, посебно сега кога почнува да влегува во ритам..Башка тоа, Џиљи и Раниери изјавија многу позитивни коментари и пофални зборови за играта што ја покажа Тиаго на последните натпревари, и се надевам дека со севкупна поддршка од тимот пред се, од Раниери, и од Управата, играта на Тиаго ќе ни биде многу добро засилување...Форца Тиаго!!!
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.342
Поени од реакции
2.235

Искрено мое мислење е да не си оди Тиаго од Јуве, со ова игра шо ја покажа на последните натпревари беше МНОГУ мош и најдобар во тимот сите акции почнуаа од него и сите топки сечени од него и земени, мислам дека заслужива во првите единаесет барем и кај Поулсен, нормално дека и двајцата ке добиваат шанси така да нејкам Тиаго да си оди ке дојдат и неговите 5 минути кога ке прави партали.
Со среќа во Среда очекувам во првите единаесет да е Тиаго.
 
THE_PIRAT

Avanti Formica atomica!
Член од
14 февруари 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
79
http://www.goal.com/en/Articolo.aspx?ContenutoId=944950

одлично,легендата Дел Пиеро ќе го продолжи договорот за уште една година,до 2011 година,јупииии:)
Зарем има некое сомневање во тебе дека Дел Пиеро ке го напушти некогаш Јувентус?
Повиканите за дуелот...Григера и Занети сеуште со проблеми додека Маркизо е опоравен...
3 Chiellini
4 Mellberg
8 Amauri
9 Iaquinta
10 Del Piero
11 Nedved
12 Chimenti
13 Manninger
16 Camoranesi
19 Marchisio
20 Giovinco
22 Sissoko
28 Molinaro
29 De Ceglie
30 Tiago
31 Nocchi
32 Marchionni
33 Legrottaglie
36 Castiglia
40 Rossi
41 Ariaudo
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.342
Поени од реакции
2.235
Пак Мелберг ке го гледаме како десен бек, ама му оди оваа позиција ајде да не го урочаме нека си ја заврши задачата добро и поволен резултат за нас!
Сега ова гласи: '' Само да не загубиме ''
 
Член од
12 октомври 2007
Мислења
1.482
Поени од реакции
22
Е да, тоа ќе биде "дефектот" со Реал, десната бековска позиција, но да се надеваме дека Мелберг одлично ќе си ја заврши работата:helou:
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.778
Поени од реакции
3.854
Мое мислење е дека Реал голем дел од нападите ќе ги форсира преку нивната лева страна, каде што најверојатно во одбраната ќе биде Мелберг...Лево крило најверојатно ќе игра Робен што значи Мелберг ќе има многу работа...нека ви текна само на последниот натпревар, кога влезе Робен, Реал како да доби крилја...Не се сомневам дека ке притиснат уште од самиот старт!
 
Член од
22 април 2008
Мислења
549
Поени од реакции
93
Шо се секирате бе луѓе, и да изгубиме од Реал ништо трашно, сигурни сне за во втора фаза, не мора прво место да бркаме, го тепаме Бате дома и завршена работа Зенит шо сака нека прај.
 
THE_PIRAT

Avanti Formica atomica!
Член од
14 февруари 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
79

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.093
Поени од реакции
5.738
Мое мислење е дека Реал голем дел од нападите ќе ги форсира преку нивната лева страна, каде што најверојатно во одбраната ќе биде Мелберг...Лево крило најверојатно ќе игра Робен што значи Мелберг ќе има многу работа...нека ви текна само на последниот натпревар, кога влезе Робен, Реал како да доби крилја...Не се сомневам дека ке притиснат уште од самиот старт!
Робен е добар фудбалер но не е брз, така да мислам дека Мелберг нема да има толку голем проблем со овој играч (доколку навистина го видиме Мелберг да игра на таа позиција)..Мелберг има потешкотија да ги запре оние играчи кои се брзи....
Шо се секирате бе луѓе, и да изгубиме од Реал ништо трашно, сигурни сне за во втора фаза, не мора прво место да бркаме, го тепаме Бате дома и завршена работа Зенит шо сака нека прај.
Абе не е страшно, ама сепак е пораз, и психички делува тоа негативно.. Само да не се затвори од почеток Јувентус, да не игра дефанзивно..Да гледа да ја умртви играта, и да чека од некој прекин да се загрози голот на Касиљас...Зошто, ако почне од почеток да се брани, тоа нема да биде убаво...
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Робен е добар фудбалер но не е брз, така да мислам дека Мелберг нема да има толку голем проблем со овој играч (доколку навистина го видиме Мелберг да игра на таа позиција)..Мелберг има потешкотија да ги запре оние играчи кои се брзи....
Абе не е страшно, ама сепак е пораз, и психички делува тоа негативно.. Само да не се затвори од почеток Јувентус, да не игра дефанзивно..Да гледа да ја умртви играта, и да чека од некој прекин да се загрози голот на Касиљас...Зошто, ако почне од почеток да се брани, тоа нема да биде убаво...
Како не е брз Робен бе? :) Еден од најбрзите им е он... највеќе од него се плашам. Има неверојатна техника, едино слаба страна му е прецизниот шут...
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.093
Поени од реакции
5.738
Како не е брз Робен бе? :) Еден од најбрзите им е он... највеќе од него се плашам. Има неверојатна техника, едино слаба страна му е прецизниот шут...
:)Брз е, ама не е толку брз што би му создал проблем на Олоф.. Плус, и не сум сосема сигурен дека Олоф ќе настапи на таа позиција..Тоа би било подефанзивна опција, и ако игра Мелберг заедно со Легро и Киело во дефанзивната линија, тогаш Раниери би решил повеќе да се брани, зошто Мелберг е бавен, и не може да накрева топки како Григера, но затоа пак дефанзивата ќе ни биде поспремна... Тактиката вероватно ќе му текне на Раниери во Среда сабајле кога ќе стани од спијање...:zver:
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Григера не е повикан, така да, Олоф ќе игра. Григера е подобар десен бек од Мелберг затоа што е добар и напред. Иначе, у дефанзивни работи, не знам дали е подобар... Сум го загледал Мелберг, солиден е назад, али пребавно се врти.. така да не го бива за напаѓање по десната страна. Олоф е во категоријата тромави но одлични во маркирање на крилен играч/напаѓач десни бекови. Со оглед на тоа што не очекувам многу да напаѓаме по десната бековска страна, не ми пречи тоа што Мелберг ќе игра.
 
Точно ... Мелберг е многу слаб во офанзивни задачи следствено на неговата брзина, но во дефанзивата е подобар од Григера..Григера понекогаш се губи во одбрана, многу играчи го „летнуваат“, а Мелберг знае да се загради, знае да го онеспособи противничкиот играч да прими топка, едноставно со неговата масивност ги добива дуелите, нешто што му недостига на Григера...
 
Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Добро бе што е со Зебина , типот има мистериозна "повреда" ( лично мислам дека не се работи за повреда ) веќе 2 години ... никој не кажува ништо за него . Зебина е барем три пати подобар од Григера во офанзива и двапати во дефанзива , еден од најдобрите десни бекови во светот, навистина незнам што се дешава со човеков
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom