Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
Ajде в година да напрајме 30ка :star:
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3


:je::je::cug::cug::je::je:
:bip::bip::bip::bip::bip::bip:
 

Bale82

Bwagojce
Член од
22 април 2005
Мислења
227
Поени од реакции
4
back 2 bаck догодина пак back

Aj да ни е честита 29та ТИТУЛА...догодина уште порадосни да бидиме а за овие лузерите нека му течат лиги оти уште баѓи време нема да го почуствуват ова слатко задоволство.
Campioni d’Italia! Per sempre ....
:pehar: :pehar: :pehar: :pehar: :pehar: :pehar: :pehar: :pehar:


marketar напиша:
честито титула
Фала фала муце и на твоја глава ама после 20-30 години
 

Офчар

The Bite of The Mamba [81]
Член од
24 април 2005
Мислења
3.717
Поени од реакции
57
нека ви е последна.
 
Член од
15 мај 2006
Мислења
8
Поени од реакции
0
28 I 29 TITULA NA JUVE KE MU SE PREPISAT NA MILAN

Juventus won the Serie A title for the second year running by defeating Reggina 2-0 on the final day of the Italian season - but now they face an anxious wait while it is decided whether or not they can keep theirchampionship.It remains to be seen, however, if Italian football's governing body will allow Juve to retain this and last year's titles, given the ongoing investigation into alleged corruption in Serie A.
TAKA DA NE SE RADUVAJTE PREDVREME:mist:
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Готово е!

Јувентус ја освои титулата во Серија А што за клубот е 29-та во историјата со што останува убедливо најтрофејниот клуб во Италија и воедно е на едно скудето оддалечен од 3-тата ѕвездичка над логото на дресовите.

Деновиве ќе уживам во успехот на мојот омилен клуб и нема да обрнувам внимание на останатите работи кои го опкружуваат фудбалот во Италија. Јас им верувам на Капело, Дел Пиеро, Виеира, Замброта, Канаваро, Турам, Каморанези, Трезеге, Ибра, Недвед, Емерсон, Буфон и останатите шампиони според кои Јувентус чесно и со борба на теренот на секој натпревар го освои ова скудето. Впрочем, целата истрага во Италија се однесува на натпревари од минатата сезона, така што ова скудето останува без ниту една црна дамка. Што се однесува до минатата сезона, ќе оставам судот (и останатите надлежни органи за овој случај) да донесат конечна одлука. Каква и да биде, ќе ја прифатам (било да е ослободителна за Јуве или пак да следува казна за Јувентус).

Иднината изгледа светло за Јуве иако си замина целокупното раководство на клубот кое беше на чело на Јуве изминативе 9 години во кои освоивме 5 титули во Серија А. Што и да се случи, никогаш нема да ја снема мојата љубов и почит кон Јуве поради непромислените, глупавите и алчните потези кои Моџи и компанија ги правеа користејќи ја довербата да го водат Јувентус која им ја даде покојниот Џани Ањели. Знам дека доколку тој сеуште беше на чело на клубот, никогаш немаше да дојде до вакви непријатни ситуации. Неколку луѓе во борба за пари (од милионери сакаа да станат милијардери) го оцрнија името на најтрофејниот клуб во Италија и доколку се вистинити обвинувањата јас сакам да платат за тоа! Факт е дека со одличната трансфер и финансиска политика Моџи и другарите се покажаа како одлични менаџери и беа творци на успесите на Јувентус, но желбата за нивна лична поголема заработка (покрај околу 3.5 милиони евра колку што изнесува платата во бордот на директори) ги уништи а може да го уништи и тимот кој го сакам.

Фамилијата Ањели како сопственик на Фиат, Ферари и Масерати има огромно богатство (милијарди евра) и сигурно е дека Џани и Умберто никогаш не би се согласиле да го вмешаат нивното милениче Јувентус во матни игри само за “ситна“ заработка (во споредба со она богатство кое го поседуваат).

“Диригентската палка“ во Јуве ќе ја превземе Џон Елкан, внук на Џани Ањели (син на неговата сестра) и наследник на целокупното богатство на фамилијата. Од него се очекува да го избере новиот менаџерски тим кој ќе го предводи Јувентус во годините кои доаѓаат. Верувам дека следува уште поблескава иднина за Јуве!

Forza Juventus!!!
 
Член од
6 март 2005
Мислења
772
Поени од реакции
5
Не знаев дека ѕвездичките над логото кажуваат број на титули * 10 :)
Фала Зеко за исцрпниот извештај,
 
Член од
15 мај 2006
Мислења
8
Поени од реакции
0
P.S. DA TE POTSETAM SAMO DEKA I OVA SKUDETO NA JUVE NE E SIGURNA STO ZNACI DEKA I OVAA SEZONA JUVE IGRAL SO 11 IGRACI +1 SUDIJA= TITULA...LESNA MATEMATIKA SAMO GLUPAV NE BI SFATIL
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
А Милан циганите пртив Рома 2 пенала во последно коло и тоа без врска.И таму Неста ракомет заигра а судијава абер да се немало!!!!
Доста мрчите сите против Јувентус-како тие да се единствените во Италија што местат натпревари!
 

JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
Секако дека ги видовте сликите погоре. Тоа значи дека во рачината е пехаорот и нема појќе врајќање од кај Јувентус без разлика на тоа дали краделе или не краделе тоа се е нивно сега. Само муабето сега е "снајди се па живеј":cug:
 

JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
Who's the Champion now


And what's the number again ...
 
Член од
9 мај 2006
Мислења
144
Поени од реакции
0
Za edna godina ke bideme i so TRI zvezdi
30 tituli:je::je::je:
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
КАКОВ МОЖЕ ДА БИДЕ РАСПЛЕТОТ ПО ГОЛЕМИОТ СКАНДАЛ ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ФУДБАЛ

Јувентус во втора или трета лига!?

Големиот скандал во италијанскиот фудбал покрена голем број прашања на Апенинскиот Полуостров. Најчесто поставуваното е каква казна треба да заработи Јувентус. Дали најтрофејниот италијански клуб ќе се извлече само со парична казна, или пак ќе биде суспендиран и ќе мора да се пресели во втората, па дури и третата лига.

Неодамна Џенова беше фатена за лажирање на само еден натпревар од Серија "Б" (против Венеција), за што оваа екипа експресно беше преселена во Ц1 лигата, при што & беа одземени и три бода.

Неофицијалните информации говорат дека против Јувентус ќе бидат покренати дури седум обвиненија, од кои најсериозното е под членот 13 од Законот за Спорт, при што ќе се бара исклучување на Јувентус од Серија "А", и или преселба во Серија "Б" и одземање бодови во следната сезона, или директна преселба во Серија "Ц1".

Губење на скудетата

Дали е возможно Јуве да ги загуби скудетата освоени во последните две сезони? Сигурно постои шанса за таков развој на настаните. Доколку биде утврдено дека Јувентус навистина лажирал натпревари од минатата, и од оваа сезона, преселбата во понизок ранг на натпреварување автоматски ќе значи и губење на освоените титули (бидејќи со тоа Јуве од првото, ќе добие автоматски пласман на последното место на табелата).

Уште не се знае дали ќе се започне истрага за лажирањата на Лучијано Моџи и од претходните сезони, што би можело да покрене уште поголеми контроверзии на "чизмата".

Можна ли е поблага казна?

Иако многумина очекуваат Јуве да мине со "поблага казна", се чини дека тоа не е возможно. Притисокот врз оние кои ќе ја донесат одлуката ќе биде огромен, со цел да се обели образот на италијанскиот фудбал по многуте скандали што излегоа на виделина во последните две недели.

Јувентус ќе се брани на единствениот можен начин - дека не треба да одговара за дејствувањето на своите директори, и дека Моџи и Џираудо сите лажирања ги средиле за да извлечат од тоа сопствена корист.

Членот 6 од законот за спорт остава простор Јувентус да добие и помала казна (само одземање на бодови на стартот на следната сезона), но тоа е само една од четирите можни казни (најстрога од нив е преселбата директно во трета лига).

Што ќе се случи со Фиорентина, Лацио и Милан?

Какви казни ќе заработат останатите екипи вмешани во овој скандал, поради лажирање на натпревари во текот на ланската сезона?

За Фиорентина и Лацио обвиненијата сигурно ќе бидат далеку полесни отколку за Јувентус. "Виолетовите" ќе се бранат дека пред две сезони биле уценувани од Моџи, и дека поради тоа биле принудени и самите да наместат натпревар за да си осигураат опстанок. Затоа, Фиорентина и Лацио ќе минат само со парична казна, и можеби одземање на бодови на стартот од новата сезона. Малку покомпликувана ќе биде ситуацијата со Милан, екипа која беше директно вклучена во борбата за скудетото. Случајот против "росоњерите" ќе го истражува Леонарди Меани, кој важи за најстрог обвинител во Италија и сигурно ќе ги собере сите можни докази против Адриано Галијани. Лошо за Милан е што за разлика од Јуве, "росоњерите" ќе одговараат директно како клуб, и ќе немаат којзнае каква шанса да се одбранат против собраните докази.

Јуве нема да игра и во Лигата на шампионите

Доколку Јувентус биде преселен во понизок ранг на натпреварување, тоа по автоматизам ќе значи и освојување на последното место на табелата. Со тоа, Јуве го губи и пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона.

УЕФА сигурно ќе ги прифати сите одлуки на Италијанската Федерација, и со самото тоа "старата дама" не може да се надева на настап во елитното европско натпреварување. Доколку Јуве не може да настапува во Лигата на шампионите, неговото место ќе му припадне на тимот на Рома, кој заврши на петтото место на табелата.

Што ќе се случи со фудбалерите?

Дали во случај на преселба на Јувентус во втората лига, играчите ќе можат да си заминат. Во случајот на Јуве, фудбалерите во договорите немаат такви клаузули за заминување од Деле Алпи. Сепак, сигурно е дека челниците ќе мораат да продадат дел од своите најдобри фудбалери, за да ги намалат трошоците при играње во непрофитабилни лиги.

Проблем за Јувентус ќе претставува и неодамна воведениот "селари-кап" во втората и третата лига, со кои се огранучуваат буџетите на тимовите кои се натпреваруваат. Неофицијално, може да очекува Јувентус да задржи само три до четири од своите мега-ѕвезди, но останатите фудбалери ќе си заминат од Деле Алпи.
 
Член од
15 мај 2006
Мислења
8
Поени од реакции
0
Ve Molam za 1 minutna tisina vo cest na preselbata na starata kucka vo SERIA B....100% SUM SIGUREN DEKA MILAN E ZRTVA, A NE MESTAC NA NATPREVARI...DOKOLKU MILAN BI MESTEL, RAZLIKATA SO JUVENTUS NE BI BILA VO EDEN DEL NA SEZONATA +12....NEMA LOGIKA BRE, DECA....+ TIE 4 NATPREVARI VO KOI E OSMONICEN MILAN RAZGLEDETE GI I KE VIDITE DEKA MILAN NA SAMO 2 SREDBI POBEDIL, 1 NERESENO I PORAZ....A ZAPRASAJTE SE KOLKU POBEDI IMA JUVE VO TIE 19 NAMESTENI NATPREVARI....BAR 12 POBEDI IMA SIGURNO>>>
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
marketar напиша:
Што ќе се случи со Фиорентина, Лацио и Милан?

Какви казни ќе заработат останатите екипи вмешани во овој скандал, поради лажирање на натпревари во текот на ланската сезона?

За Фиорентина и Лацио обвиненијата сигурно ќе бидат далеку полесни отколку за Јувентус. "Виолетовите" ќе се бранат дека пред две сезони биле уценувани од Моџи, и дека поради тоа биле принудени и самите да наместат натпревар за да си осигураат опстанок. Затоа, Фиорентина и Лацио ќе минат само со парична казна, и можеби одземање на бодови на стартот од новата сезона. Малку покомпликувана ќе биде ситуацијата со Милан, екипа која беше директно вклучена во борбата за скудетото. Случајот против "росоњерите" ќе го истражува Леонарди Меани, кој важи за најстрог обвинител во Италија и сигурно ќе ги собере сите можни докази против Адриано Галијани. Лошо за Милан е што за разлика од Јуве, "росоњерите" ќе одговараат директно како клуб, и ќе немаат којзнае каква шанса да се одбранат против собраните докази.
Статијата нема врска. Жити се од кај ја ископа. Меани е тој кој е обвинет, тој е некој си соработник на Милан, а не е обвинител. Галиани не е ни малку замешан во скандалот, така да незнам шо има Милан врска, па дури како тим ќе одговарал. Милан како прво беше оштетен во натпреварите во кој беше замешан, само на еден победе. Плус едниот разговор од натпреварите кај шо е замешан Милан е од Гираудо, ко шо знам еден од екс директорите на Јуве.

И да не се прајме сега сите овде наивни, многу убо знајме дека фамилијата Ањели е организаторот на овие скандали. Тие немаше да бидат милијардери ако можеше да ги изигра некој толку “мал“ смртник како Моџи. Нека не изиграват многу жртви, многу е јасна работата и не треба да си детектив за да сфатиш шо се случва во Италијанското првенство. Ако можев јас да знам дека Јуве мести натпревари, тогаш сигурно не е тешко обвинителот да знај.


Иако добивам некое лошо чуство, дека старата кучка ќе се извлечи со некој банални парични казни. Сепак останва да се надеваме дека правдата ќе биде задоволена и дека Италијанскиот фудбал ќе го задржи своето достоинство.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom