Препорачливо ти е барем 1 лесен, за воопшто да не се замараш по тој предмет. Ако ги запишеш тие 5 предмети, по сите ќе имаш задолжителни активности (домашни или лабораториски). Ама воопшто не сакам мене да ме слушаш, ти најдобро знаеш каков пристап имаш кон факултетот. Јас само ќе ти потенцирам дека Оперативни се смета можеби за најтешкиот предмет (во конкуренција со Бази на податоци), кој истиот има задолжителни лабораториски секоја недела. Од друга страна Софтверско ти е теоретски предмет, со обемен материјал, но лесен за совладување, има задолжителни лабораториски, бара посветеност. Изборните што ги наведе се добри, но јас не би ги комбинирал сите 3 заедно во ист семестар со задолжителните што ти ги опишав на кратко.