Инаку... можно е Амаури да заврши у Милан, а Џилардино да дојде во Јуве. Јувентус најверојатно не ги задоволуваат побарувањата на Амаури околу годишната плата, па затоа може да го избере Милан. Ако ова се случи, ќе бидам презадоволен. Секо по се изгледа е паметен. Палермо многу бараат за Амаури. 15 милиони плус 3 играчи... Од друга страна, Џила ќе блесне во Јуве ако дојде, запамтете ми зборовиве. Од мал е навивач на Јуве, евтино ќе кошта, сведски шампион е од изминатиот мондијал, има искуство во Лига на Шампиони... што друго може да посакаме...
Читам дека наводно и Ујфалуши се договорил со Јувентус да дојде на крајот од сезоната. И ова би било одлично ако се реализира. Одличен играч, за бес пари ќе дојде плус... Ми се свиѓа што земаат добри, искусни слободни играчи (Салихамиџич, Григера, Занети, Мелберг). Освен што не плаќаме за нивните услуги, нема разочарување доколку не се снајдат добро.
Сега ни треба уште одличен лев бек, еден или двајца средишни играчи и од светска класа еден централен бек по можност...