Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Bale82

Bwagojce
Член од
22 април 2005
Мислења
227
Поени од реакции
4
Sindikat напиша:
Ако видам цврст доказ за такво нешто ќе вервам, ама досега најискрено немам видено намерна изразена помош на судиите за Милан. Ако имаш таков материјал најди некоја статија, кажи кога како бил, да не збораме само на празно.
Бато па незнам со да речам само доволно е тоа шо ако имате нерешен резултат или губите Гатусо му го зема свирчето на судијата и не суди крај дур не дадете гол :)))))))))
Нема врска бе важно е да се дружиме ние само можиме да тресиме глупости а тие си ја знат политиката
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Абе јас едно ќе ви кажам-џабе тука бистрите вие политики кога уствари поима немате што стварно се случува таму,во врвот на фудбалот.На нас,ниту играчи,ниту менаџери,ниту тренери ни останува само да уживаме во фудбалот!!!
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Бушав ние можи да се прајме дека не знајме ништо, ама многу работи се веќе јавна “тајна“. Ете види го клипчето малку ќе те доближи до вистината за титулите на Јуве.
 

Bale82

Bwagojce
Член од
22 април 2005
Мислења
227
Поени од реакции
4
Хммм јас нишо сумливо не видов тука ...:lud: :lud: :lud: а треба да се најди каде има сумливи делови ...
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Bale82 напиша:
Хммм јас нишо сумливо не видов тука ...:lud: :lud: :lud: а треба да се најди каде има сумливи делови ...
Најди слично клипче за кој било друг тим од Италија и тогаш нема шо да прајме муабет. Гледаш на клипчето шо се дешава и не е блага наклонетост на судите или грешки во корист на Јуве.

Немам време да барам клипчиња сега од натпревари на Јуве од ова сезона, кај шо имаше “грешки“ на судите. Кој гледаше знај, да не се навраќам многу назад, сите кој го гледаја натпреварот Јуве - Лацио знат дека на Лацио му беше поништен регуларен гол и истовремено му беше исклучен играч при водство од 1-0. Денес Јуве првиот гол го постигна после чист прекршок во напад, а неколку минути потоа не беше досуден пенал за Палермо при видлив боречки зафат на Ковач. Има уште неколку натпревари оваа сезона ама не се сеќавам баш точно кој за да коментирам, имаше барем 5-6.


П.С. Ако ова не ви е доволен доказ за манипулацијата со судиите од страна на Јуве, можите да прочитате во сите спортски хроники за тужбата која е покрената против Моџи, за неколку скандали со судиите во сезоната 2004. Кај шо има чад има и оган, како велат старите.:star: Па сеа вие како сакате.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Реџина ќе го дочека Јувентус во Бари

Клучниот натпревар од последното коло на Серија "А", меѓу Реџина и Јувентус ќе се одигра в недела на стадионот Сан Никола во Бари. Овој дуел мора да се игра на неутрален терен бидејќи домаќин е Реџина, која заработи суспензија на својот стадион заради нередите на навивачите во 36. коло, кога екипата играше против Месина. Раководството на Серија "А" вчера потврди дека Реџина го избрала стадионот во Бари, каде Јувентус ќе се обиде да стигне до нова титула.

На "Бјанко-нерите", кои во моментов се наоѓаат на чело на табелата во италијанското првенство со три бода предност пред Милан, доволен им е и нерешен резултат од последниот натпревар за да ја заверат 29. шампионска титула во Серија "А".
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Значи не можеја подалеку од Торино да одберат :bip: . Пооддалечен италијански град од Торино од Бари здравје. :icon_lol:

Се сомневам дека Реџина ќе дај 100%, а ќе треба 120% да дај за да го совлада Јуве. За пенис му е на Реџина и да победат и да изгубат исто му е. Ама то е.
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Кога не сте победувале на време сега ќе мора да се надевате на Реџина...

Не сум ѕирнал одамна на форумов ама гледам исто е: Јуве, местење, судии, неправди. Не ми е јасна само една работа: Зашто на пример Берлускони, Морати, Сенси, Дела Вале, Лотито и останатите не ги соберат клипчињава и не го дадат Јувентус на суд?!? Нели Јуве мести утакмици и плаќа судии, ете им ”докази”! Зашто не реагираат? Има три можни одговори: 1. Им одговара Јувентус да победува, 2.Не се нормални (глупаци) и не забележуваат дека Јуве мести 3. Јуве не мести.

Мислам дека третиот одговор е вистинскиот. Сигурен сум дека Морати и Берлускони заедно имаат барем 3 пати поголема моќ од фамилијата Ањели (сега на чело на Јуве, Фиат, Ферари и Масерати е Џон Елкан кој е внук на Џани Ањели).

Зашто не превземаат ништо?!
 
B

BushMan

Гостин
А имат ли Јувентус у Македонија ФАН КЛУБ
 

DACY

DON JUAN
Член од
9 февруари 2006
Мислења
282
Поени од реакции
0
abe..znaete deka ic ne gi saka nikoj ovie navivacive od juventus..epten se kic..zaebani do max!!!
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
zEk0 напиша:
Кога не сте победувале на време сега ќе мора да се надевате на Реџина...

Не сум ѕирнал одамна на форумов ама гледам исто е: Јуве, местење, судии, неправди. Не ми е јасна само една работа: Зашто на пример Берлускони, Морати, Сенси, Дела Вале, Лотито и останатите не ги соберат клипчињава и не го дадат Јувентус на суд?!? Нели Јуве мести утакмици и плаќа судии, ете им ”докази”! Зашто не реагираат? Има три можни одговори: 1. Им одговара Јувентус да победува, 2.Не се нормални (глупаци) и не забележуваат дека Јуве мести 3. Јуве не мести.

Мислам дека третиот одговор е вистинскиот. Сигурен сум дека Морати и Берлускони заедно имаат барем 3 пати поголема моќ од фамилијата Ањели (сега на чело на Јуве, Фиат, Ферари и Масерати е Џон Елкан кој е внук на Џани Ањели).

Зашто не превземаат ништо?!
Не е точно дека не се презема ништо. Покрената е тужба против Моџи, за неколку натпревари на кои тој побарал одредени судии да судат на тие натпревари. Натпреварите се од 2004 година, мислам дека се работи за натпревари од европските купови. Информацијата ја слушнав од коментаторот на Телма на натпреварот Јуве - Палермо од претходното коло. Ако гледаше сигурно слушна, а ако те интересира гуглај и согледај ја реалноста. Јувентус манипулира со судиите, то е факт. Мислам дека доволно “грешки“ на судиите имаше и ова година, пенали, голој од офсајд, по некој поништен гол на противникот, се на се доволно да се истурка Јуве до титула. А клипчето го имаш видено и знајш дека не се судиски грешки. Не ми е јасно кој го убедваш дека Јуве не манипулира со судиите, најверојатно себеси се обидваш да се убедиш. Ете ти, најди за кој било друг тим од Италија нешто слично и нема шо да прајме муабет. Не е коинциденција и сам знајш, престани да си се убедваш себеси и согледај ја вистинската страна на 28-те титули на Јуве.


П.С. Точно е дека на Милан никој не му е крив ова година, со Лече да тепаја ќе беа шампиони. Муабетот ми е шо Јуве доби барем на 5-6 натпревари помош од судиите, а Милан барем на 3 за кој јас знам беше оштетен. Првиот е катастрофалното судење на Доминико Месина на дербито со Интер, пеналот за Интер за водство и уште илјада непостоечки слободни удари во корист на Интер по кој го постигнаја вторио гол. Вториот беше гостувањето во Фиорентина, каде при негатива од 2-1 Милан постигна регуларен гол кој беше поништен за непостоечки фал во напад и подоцна не беше досуден чист пенал за Милан кога Броки одбрани со рака од самата гол линија. Третиот кој најмногу беше дискутиран е гостувањето на Деле Алпи каде не беше досуден пенал кој според мене и мнозината неутрални гледачи постоеше. Не коментирам за тоа колку намерни или ненамерни се овие одлуки на судиите (со исклучок на натпреварот со Интер, каде се работеше за смешно и безобразно судење на Месина) едноставно се случија и ќе имаат огромно ако не и пресудно влијание врз конечниот исход во Калчото.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Џираудо приведен на сослушување

zEk0 напиша:
Зашто не превземаат ништо?!
Скандалите поврзани со управата на Јувентус продолжија со веста дека претседателот на бордот на директори Антонио Џираудо е приведен за сослушување под сомнение за финансиска проневера. Обвинителството од Торино потврди дека подолго време воделе истрага над Џираудо во врска со трансферите на Јувентус. За Џираудо судките спорови не се енигма. Тој беше еден од обвинетите и во случајот со допингување на фудбалерите на Јуве, но "се извлече" без казна.

Скандалот со Џираудо се надоврза на оној од минатата недела кога беше објавено дека извршниот директор на "старата дама" Лучијано Моџи се наоѓа под истрага околу неговото влијание врз изборот на судии што ја делеле правдата на дел од средбите кои Јуве ги играше минатата сезона. Притоа како доказ беа доставени снимени телефонски разговори меѓу Моџи и челниците на италијанската судиска организација. Моџи е предмет и на две други истрага. Едната се води во Неапол поради нелегално обложување на фудбалски натпревари, а вториот случај е во Рим каде предмет на истрага е работата на менаџерската компанија на неговиот син Алесандро.

Скандалот со "местењето" на судии од страна на Јуве резултираше со оставка на претседателот на федерацијата Франко Караро пред неколку дена.

Првиот човек на Јувентус, Џон Елкан, не им даде подршка на Моџи и Џираудо околу овие скандали и најави дека е можно триото клучни директори, во кое спаѓа и Роберто Бетега, наскоро да бидат отпуштени. За денеска е најавен состанок на бордот на директори на Јуве околу целата ситуација.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Е за овај скандал праев муабет, само не знаев точно. Ете ти сега потврда. Не јадам лајна јас за џабе. Само шо за тужба да се покрени мора да имаш цврсти доказ како шо се на пример овие телефонските разговори. Не можи само на обичен сомнеж или судиска грешка да се покрене постапка.

П.С. Сфатете дека Јуве се тим кој своите успеси ги стекнува со корумпираност и го расипва фудбалот. Јувентус е тим кој е практично измислен за да го мразат вистинските љубители на фудбалот.
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Да, уште пред 100 години го измислија Јувентус за другите да го мразат :)))))) ама по грешка го засакале најголем број од фановите во Италија :))))

Знам дека не можам да ве убедам во тоа што сакам, пошто и кога судот ќе го исчисти клубот од обвиненијата, тогаш вие ќе речете дека ги платиле судиите :)

Во принцип, тебе ништо не може да те разубеди од твоето мислење а јас ќе се помирам со фактот дека Јуве е нечист тим кога тоа ќе биде докажано (официјално). Милан беше пратен во Серија Б во 80-тите години поради местење натпревари ама по се изгледа тоа не ти пречи на тебе да навиваш ;)
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Сите директори на Јувентус "во аут"

Скандалот во италијанскиот фудбал кулминираше вчера, кога целокупниот борд на директори на Јувентус реши да поднесе оставка.

Ваквиот став на управата на "старата дама" пристигна по откривањето на телефонските разговори што Лучијано Моџи ги водел со претседателот на Судиската Организација во Италија.

"На неофицијална средба Бордот на Директори на Јувентус реши да престане со работа. Сите директори си поднесоа оставка, и закажаа официјална средба на 29 јуни, кога ќе бидат избрани нивните наследници", стоеше во официјалното соопштение на најтрофејниот италијански клуб.

Ваквата одлука на бордот на директори значи и крај на владеењето со Јуве на "тријадата" Моџи (генерален менаџер), Бетега (претседател) и Џираудо (администратор).

Информации за смената на целокупното раководство на Јувентус струеја во италијанската јавност во последните недела дена, но се шпекулираше дека Џираудо ќе остане во функција бидејќи поседува 3.6 проценти од клупските акции.

Сепак, притисокот на јавноста беше преголем, па на крајот Џираудо реши да им се приклучи на Моџи, Бетега и останатите директори на патот надвор од Деле Алпи.

Информациите од Апенинскиот Полуостров говорат дека семејството Ањели предводено од внукот на Џани Ањели, Џон Елкан, целосно ќе ја преземе контролата врз клубот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom